Вазопресин (ADH) или аргипресин, —хормон што се излачува од неврохипофизата и влијае врз водениот метаболизам на организмот, при што го инхибира исфрлањето на вода преку урината. Ова дејство на вазопресинот се одвива преку реапсорпција на водата од примарната урина во дисталните бубрежни каналчиња. Недостигот на секреција на ADH во организмот предизвикува воден дијабетес (Diabetes insipidus), додека преголемата секреција на овој хормон предизвикува стеснување на крвните садови, како резултат на што доаѓа до зголемување на крвниот притисок.

Наводи

Категорија:Хормони Категорија:Гени на хромозомот 20 Категорија:Невроендокринологија