Јаванскиот носорог или сундски носорог () — член на семејството на носорозите и е еден од петте преживеани видови на носорози. Припаѓа на истиот род како и Индискиот носорог и има слична мозаична кожа која наликува на борбен оклоп, но со должина од 3,1-3,2 метри и висина од 1,4-1,7 метри е доста помал од индискиот носорог. По големина е сличен со Црниот носорог. Неговиот рог најчесто е помал од 25 сантиметри, што го прави најкраток меѓу останатите видови на носорози.

Во минатото овој вид бил најраспространетиот азиски носорог, живеел од островите во Индонезија, преку југоисточна Азија, до Индија и Кина. Денес јаванскиот носорог е критично загрозен вид, со само 2 преостанати популации во дивината, и ниту една во заробеништво. Се смета дека е најреткиот голем цицач на планетата. Во националниот парк Уџунг Кулон на островот Јава во Индонезија има најмалку 40-50 единки, и мала популација која во 2007 година била проценета на не повеќе од 8 единки во националниот парк Кат Тиен во Виетнам. Намалувањето на бројноста на јаванските носорози пред сè се должи на ловокрадстовото поради нивниот рог кој е доста ценет во традиционалната кинеска медицина (на црниот пазар достигнува цена од 30 000 долари за килограм). Загубата на природното живеалиште, најмногу поради војни како Виетнамската војна исто така придонело за намалување на популациите. Денешната распространетост е само во два заштитени региони, но сепак овие носорози и понатаму се во опасност од ловокрадство, болести и намалување на генетскиот диверзитет во популациите што води до видова депресија.

Јаванскиот носорог во дивината живее одприлика 30-45 години. Во минатото ги населувал дождовните шуми, влажните пасишта и големите рамни простори околу реките каде често има поплави. Јаванскиот носорог најчесто е самотно животно, освен за време на сезоната на парење и на одгледувањето на младенчињата. Понекогаш се собираат во групи покрај барите. Возрасните носорози немаат природни грабливци освен човекот. Најчесто овие носорози ги избегнуваат луѓето, но се случува да нападнат доколу се почувствуваат загрозени. Научниците ретко ги проучуваат овие животни во нивната природна средина најмногу поради фактот дека се доста ретки и загрозени животни. Јаванскиот носорог е најмалку проучуваниот носорог на светот.

Таксономија Првите истражувања на природонаучниците врз јаванскиот носорог надвор од неговата животна средина биле изведени во 1787 година кога две единки биле застрелани во Јава. Черепите биле испратени кај германскиот природонаучник Петрус Кампер кој умрел во 1789 година, пред да ги објави неговите заклучоци дека јаванскиот носорог е посебен вид. Алфред Дувосел (Alfred Duvaucel) убил носорог од овој вид на островот Суматра и го пратил на неговиот очув Жорж Кивие (Georges Cuvier) кој бил познат француски научник. Кувие го признал ова животно како посебен вид во 1822 година, и истата година Анселм Гаетан Демаре (Anselme Gaëtan Desmarest) му до дал името Rhinoceros sondaicus. Ова е последниот идентификуван носорог. Десмарест најпрво го идентификувал како носорог од Суматра, меѓутоа подоцна утврдил дека станува збор за јавански носорог.

Името на родот Rhinoceros, во кој спаѓа и Индискиот носорог, потекнува од грчките зборови ῥινός (ринос) што значи нос и κέρας (керас) што значи рог. Sondaicus потекнува од Сунда, биогеографски регион во кој спаѓаат островите Суматра, Јава, Борнео и околните помали острови.

Постојат три подвида, од кои се претпоставува дека само два се преживеани : Rhinoceros sondaicus sondaicus, познат и како Индонезиски јавански носорог, кој живеел на Јава и Суматра. Популацијата денес се проценува на 40-50 единки кои живеат во Националниот парк Уџунг Кулон во западниот дел на островот Јава. Според некои истражувачи, јаванскиот носорог од суматра припаѓа на посебен подвид R.s. floweri, но ова никогаш не било прифатено во пошироките научни круговиAsian Rhino Specialist Group (1996). Rhinoceros sondaicus ssp. sondaicus . 2007 IUCN Red List of Threatened Species. IUCN 2007. Пристапено на 13 јануари 2008.. Rhinoceros sondaicus annamiticus, познат како Виетнамски јавански носорог или само Виетнамски носорог, некогаш живеел во Виетнам, Камбоџа, Лаос, Тајланд и Малезија. Annamiticus потекнува од венецот на Анамитски Планини кој се наоѓа во југоисточна Азија и е дел од распространетоста на овој подвид. Денес постои само една популација од помалку од 12 единки која живее во Националниот парк Кат Тиен во Виетнам. Генетските анализи покажуваат дека двата преживеани подвида имале заеднички предок пред помеѓу 300 000 и 2 милиони годиниAsian Rhino Specialist Group (1996). Rhinoceros sondaicus ssp. annamiticus . 2007 IUCN Red List of Threatened Species. IUCN 2007. Пристапено на 13 јануари 2008.. Rhinoceros sondaicus inermis, познат и како Индиски јавански носорог, во минатото бил распространет од Бенгал до Бурма, но се смета дека изумрел во првата деценија на 1900-тите. Inermis значи „без рогови“. Најпрепознатлива одлика на овој подвид биле малите рогови кај мажјаците и отсуството на рогови кај женките. Политичката ситуација во Бурма спречила проценување на видот во оваа земја, но се смета дека неговото преживување е речиси невозможно.

Еволуција

Предците на носорозите се одвоиле од останатите непарнокопитни животни за време на раниот еоцен. Според споредбите на митохондралната ДНК, предците на денешните носорози се одвоиле од предците на Equidae пред околу 50 милиони години. Преживеаното семејство носороси за првпат се појавило во Евроазија во доцниот еоцен, а предците на носорозите се распространиле низ Азија на почетокот на миоценот.

Индискиот и јаванскиот носорог, единствените членови на родот Rhinoceros, во фосилните остатоци за првпат се појавиле во Азија пред околу 1,6-3,3 милиони години. Според молекуларните анализи се проценува дека двата вида се одделиле многу порано, односно пред околу 11,7 милиони години. Се смета дека индискиот и јаванскиот носорог не се многу блиски роднини со останатите видови на носорози. Неколку истраживања поставиле хипотези дека овие два вида се многу поблиски со изумрените Gaindetherium и Punjabitherium. Според деталните истражувања на кладите во Rhinocerotidae, постојат хипотези дека Rhinoceros и изумрениот Punjabitherium се во иста клада со Dicerorhinus (Суматранскиот носорог). Други истражувања пак, укажуваат дека суматранскиот носорог е сепак поблизок со двата африкански видови. Можно е суматранскиот носорог да се одвоил од азиските носорози пред околу 15 милиони години.

Особености thumb|left|Јавански носорог со младенче thumb|left|Скелет на јавански носорог, цртеж објавен во книгата Recherches sur les ossemens fossiles, où l'on rétablit les caractèes de plusieurs animaux dont les révolutions du globe ont détruit les espèces (1822) од Жорж Кувие Јаванскиот носорог е помал од неговиот роднина индискиот носорог, и по големина е доста сличен со црниот носорог. Должината на телото (вклучувајќи ја и главата) на овој вид е 3.1-3.2 метри и достигнува висина од 1.4 до 1.7 метри. Кај возрасните единки има голема варијација во тежината, па забележани се единки со тежина од 900 до 2300 килограми. Сепак поради тоа што спаѓа во критично загрозени видови, истражувања за големината на овие животни никогаш не биле приоритет. Не постои голема разлика во големината помеѓу единки од различен пол, но женките може да бидат малку поголеми. Виетнамските носорози се малку помали од носорозите од Јава. Овие заклучоци се изведени од истражувања направени на фотографски докази и мерења на отисоци од стапалата.

Како и индискиот роднина, и јаванскиот носорог има само еден рог (другите преживеани видови на носорози имаат по два рога). Неговиот рог е најмал од сите останати видови, и најчесто има должина помала од 20 сантиметри. Најдолгиот регистриран рог на јавански носорог е 27 сантиметри. Според набљудувањата овој носорог не го корсти рогот за борби, туку за туркање на калта во барите и правење пат низ бујна вегетација. Слично како и некои други видови на носорози (како црниот, суматранскиот и инискиот), и јаванскиот носорог има долга испакната горна усна која е приспособена за пасење. Долните секачи се долги и остри и често ги користи при борењето со други носорози. Зад секачите има два реда од шест молари кои г користи за џвакање на храната. Како и останатите видови, и јаванскиот носорог има одличен слух и мирис, но многу слаб вид. Се проценува дека живеат околу 30-45 години.

Неговата мазна, сива кожа создава набори на рамениците, на грбот и на бутовите. Кожата има природна мозаична шара што му дава на носорогот изглед како да носи оклоп. Наборите кај вратот се помали кај тие на индискиот носорог, но формираат сличен облик на седло. Бидејќи јаванскиот носорог е загрозен и доста редок вид, проучувањата се засноваат на примероци од фекалии и скриени камери. Многу ретко се директно мерени или набљудувани.

Распространетост и живеалиште Дури и според најоптимистичките проценки се смета дека има помалку од 100 јавански носорози во дивината. Се претпоставува дека овие животни се можеби најзагрозениот вид од сите големи цицачи. Јаванскиот носорог го среќаваме само на две места, Националниот парк Уџунг Кулон кој се наоѓа во западниот дел на Јава и Националниот пар Кат Тиен кој е околу 150 километри северно од Хошимин .

Во минатото ова животно било распространето од Асам и Бенгал (каде нивните региони најверојатно се препокрвале со регионите во кои живееле суматранскиот и индискиот носорог) па источно до Мјанмар, Тајланд, Камбоџа, Лаос, Виетнам и јужно до Малајскиот полуостров и островите Суматра, Јава и најверојатно Борнео . Јаванскиот носорог ги населува густите дождовни шуми, високи треви, речните корита полни со трски или влажни региони каде има многу бари со кал. Иако во минатото овој носорог претпочитал ниски земјишта, подвидот од Виетнам, најверојатно под притисок од човечкото влијание и лов, се повлекол во повисоките региони (до 2000 метри надморска височина) .

Распространетоста на Јаванскиот носорог се намалува во последните 3000 години. Почнувајќи од околу 1000 година пне., северната распространетост на носорогот се проширувала во Кина, но почнал и да се проширува јужно околу 0,5 километри годишно, најмногу поради зголеменото присуство на човекот во регионот. Се смета дека во Индија изумрел за време на првата декада од 20 век. Јаванскиот носорог на Малајскиот полуостров бил ловен до изумирање до 1932 година. До крајот на виетнамската војна, виетнамскиот носорог се верува дека бил изумрен на Азиското копно. Локалните ловци и дрвосечачи во Камбоџа тврделе дека постојат јавански носорози во планината Карван, но обидите да се најде доказ биле неуспешни. Можно е да постоела популација и на островот Борнео, но постои веројатност овие примероци да биле дел од популацијата на Суматрански носорози .

Поведение thumb|right|300px|Уловен јавански носорог во 1934 година Јаванскиот носорог е самотно животно, освен паровите за време на периодот за парење и маките со потомството. Понекогаш се случува да се собираат во мали групи во каливите бари или на местата каде лижат сол. Валкањето во кал е нормално однесување за сите видови носорози, што им овозможува да ја одржуваат пониска температурата на телото и да се заштитат од одредени болести и паразити. Јаванскиот носорог не ги копа сам барите со кал туку најчесто ги користи тие на другите животни или пак оние кои настанале по природен пат. Мажјаците имаат територии кои покриваат од 12 до 20 км2, за разлика од женките, чии територии се далеку помали и имаат површина од 3 до 14 км2. Териториите на мажјаците се препокриваат многу помалку од териториите на женките. Не е познато дали има територијални борби.

Мажјаците ја означуваат нивната територија со купови од измет и обележување со урина. Гребаниците на земјата направени со копитата и свитканите ластарки исто така се смета дека се дел од комуникацијата меѓу единките.