Табаре Виудес (роден на во Монтевидео) — уругвајски фудбалер, играч од средниот ред на Клуб Олимпија.
Неговиот прекар е „El Chaio“.
Кариера Виудес играл за сениорскиот тим на уругвајскиот шампион Дефензор Спортинг една година во сезоната 2007-2008 и постигна 6 гола. Во трансфер периодот во 2008, Табаре Виудез го привлекол вниманието на Милан заедно со Матијас Кардасио. Двајцата играчи потпишале за клубот. Табаре Виудес го зема бројот 20, претходно носен од Јоан Гуркуф.
Виудез направи неколку претсезонски настапи за Милан и импресионираше против Наполи и Манчестер Сити.
Виудез го направи своето официјално деби во Серија А, настапувајќи како замена за Дејвид Бекам во 90-тата минута во победата против Аталанта со 3-0 на 8 март 2009 година.
На 28 август 2009 Милан објави дека го прекинале договорот со Табаре Виудез и неговиот уругвајски соиграч Матијас Кардасио со заемен договор. Поради тоа што во Милан неговите квалитети не бил во целост прифатени, Виудес се врати во екипата во која што ја започнал својата кариера Дефензор Спортинг. Тој ја одиграл целосно сезоната 2009-10 и на 13 натпревари постигнал 2 гола. Тоа не била најдобра сезона за клубот кои завршил на средината на табелата без никакви шанси за титулата пред сè поради финансиските проблеми со кој се соочувале. Затоа во летото 2010 година дел од подобрите играчи биле продадени, а меѓу нив и Виудес кој потпишал со мексиканската Некакса. Дебитирал за Некакса на 25 јули против екипата на Јагуарес, влегувајќи во игра од клупата за резерви во 63-тата минута како замена за Есекиел Ороско.
Репрезентативна кариера Виудес беше дел од Уругвајската младинска репрезентација до 20 години на Светскиот куп У-20 во Канада и беше најмладиот репрезентативец на Уругвај. Во јануари 2009, Виудес се приклучил на Уругвајската репрезентација во Јужно Американскиот Младински Шампионски Куп 2009 (2009 South American Youth Championship) во Венецуела. Тој играше на првиот натпревар во победата од 2-0 против Боливија и направи импресивна асистенција за првиот гол што го постигна Николас Лодеиро. Во вториот меч Виудез постигна гол во првата минута во победата од 3-2 против Чиле.
Наводи
Надворешни врски Табаре Виудес на soccerway
Категорија:Родени во 1989 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Уругвајски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Дефенсор Спортинг Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на Насионал Монтевидео Категорија:Фудбалери на Клуб Америка Категорија:Фудбалери на ФК Некакса Категорија:Фудбалери на ФК Касимпаша Категорија:Фудбалери на ФК Ривер Плејт Категорија:Фудбалери од Примера Дивисион (Мексико)