Скочивирска Клисура — клисура во средниот до јужниот дел на Македонија која, со преку 80 км,други извори даваат 104 км. претставува најдолгата клисура во земјата. Почнува од селото Скочивир во југоисточниот дел на котлината Пелагонија и завршува во селото Возарци во Тиквешката Котлина.

Низ клисурата тече реката Црна, каде течението е всечено во кристалести шкрилци (гнајс) и наместа во гранити.

Морфологија

Морфолошки, клисурата може да се подели на три дела:

првиот е потегот меѓу Пелагониската и Мариовската Котлина, каде долината од страните има пад повисок од 900 м; вториот дел ја опфаќа широката висорамнина на Мариовската Котлина третиот дел го опфаќа потегот од утоката на реката Блашица до селото Возарци.

За највпечатлив предел на клисурата важи оној помеѓу утоките на реките Бела и Коњарка, каде се среќаваат мошне интересни образби како огромни лонци, брзаци и слапови високи до 3 м.

Галерија

Поврзано Скочивир Скочивирски манастир Мариово Општина Новаци Тиквешија

Наводи

Надворешни врски

Скочивирска Категорија:Општина Новаци Категорија:Општина Прилеп Категорија:Општина Кавадарци