Вруток (Хидроелектрична централа „Вруток“ или ХЕЦ „Вруток“) — хидроцентрала, која е дел од хидросистемот „Маврово“,Електростопанство на Македонија, 50 години македонско електростопанство, Скопје, 1995;esmak.com.mk , Ј.П. Електростопанство на Македонија, Скопје, пребарано на 28 август 2010 со вкупен капацитет од 165,6 MW.2011.10.31 „Градежен Институт“ ќе врши геолошки испитувања за Луково Поле plusinfo.mk
Историја
Централата била пуштена во работа во 1957 година, а изградбата на целиот хидросистем „Маврово“ започнала во 1947 година. Во времето на Југославија, хидроцентралата го носела името ХЕЦ „Тито“.
Во 2014 година била извршена модернизација на сите четири агрегати и на придружната опрема, со што моќноста на електроцентралата била зголемена за дополнителни 18,3 мегавати и годишно производство од околу 50 гигават-часови. Модернизацијата била финансирана од ЕЛЕМ (9,5 милиони евра) и со кредит од банката KfW (27,1 милиони евра).”Зголемена инсталираната моќност на ХЕЦ Вруток”, Дневник, година XVIII, број 5530, петок, 1 август 2014, стр. 9.
Особеност
ХЕЦ „Вруток“ е акумулациска хидроелектрична централа со установена моќност од 41,4 MW по агрегат, или вкупно 165,6 MW. Просечното годишно производство на електрична енергија е 350 GWh, а просечниот годишен доток е 278.000.000 м3 вода.
Галерија
Поврзано Вруток ХС „Маврово“
Наводи
Надворешни врски
Вруток Категорија:Економија на Македонија Категорија:Вруток