Лав I (; роден во 401 г. – починал на 18 јануари, 474 г.) бил византиски цар од 457 до 474. Потекнува од Дакија Аврелијана близу историската Тракија, познат како Лав Тракиски (грчки: ).
Владеејќи со Источното царство речиси 20 години, Лав докажал дека е способен владетел. Тој предвидел многу амбициозни политички и воени планови, главно насочен кон помагање на проблемите на Западното Римско Царство и враќање на поранешните територии. Тој е познат по тоа што бил првиот цар на Истокот кој донесувал закони на грчки, а не латински.The Inheritance of Rome, Chris Wickham, Penguin Books Ltd. 2009, ISBN 978-0-670-02098-0 (page 90)
Тој се празнува како светец во Православната црква, со празник на 20 јануари.Great Synaxaristes : Ὁ Ἅγιος Λέων Μακέλλης ὁ Μέγας. 20 Ιανουαρίου. ΜΕΓΑΣ ΣΥΝΑΞΑΡΙΣΤΗΣ.Mother of God of the "Life-Giving Spring". Self-Ruled Antiochian Orthodox Christian Archdiocese of North America. Retrieved: 27 October 2012.
Царување
Се родил како Лав Маркел во Тракија или во провинцијата Дакија Аврелијана во 401 година на дако-римјанско семејство. Неговото дакиско потекло е спомнато од Кандид Изаур,Candidus, F.H.G. IV, p.135 додека Јован Малала верува дека тој бил од бесиско потекло.John Malalas, XIV, p.369 Тој служел во римската војска, достигнувајќи до нивото „комес“. Лав бил последниот од низата цареви кои биле на престолот од Аспар, аланин кој служел како водач на војската сметал дека Лав ќе биде лесна марионета за управување. Наместо тоа, Лав станал многу понезависен од Аспар, создавајќи тензија која ќе кулминира со убивање на другиот.
Крунисувањето на Лав како цар на 7 февруари 457,Edward A. Thompson, "Leo I", Encyclopaedia Britannica, Vol. 13 (Encyclopaedia Britannica, Inc., 1973), p. 959. Bibl. J. B. Bury, History of the Later Roman Empire, vol. i, ch. 10 (1923). било прво кое го вклучувало и вселенскиот патријарх.Edward Gibbon, The Decline and Fall of the Roman Empire, Volume I, Chap. XXXVI (Chicago: Encyclopaedia Britannica, Inc., 1952), p. 582. Bibl. Theophanes, p. 95 [ed. Par.; tom. i p. 170, ed. Bonn]. Лав I склучил сојуз со Исавриците и успеал да го елиминира Аспар. Цената на овој сојуз била бракот на Лавовата ќерка со Тарасикодиса, водач на Исавриците, кој како Зенон станал цар во 474. Во 469, Аспар се обидел да го убие ЗенонNorwich, John Julius, 'Byzantium: The Early Centuries', pg 167 и речиси успеал. Конечно, во 471, Аспаровиот син Ардабур бил вмешан во заговор против Лав и двајцата биле убиени покрај палатата од евнуси кои ги исполниле Лавовите наредби.Wace, Henry. Dictionary of Christian Biography and Literature to the End of the Sixth Century A.D., with an Account of the Principal Sects and Heresie
Лав ги преценил неговите способности и направил некои грешки кои биле закана за внатрешниот поредок на империјата. Балканот бил опустошен од Остроготите, по несложувањето меѓу царот и младиот водач Теодорих Велики, кој бил израснат во судот на Лав во Цариград, каде што се запознал со римската влада и воени тактики. Исто така таму имало и рации од Хуните. Сеедно, овие напаѓачи не биле способни да го заземат Цариград благодарение на ѕидините, кои биле повторно изградени и зајакнати за време на владеењето на Теодосиј II и против истите, напаѓачите не поседувале соодветни справи за опсада.
Владеењето на Лав е важно по неговото влијание во Западното Римско Царство, обележано со неговата средба со Антемиј како цар на Западното Римско Царство во 467. Тој се обидел да го воздигне ова политичко достигнување со експедиција против вандалите во 468, која била поразена поради ароганцијата на Лавовиот зет Василиск. Оваа катастрофа ја исцрпила империјата од луѓе и пари. Експедицијата, која чинела 130,000 фунти злато и 700 фунти сребро, се состоела од 1,113 бродови со 100,000 луѓе, но на крајот загубиле 600 бродови. По поразот, вандалите го пустошеле грчкото крајбрежје до моментот кога било склучено примирје меѓу Лав и Гејсерих.
Лав станал многу непопуларен во текот на последните денови како цар поради укинување на сите не-верски прослави или настани во неделите.
Лав умрел од дизентерија на 73 годишна возраст на 18 јануари, 474 година.
Брак и деца Лав и Верина имале три деца. Нивната најстара ќерка Аријадна е родена пред смртта на Маркијан (владеел 450 – 457). Аријадна имала помлада сестра, Леонтија. Леонтија прво била вереница на Патрициј, син на Аспар, но нивната свршувачка веројатно била одложена кога Аспар и еден од неговите синови, Ардабур, биле убиени во 471. Подоцна Леонтија се омажила со Маркијан, син на царот Антемиј и Марција Евфемија. Заедно предводеле неуспешен револт против Зенон во 478–479. Тие биле прогонети во Исаврија по поразот.Prosopography of the Later Roman Empire, vol. 2
Непознат син се родил во 463. Тој умрел пет месеци по пораѓањето. Единствените извори за него се хороскоп од Реториј и хагиографија од Даниел Столпник.
„Грузиската хроника“, збирка цртежи од поранешни извори која датира од тринаесеттиот век, прикажува брак меѓу Вахтанг I и принцезата Елена од Византија, идентификувајќи ја како ќерка на претходник на Зенон."Georgian Chronicle", Chapters 13–14. Translation by Robert Bedrosian (1991) Овој претходник веројатно бил Лав I, така приказната алудира на третата ќерка на Лав. Кирил Туманов препознал две деца од овој брак. Митридат од Иберија и Лав од Иберија. Овој постар Лав бил татко на Гуарам I од Иберија. Точноста на овој извор е неопределена.
Поврзано Животодавен извор Храм на „животодавниот извор“ (Истанбул)
Белешки
Наводи
Профил на Лав во просопографијата на Подоцнежното Римско Царство Стивен Вилијамс, Џерард Фрил, Рим кој не паднал: Преживувањето на Истокот во петтиот век, Routledge Press, 1999, ISBN 0-415-15403-0
Надворешни врски
Лав I Времеплов
Категорија:Родени во 401 година Категорија:Починати во 474 година Категорија:Византиски цареви од 5 век Категорија:Христијански светци од 5 век Категорија:Православни светци Категорија:Династија Лав Категорија:Несигурна година на раѓање