Железничка станица „Даме Груев“ — железничка станица во Македонија, која се наоѓа во близина на селото Вашарејца. Станицата се наоѓа на трасата на кракот D од паневропскиот коридор 10.

Станицата има еден железнички колосек и се наоѓа во непосредна близина на магистралниот пат Прилеп - Битола. Објектот на станицата е во лоша состојба и е во голема мера разрушен. Низ железничката станица поминуваат регионалните домашни возови на линијата Велес - Битола.

Поради нејзината состојба, во поново време е подигната ново железничко стојалиште кај селото Вашарејца.

Возен ред

Наводи

Надворешни врски

Даме Груев Категорија:Вашарејца