Споменик „Македонија“ — споменик кој се наоѓа во Градскиот парк во Струмица. Споменикот бил изграден во чест на загинатиот Претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, кој бил роден во Струмица.

Автор на скулптурата „Македонија“ е рускиот вајар Григориј Потоцки. Истата била изработена во рамките на „Меѓународната струмичка ликовна колонија - 2005“.Извештај: А1 телевизија

Споменикот се состои од ликот на Борис Трајковски и жена која држи крст со венец. Ова уметничко дело според авторот Потоцки ја симболизира љубовта на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски кон својата татковина и христијанството.

Споменикот бил откриен од страна на Претседателот на Собранието на Република Македонија, Љупчо Јордановски и Градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев, на 11 декември 2005 година, по повод Денот на заштитниците на Струмица Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици.

На мермерната плоча на споменикот е испишана познатата изрека на претседателот Б.Трајковски: “Сите заедно споделуваме една единствена судбина наречена Македонија...”

Галерија

Наводи

Македонија Категорија:Борис Трајковски Категорија:Македонски дела од 2005 година Категорија:Градски Парк (Струмица)