Џон Францис Бонџови Џуниор () (роден на ), попознат како Џон Бон Џови е американски музичар, текстописец и глумец. Tој е познат како водечки пејач и основач на рок групата Бон Џови. Има издадено два соло албуми и десет студиски албуми со неговиот бенд, со кој има продадено над 120 милиони албуми ширум светот. Како соло артист има бројни награди за неговиот труд, вклучувајќи Златен глобус. ASCAP news, 25 март 2008.

Детство

Џон Бон Џови е роден како Џон Францис Бонџови Џуниор, во Перт Амбои, Њу Џерси, син на два поранешни маринци. Тој имал два браќа Антонио и Метју. Тој е италијански-американец. Неговиот татко е роден во Шака, блиску до Агриџенто во Сицилија. Го посетувал средното училиште Св. Јосеф, во Метучен, Њу Џерси.Jon Bon Jovi remarks American Music Awards, November 14, 2004. "Есента 1977, бев втора година во средното училиште Св. Јосеф во Њу Џерси." Подоцна се префрлил во Sayreville War Memorial High School во Парлин, Њу Џерси.Bon Jovi pays surprise visit to his old school Sentinel, March 23, 2006. "Студентите разговараат со дипломците од Сајервил од 80-та година кои станаа рок-ѕвезди."

Музичка кариера

Почетоци Џон во младоста, се одлучува тотално да се посвети на музиката. Тој свирел во локални бендови со неговите пријатели и со неговиот братучед Тони кој поседувал 10 познати студиа во Њујорк. Како резултат на тоа, неговите академски забелешки тој покажал помалку од спектакуларни достигнувања и слаби оцени. Веќе кога имал 16год. тој свирел во ноќни клубови. Не одамна тој се запознал со клавијатуристот Дејвид Брајан (вистинско име: Дејвид Брајан Рашбаум), кој свирел во блуз банд наречен „City Expressway“. Џон исто така свирел во бандовите „The Rest“, „The Lechers“, „John Bongiovi“ и „the Wild Ones“.

Кога имал 17год. Џон работел како чистач во студиото на неговиот братучед „The Power Station“. Во 1980, кога Meco го снимал таму „The Star Wars Christmas Album“, Tony го предложил Џон за пејач на песната "We Wish You A Merry Christmas", тоа беше прво негово професионално снимање.TheForce.Net - Jedi Council - Interviews | Meco Тој си заминал во 1983 кога добил договор за снимање.

Џон ја напишал песната Runaway, една од неколкуте песни кои Џон ги напишал додека патувале од Сејревил до „The Power Station“. Тој отишол во неколку компании за снимање, влучувајќи ги Атлантик рекордс и Меркури(Полиграм), но сите го одбиле. Тој отишол кај DJ во WAPP-FM-радио шоу во Менхетен, го замолил DJ дај слушни песната „Runaway“ и DJ прифатил. DJ уживал во песната дури и ја емитувал. Песната прераснала во голем хит.

Бон Џови Подоцна компанијата за снимање Меркури му даде на Џон договор за снимање во 1983 и да ја промовира песната Runaway, Џон ги повикал Ричи Самбора, Дејвид Брајан, Тико Торес и Алек Џон Сух и го формирал бандот.L. M. Matin. Jon Bon Jovi: The Sinner and the Saint.: The New Unauthorised Biography. BookBaby, August 20, 2013; Chapter 4. Подоцна го запознале Док МекГи, кој станал нивни менаџер. Групата што ја формирале ја нарекле „Bon Jovi“.250п|thumb|Џон Бон Џови на концерт во Холандија

Со помош на нивниот менаџер Док МекГи, бендот дебитираше албум Bon Jovi, кој беше издаден на 21 јануари 1984. Албумот доживеа голем успех во САД (продадени над 500.000). Во 1985 Bon Jovi го издаде нивниот втор албум "7800°Fahrenheit", кој беше со послаб успех.

Пресвртницата на бендот се случи кога тие го донесоа новиот текстописец Дезмонт Чајлд, за нивниот трет албум „Slippery When Wet“. Чајлд напишал повеќе од нивните хитови на овој и на идните албуми кои достигнале огромна слава ширум светот со песните како: „You Give Love a Bad Name“, „Livin' On A Prayer“, и „Wanted Dead or Alive“. Албумот експресно се продаде во 28 милиони примероци ширум светот од неговото издавање во 1986.

Низ турнеите од 1986-1987 Џон се обидел да даде сè од себе на концертите од своите вокални способности. Позади сцената тој изјавил дека без својот вокален професор не можел да ја продолжи турнејата, бидејќи му помогнал за подобрување на својот глас. Спротивно на популарното мислење Бон Џови немал оштети на гласот низ турнејата во Њу Џерси. На живите снимки од концертите неговиот глас немал никакви оштетувања т.е бил во одлична состојба.

Следниот албум на Бон Џови бил „New Jersey“ издаден во 1988. Албумот се снимаше многу кратко по турнејата во Слипери, затоа што бендот сакаше да докажи дека не се само уште еден хит. Официјалниот албум бил омилен на обожавателите и имал голем комерцијален успех со хит песните, како „Bad Medicine“, „Lay Your Hands on Me“ и „I'll Be There for You“.

Наспроти огромниот успех на бендот, „New Jersey“ водеше кон крај на бендот како што тие се враќаа повторно на турнеи како турнеите од претходните албуми. Ова константно живеење на пат, речиси ја уништи јаката поврзаност помеѓу членовите од бендот. Самбора е запишан на албумите како текстописец на неколку песни. А бил навреден бидејќи целата слава му припаѓала на Џон. Членовите од бендот изјавиле дека после турнејата секој ќе тргни по свој пат, после турнејата во Гвадалахара, Мексико во раната 1990 тие си заминале со различни авиони.

Помеѓу 1990-1992 членовите на „Бон Џови“ повторно си заминале по сопствени патишта од многу строгата New Jersey турнеја која надминала над 200 шоуа на 5 континенти. Ова време помогна за нив да се одлучат дали „Бон Џови“ ќе може да опстане на сцената после рапидното сменување на музиката по нивното врќање на сцената.

Во 1992 бендот се појавил на сцената со албумот „Keep The Faith“.Албумот бесе издаден во ноември 1992. Продуциран од Bob Rock, албумот значел крај на нивните метал корени од претходните албуми и внесуваше повеќе „rock n roll“.Многу посложен како во текстот така и во музиката, албумот докажал дека Бон Џови може сè уште да опстане како бенд и во 90-те наспроти пораснатите афинитети на индустријата и публиката за новиот вид на рок наречен Grunge.

Во 1994 година Бон Џови го издаде албумот со најголеми хитови наречен „Cross Road“,кој исто така содржеше и две нови песни:хитот „Always“ и „Someday I'll Be Saturday Night“. Песната „Always“ цели шест месеци остана на тоp 10 на табелите на 100 најобри хитови и прерасна во еден од најголемите хитови на Бон Џови. Песната достигна на 4-то место на „U.S. charts“ и прво место во државите ширум Европа,Азија и Австралија. Синглот се продаваше многу добро посебно во Америка. Истата година басистот Алек Џон Сух го напушти бендот-тоа беше првата смена откато се формира Бон Џови. Хуг МекДоналд, кој беше басист на "Runaway" го земени Сух.

Нивниот шести албум „These Days“ беше издаден во јуни 1995. Со албумот „These Days“, Бон Џови го врати звукот на рокот во песната Keep the Faith. Снимката беше се потемна и не вообичаена за Бон Џови стилот. „These Days“ се продаде во огромен број примероци во Америка и беше на врвот на топ листите во Британија. Во текот на 1996 Бон Џови се покажа како „сила“ во музичката индустрија.

После другата подолга пауза, приближно 3 години, додека некои членови од бендот работеа на самостојни проекти, Бон Џови се регрупира во 1999 и почна да работи на новиот албум. Албумот „Crush“ излезе во 2000 и уживаше поголем успех не само во Америка туку и во целиот свет, благодарејќи на делот од хит-синглот „It's My Life“, кој беше помогнат од введскиот продуцент Макс Мартин. Во албумот „Crush“ беше исто така промовиран и хитот „Say it isn't so“.

Во доцната 2002 нивниот нов албум „Bounce“, кој ги содржел хитовите од „Crush“. Bounce не уживал толкаво ниво на успех како неговиот претходник. Албумот издаде хитови како „Everyday“ и „Bounce“.

Долго очекуваниот 9-ти албум на Бон Џови „Have a Nice Day“, беше издаден во септември 2005. Албумот се искачи на врвот на табелите ширум светот, давајќи му на Бон Џови голема кариера уште во првата недела во САД, продавајќи преку 202.000 албуми. „Have A Nice Day“ беше прв сингл на истоимениот албум и втор сингл на албумот „Who Says You Can't Go Home“, кој беше издаде во САД во пролетта 2006 г. Во САД дует верзијата на „Who Says You Can't Go Home“ со кантри пејачката Џенифер Нетлес од бендот „Sugarland“ беше издаден, и во мај 2006 Бон Џови влезе во историјата станувајќи прв Рок & Рол Бенд со #1 хит на табелите на најжешки кантри песни. На 11 февруари 2007 Бон Џови исто така победи на недофатливите Греми награди за „Нјдобра Кантри Соработка со Вокалите“ за синглот „Who Says You Can't Go Home“.

Во јуни 2007, Бон Џови го издаде нивниот последен албум „Lost Highway“. Албумот дебитираше на прво место на билборд табелите, за првпат Бон Џови имаше албум на првото место на Американските табели откако го издаде New Jersey во 1988 г. Благодарение на новата кантри-музика на бендот, албумот беше продаден во 292,000 копии уште во првата недела во Америка, и постана трет албум на Бон Џови кој се најде на прво место во САД.

На 6 април 2009 беше најавено дека на Трибека филмскиот фестивал ќе се прикажи документарецот за Бон Џови наречен „When We Were Beautiful“. Филмот ја прикажува турнејата на бендот со албумот „Lost Highway“ во 2008- та. Филмот е во режија на Фил Грифин.

Соло кариера 170px|thumb|десно|Џон Бон Џови

Џон Вон Џови сними соло албум, музика за филмот „Young Guns II“ попознат како „Blaze of Glory“. Издаден во 1990, во албумот се наоѓаа дела и на: Елтон Џон, Алдо Нова, Литл Ричард и Џеф Бек. Албумот беше комерцијален и постигна позитивни оцени и брзо достигна милион продадени копии. Насловната песна „Blaze of Glory“ беше хит број еден на табелата на 100 најдобри и му заработи на Џон номинација за Академска награда за најдобра песна, но не ја доби наградата. Како и да е истата година „Blaze of Glory“ беше наградена со Златен Глобус.

Џон напиша и втор соло албум во 1997 насловен како „Destination Anywhere“. Албумот доби многу позитивни оцени и беше успешен и во Европа. Имаше гласини дека компанијата што го снимила албумот го присилуваше Џон да го крсти „These Days, Part 2“, Краток филм со истиот наслов беше снимен веднаш по издавањето на албумот, целосно заснован на песните од албумот со главни улоги Џон Бон Џови, Деми Мур, Кевин Бекон и Вупи Голдберг. Дејв Стјуарт од „Eurythmics“ гитарист на снимката и исто така продуцент на некои од песните. Таа година Џон Бон Џови заработи „BRIT Награда“ за „Најубав маж“ и исто така доби „MTV Европска музичка Награда за Најдобар маж“.

Глумечка дејност

Бон Џови беше глумец во филмовите Месечина и Валентино“, „Водач“, „Одредиште Некаде“, „Роден крај“, „Maliot Grad“, „Без Враќање“, „Веслај Го Својот Чамец“, „Vampires Los Muertos“, „U-571“, „Крикот на Волкот“ и „National Lampoon's Pucked“.

Тој исто така има споредна улога во филмот „Прати понатаму“, каде ја игра улогата на бившиот насилен маж на Хелен Хунт. Тој се појави и на некои ТВ серии како што се „Сексот и градот“, „Али Мекбил“, „Западно крило“ и „Лас Вегас“. Тој беше ѕвездата гостин во „Американски Идол“ во мај 2007, за време на прикажувањето на „Рок Недела“ каде што сите натпреварувачи изведуваа негова или песна од неговиот бенд. На 13 октомври 2008 Џон ја водеше третата епизода на 33-та сезона на „Сабота вечер во живо“.

Приватен живот

За време на престојот во Лос Анџелес за време на турнејата „New Jersey“ во 1989 Бон Џови тајно заминал во Лас Вегас каде што се оженил со својата средношколска љубов Доротеја Роуз Харли на 29 април 1989, на Грејсланд Церемонијалната Капела во Лас Вегас, Невада. Доротеја е карате инструктор. Заедно имаат четири деца. Стефани Роуз, Џеси Џејмс Луис, Јакоб Харли и Џон. Џон и неговата фамилија живеат во Менхетен и Мидлтаун, Њу Џерси. Имотот од нивната резиденција во Мидлтаун содржи објект кој е претворен во паб со британски стил. Тој го крстил „Shoe Inn“, и ставил потковица бидејќи се чувствувал како да е благословен и се сметал себеси за 'најсреќен човек на светот'.