Мајоријан (латински: Iulius Valerius MaiorianusНеговото целосно име е дадено само во Carmen IV of Sidonius Apollinaris, сите други документи го упатуваат како Јулиј Мајоријан.) — цар на Западното Римско Царство од 457 до 461 година. Познат и како Јулиј Валериј Мајоријан . Како војсководец постигнал големи успеси против Франките и Алеманите. Мајоријан во 458 година имал голема победа и над Вандалите. Во Галија ги победил Визоготите и склучил мир и сојуз со нив. Ги поминал Пиринеите приклучувајќи се на својата флота во Картагена. Но, кога пропаднале мировните преговори, вандалискиот крал Гејсерих успеал да добие предавник и шпион во римските редови, и поголем број од флотите на Мајоријан пропаднале. По ова, тој бил принуден да склучи договор со Гејсерих. Главниот бунт против тоа примирје го организирал Рицимер во 461 година во Ломбардија, неговиот најголем пријател некогаш. Тој бил принуден да абдицира, а по пет дена патување умрел, најверојатно бил убиен. Наводи

Категорија:Родени во 420 година Категорија:Починати во 461 година Категорија:Римски цареви од 5 век Категорија:Конзули на Римското Царство Категорија:Убиени римски цареви Категорија:Римјани од 5 век Категорија:Христијани од 5 век