Формозанскиот облачен леопард (Neofelis nebulosa brachyura) е подвид на облачниот леопард. Ова животно е ендемско за островот Тајван и денес се верува дека е изумрен вид. Неговата опашка е пократка од опашката на останатите подвидови на облачниот леопард.
Формозанскиот облачен леопард е второ најголемо животно на Тајван, после формозанската црна мечка. Откако голем дел од неговото природно живеалиште било уништено, ова животно било принудено да се повлече на планините Јушан и Даву. Формозанскиот облачен леопард последен пат бил забалежан во 1980-тите.
Луѓето од народот Рукаи, тајванските абориџини, веруваат дека нивните предци настанале од овие мачки.
Категорија:Мачки