Бурџ Халифа ( — Кула Халифа), порано познат како Бурџ Дубаи — облакодер во Дубаи, Обединети Арапски Емирати и е највисоката градба изградена од човекот досега. Изградбата на објектот започна на 21 септември 2004, а официјално заврши на 4 јануари 2010.

Градбата е дел од проектот „Центарот на Бурџ Дубаи“, кој се гради на површина од 2 км2, веднаш до економскиот центар во градот, а содржи и фонтана и уште неколку впечатливи градби. Архитект на кулата е Адријан Смит, кој соработува со компанијата Skidmore, Owings and Merrill од 2006. Оваа инженерска компанија, со седиште во Чикаго беше вклучена во спроведувањето на проектот. За изградба на кулата како главен градител била ангажирана јужнокорејската компанија Samsung C&T, која била ангажирана и во изградбите на кулата Тајпеј 101 и кулите Петронас Turner Construction Company била избрана за раководител на проектот, а компанијата Hyder Consulting за структурното и машинско инженерство. Според законите на ОАЕ, склучувачот на договорот и инженерот се заеднички одговорни и имаат обврска за изведбата на активностите во врска со изградбата на Бурџ Халифа. Поради тоа, и покрај конструкцијата од страна на компанијата Skidmore, Owings and Merrill, компанијата Hyder Consulting, правно е конструктор на градбата.

Највисоката градба и зграда во светот Со висина од 828 метри и вкупно 160 катови, кулата Бурџ Халифа е највисоката градба и највисоката зграда, изградена досега. Кулата е градба со најмногу катови во употреба и највисок кров. Освен тоа, Бурџ Халифа со својата висина ги надмина: кулата Тајпеј 101 (509 m) како највисока зграда во светот според висина на конструкцијата, кулата Вилис (527 m) како апсолутно највисока зграда во светот (со висина на антената) и кулата CN (555 m) во Торонто. Со тоа, повторно по изградбата на Емпајр стејт билдинг во 1931, сите рекорди ги има една зграда. Покрај тоа, Бурџ Халифа е првата највисока зграда во светот, која се користи како станбена зграда.

На 17 јануари 2009, Бурџ Халифа ја достигна конечната висина од 828 m. Со оваа висина, врвот на кулата може да се забележи од оддалеченост од 100 км. Инвеститорите, долго време се обидувале висината на кулата и бројот на катовите да останат тајна.

Архитектура и дизајн мини|десно|Бурџ Халифа во споредба со некои други познати високи градби. Планот за изгледот на кулата е на компанијата Skidmore, Owings and Merrill, којашто исто така го направила планот за правата кула на светскиот трговски центар во Њујорк. Кулата наликува на цилиндричен јазол, но всушност не претставува цилиндрична градба. Изгледот на кулата потсетува на визијата на американскиот архитект Френк Лојд Рајт за кулата Илиноис, којашто требало да биде висока една милја и да биде изградена во Чикаго, но тоа не се случило. Според архитектот Маршал Страбала, кој работи во компанијата Skidmore, Owings and Merrill и е дел од конструкторскиот тим на градабта, кулата Бурџ Халифа е планирана врз основа на 73-катната станбена Кула G во Сеул. На почетокот од планирањето, се настојувало Бурџ Халифа да биде исклучиво станбена зграда.Architect reveals Burj Dubai height, 3 декември 2008

Како последица на оригиналниот план на Skidmore, Owings and Merrill, компанијата Emaar Properties ја избрала компанијата Hyder Consulting за советник при контролата на изградбата, особено за структурата, фасадата, искористувањето на капацитетот за механичките, електронските и водоводните компоненти, но и вградувањето на противпожарните и безбедносните системи. Во оваа улога, компанијата Hyder Consulting извршила структурни промени, промени на фасадата и на сите други компоненти, со цел да одговори на локалните барања и на барањата пропишани со договорот. Оваа компанија, исто така беше одговорна и за геотехничкиот изглед на основата на Бурџ Халифа. Компанијата, исто така ја ангажираше и Emaar Properties has also engaged GHD, за бетонските и челичните конструкции.

Изгледот на Бурџ Дубаи потекнува од исламската архитектура. Архитектот Адријан Смит истакнал дека триделниот изглед на градбата бил инспириран од цвеќето Хименокалис. Кулата е составена од три елементи, вградени околу централното јадро. Како што кулата се извишува од основата, страничните косини се појавуваат во облик на спирала, со што се намалува прекршувањето на кулата до небото. Бурџ Халифа има 27 тераси. На врвот, централното јадро изникнува во форма на шилец, Планот, според кој катовите се со облик на латиничната буква „Y“ е со цел да се зголеми колку што е можно повеќе аголот на погледот кон Персискиот Залив. Без оглед на тоа дали кулата се гледа од птичја или од жабја перспектива, може да се забележи дека нејзината форма претставува кромидеста купола во исламската архитектура. За време на планирањето на изгледот на кулата, инженерите ја ротирале градбата за 120 степени од оригиналниот нацрт, со цел да се зголеми отпорноста против силните ветрови. На врвот од градбата, кулата се нушани за вкупно 1,5 m.

Врвот на Бурџ Халифа содржи повеќе од 4.000 тони челик. Централниот шилец тежи 450 тони и е изграден од внатрешноста на градбата. Истиот е прилостен за својата цела висина од 143 m. Врвот, исто така содржи и комуникациска опрема.

Повеќе од 1.000 уметнички предмети ја украсуваат внатрешноста на Бурџ Халифа, додека главниот ходник содржи 196 бронзени и уметнички плочи од месинг, кои ги претставуваат 196-те земји во светот. Посетителите на овој простор се во можност да слушнат различни бои на звук, бидејќи плочите се обложени со 18-каратно злато, а звукот се произведува со протек на вода, што создава звук како звукот од вода што тече врз лисје.Burj Dubai will officially open for the UAE National Day . Dubai Chronicle 29 јули 2009

Надворешноста на Бурџ Халифа се состои од 142.000 m2 стакло и алуминиум, како и пазуви на сводовите од не'рѓосувачки челик со вертикални цилиндрични перки. Овој систем овозможува да се намали влијанието на екстремно високите летни температури во Дубаи. Исто така, температурата на врвот од градбата е за 6 °C пониска, отколку онаа на основата. За надворешниот изглед на Бурџ Халифа беа потрошени над 26.000 плочќи стакло, а за сите активности околу надворешниот изглед беа ангажирани над 300 стручни лица од Кина.

Хотелскиот простор во кулата е украсен од страна на Џорџо Армани. Хотелот Армани, прв од четирите на Армани зазема 15 од првите 39 ката. Катовите, сѐ до 108. се исполнети со околу 900 приватни станови. Првите станари во кулата се очекува да се вселат во февруари 2010, а тоа ќе бидат првите од околу 25.000 луѓе кои се очекува да живеат во кулата.Burj Dubai To Welcome First Residents From February 2010 Onwards , 31 декември 2009Burj Dubai to welcome residents in Feb 2010, 1 јануари 2010 На 76. кат од кулата има базен. Останатите катови се исполнети со канцеларии, освен 122., 123. и 124. кат, на кои се простира ресторанот At.mosphere и кои имаат тераси за набљудување на околината. Надворешната тераса, која беше отворена на 5 јануари 2010 е највисоката во светот (на висина од 440 m). Влезниците за посета на терасата се печатат во одредени денови и тоа во интервали од по 30 минути, со цел да се спречи метежот меѓу заинтересираните посетители. Цената на вклезниците изнесува 100 дирхами за возрасни и 75 за лица до 12 дена.

Бурџ Халифа може да биде посетена од 25.000 посетители во секој момент (вкупно луѓе во кулата). Во кулата се вклучени вкупно 57 лифтови и 8 ескалатори, кои се движат со брзина до 10 m/s. Инженерите најавиле изградба на трокатни лифтови, но изгледот на градбата се покажал како најпогоден за двокатни.

Графичкиот изглед на Бурџ Халифа е дело на компанијата Brash Brands, чиешто седиште е во Дубаи. Изгледот на сите деловни состаноци, комуникациски центри, како и центри за посетители, исто така се замисла на компанијата Brash Brands. Компанијата, исто така е ангажирана и во осмислвањето на свеченоста во чест на резиденцијата на Армани, којашто е дел од Хотелот Армани во Бурџ Халифа.

Изградба мини|десно|180п|Градежни активности на конструкцијата на Бурџ Халифа (декември 2007) Во февруари 2004 започнаа подготовките за изградба на основата. Подготовките вклучуваа голем број на тестирања, меѓу кои и тест за оптоварување, со маса од 6.000 тони. На крајот на април 2004 беше поставен камен-тремелник за изградба на кулата. Во јули 2004, заврши уитврдувањето на опсегот на основата на кулата. Слоевите беа зиградени од страна на компанијата Middle East Foundations Group, со седиште во Дубаи, а како координатор на активностите беше компанијата Bauer AG, која работеше под контрола на компаниите Turner Construction Company, Hyder Consulting и стручните лица од компанијата Skidmore, Owings and Merrill. Основата на градбата е на површина од 7.000 m², која е дел од објект од челик и бетон со волумен од 12.300 м3. Под основата се подредени 200 бетонски слоеви, со дебелина од по 1,5 m и должина од по 50 m, како и 650 слоеви со дебелина од 0,9 m и должина од 36 m. Вкупно, за основата е искористен бетон со волумен од 45.000 м3 и маса од 110.000 тони. На 10 декември 2004 беше донесена одлуклата за тоа кој ќе го исполни проектот. Второстепените активности започнаа во 2005, а ги започна меѓународен конзорциум, под водтво на јужнокорејската компанија Samsung C&T и чикашките архитекти од компанијата Skidmore, Owings and Merrill. мини|лево|180п|Поглед од воздух на конструкцијата во мај 2008 Работниците работеле во три смени, наместо 2400 работници во една смена секој час. Работите ноќе се ивршувале под силна осветленост, што овозможувало конструкцијата да се забележи и оддалеку. На секои четири дена се додаваше по еден кат во погорните делови од градбата, а понекогаш дури и помалку од тоа (од три до четири).Статија на FAZ.net До 155. кат (585,7 m), градбата претставува бетонска конструкција, а остатокот е изграден со помош на челична контрукција. На 9 ноември 2007, помошните елементи на бетонската конструкција, кои служеа за движење по неа на одредена висина беа отстранети. Раководител со изградбата беше новозеландскиот инженер Грег Сенг.SPON: Burj-Chalifa-Bauleiter. Der Wolkenkratzermann, 7 јануари 2009 мини|десно|180п|Анимација со изградбата на Бурџ Халифа За време на Божиќ во 2006, Бурџ Дубаи (сега „Бурџ Халифа“) стана највисоката зграда во Дубаи, надминувајќи ги Кулите Емирати, високи 355 m. На преминот од 2006 во 2007, кулата стана стокатница.

Во средината на ноември 2006, беше констатиран недостиг на фасадни елементи, строго пропишани при изградбата на кулата. Причината за ова беше фактот дека швајцарската компанија Schmidlin, со којашто бил склучен договор за снабдување и склопување потребните елементи, во моментот била под стечај. Подружницата на компанијата за снабдување на потребните елементи била преземена од страна на арапска тградежна фирма, којашто во ноември 2006 започна со сипорака на потребните елементи со сопствени трошоци.Bericht über mögliche Bauverzögerungen auf ITPBusiness.net Од средината на мај 2007 започна склопувањето на фасадните елементи. На почетокот на февруари 2008, околу 12.000 елементи беа склопени, што е половина од планираниот износ. До ноември 2008, околу 180 ката беа фасадаирани со овие елементи. На 30 септември 2009 инвеститорот објави дека со последниот дел од фасадата, на висина од 632 m, алуминиумската фасада на кулата завршува. Во период од околу 28 месеци активна работа, вкупно 24.380 фасадни елементи беа склопени на 200 различни висини. Тие зафаќаат површина од 132.190 m², а врз нив има 103.000 m² стаклена површина. Алуминиумскиот дел од фасадата тежи отприлика колку 5 празни авиони Airbus A380 (околу 1375 тони), а за заштита на фасадата против влага и пивни честички биле искористени пломби во должина од 2052 км.Burj Dubai's exterior cladding work complete , Gulf News, 1 октомври 2009