Ода на радоста (гер. An die Freude) — ода напишана во 1785 г. од германскиот поет, драматург и историчар Фридрих Шилер. Песната го величи идеалот на братство и единство на целото човештво. Делото е најпознато по неговата музичка варијанта, искомпонирана од Лудвиг ван Бетовен како краен став на неговата Деветта симфонија (завршена во 1824), која претставува хорска симфонија за четири соло гласови, хор и оркестар.

Помалку познати музички варијанти на песната искомпонирале:

Јохан Готлиб Науман (1786) Кристијан Готфрид Кернер (1786) Јохан Фридрих Рајхарт (1796) Јохан Фридрих Хуго фон Далберг (1799) Франц Шуберт, песна со истоимен наслов, D 189 (1815), за глас и пијано Петар Илич Чајковски (1865), за соло пејачи, хор и оркестар, во руски превод „Прегрнати да сте, милиони!“ (Seid umschlungen, Millionen!) (1892), валцер од Јохан Штраус II

Надворешни врски

Шилеровата „Ода на радоста“ во оригинална германска верзија (1785) со англиски превод

Категорија:Дела на Фридрих Шилер Категорија:Дела на Лудвиг ван Бетовен Категорија:Книжевноста во 1785 година Категорија:Музиката во 1824 година Категорија:Германски поеми