Индискиот леопард (Panthera pardus fusca) е подвид на леопард кој живее на индискиот потконтинент, најмногу во Индија.

Распространетост и живеалиште Индискиот леопард е распространет низ целиот потконтинент, вклучувајќи и граничните региони на Непал, Бутан, Бангладеш, Пакистан и јужна Кина. Живеалиштето варира од суви листопадни шуми, пустини, тропски дождовни шуми и северните борови шуми.

Опасности И покрај неговата голема распространетост, на индискиот леопард му се закануваат неколку опасности. Животното го дели живеалиштето со други видови како азиски лав, бенгалски тигар, мечка, волк, азиски слон, хиена и диви кучиња. Овие животни можат да убијат младенчиња на леопард, а лавовите и тигрите можат да нападнат дури и возрасна единка. Покрај неговите природни непријатели, главна закана претставуваат и луѓето. Веќе со години, овој вид е загрозен како последица на уништувањетоа на природното живеалиште и ловот. Во некои делови во Индија, леопардот живее во близина на човечки населби. Поради достапноста, тој ја напаѓа стоката што доведува до конфликт меѓу леопардите и луѓето. За да се избегнат овие проблеми, индиското министерство за шуми редовно поставува стапици во потенцијално конфликтните региони. Доколу леопардот се фати во стапицата, тој потоа е пуштен во соодветна средина.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

HUMAN - LEOPARD CONFLICT MANAGEMENT GUIDELINES, VIDYA ATHREYA & ANIRUDDHA BELSARE, 2007, MAHARASHTRA STATE FORESTDEPARTMENT, INDIA (Pdf Document), This booklet or any part of it may be freely reproduced but has to be acknowledged as ‘from Athreya & Belsare 2007’

Категорија:Леопарди