мини|десно|230п|Пример за акутна состојба: инфициран враснат нокт кој покажува црвенило и оток, знаци карактеристични за акутно воспаление. Во медицината, акутна е онаа состојба која има нагол почеток, брзи промени, тежок тек или релативно кратко траење. Поимите „акутен“, „акутна“ или „акутно“ се користат за опис на медицински состојби кои ги покажуваат претходно наведените одлики. Примери за ова се акутно воспаление, акутна срцева декомпензација, акутна леукемија и други. Ова се разликува од хронична состојба, која се одликува со долго траење. За некои здравствени работници, акутен процес е оној кој се развива во период од 1 до 3 дена, а хроничниот процес се развива подолго од 2 недели.

Субакутна е онаа состојба која се наоѓа меѓу акутна и хронична, со помалку брз почеток и помалку изразени промени во споредба со акутна состојба, односно претставува процес кој се развива за време подолго од она на акутен процес (1-3 дена), а пократко од она на хроничен процес (2 недели). Исто така, како „субакутен“ се опишува текот на болест или друга абнормална состојба, присутна кај лице кое изгледа клинички здраво. Во овој случај, состојбата може да биде препознаена или откриена преку лабораториски тест или радиолошко испитување.

Поврзано

Хроничност

Наводи

Категорија:Медицински поими