Ostariophysi — вториот најголем надред на зракоперки. Оваа нашироко распространета група содржи речиси околу 8000 видови, околу 28% од сите познати риби и 68% од сите слатководни видови. Тие споделуваат неколку заеднички одлики, како производство на алармна супстанца кога се во опасност и Веберов апарат. Некои видови се користат во исхраната, додека други за рекреација (спорт, аквариуми и сл.).

Видовите од овој надред се присутни на сите континенти и поголеми копнени маси, освен на Антарктик, Гренланд и Нов Зеланд. Тука припаѓа најголемата слатководна риба, меконгскиот џиновски сом (Pangasianodon gigas), кој може да тежи и до 300 кг. Исто така, тука се наоѓаат и некои од најмалите риби, како Danionella translucida со само 12 mm во должина. Некои од овие риби се способни да дишат атмосферски воздух (од фамилијата Clariidae) или да живеат надвор од водата (Phreatobius cisternarum). Еден дел од претставниците можат да произведат електричество (Malapteruridae, Gymnotiformes).

Систематика

Овој надред е поделен на две серии - Anotophysi и Otophysi. Но, во постарата литература, Ostariophysi бил ограничен само на рибите кои сега се класифицираат како Otophysi. Името Otophysi е создадено во 1970, кога Роузен и Гринвуд се обиделе да ги одделат традиционалните Ostariophysi од додадените Gonorynchiformes.

Систематиката на овој надред е следна:

Серија Anotophysi Gonorynchiformes, со околу 37 вида Серија Otophysi (Euostariophysi) Cypriniformes, со околу 3,268 вида (ја содржи фамилијата Cyprinidae, најголемата фамилија на слатководни риби) Characiformes (пастрмкокраповите и нивните сродници), околу 1674 вида Siluriformes (сомови), со околу 1,727 вида Gymnotiformes (електрични јагули, америкаснки ножориби), со околу 173 вида (понекогаш се групираат како Siluriformes)

Монофилијата на Ostariophysi е под сомневање со презентираните молекуларни докази. Gonorynchiformes се поблиски со Clupeiformes отколку со Otophysi. Возможно е дека Gonorynchiformes и Clupeiformes образуваат монофилетска група. Постојат докази и за тоа дека Clupeomorpha би можела да е сестринска група на Ostariophysi (во тој случај би постоел таксонот Ostarioclupeomorpha, познат и како Otocephala).

Морфологија 250px|right|thumb|Млади меконгски џиновски сомови. Повеќето видови имаат рибен меур (освен Gonorynchus). Тој обично е поделен на две комори. Помалата антериорна комора е делумно или целосно прекриена со сребренеста перитонеална туника. Поголемата постериорна комора може да е самалена или да отсуствува кај некои групи. Присутни се ситни, едноклеточни и боцкасти испапчувања на различните телесни делови, наречени ункули. Тие досега се сретнати само кај овој надред.

Многу видови испуштаат во средината алармна супстанца кога се исплашени или повредени. По својата природа таа претставува феромон кој се создава во епидермалните клетки и е слична кај сите видови. Таа ги предупредува останатите единки за опасноста.

Веберов апарат

Една од поважните одлики на овие риби е Веберовиот апарат. На него се припишува заслужноста за успехот на овие риби. Се состои од групација на коски наречени Веберови осикули поредени во ланец. Тие го поврзуваат слушниот систем со рибниот меур преку Y-виден лимфен синус, кој се граничи со лимфните канали од левото и десното уво. Ова овозможува пренос на вибрации до внатрешното уво.

Кај Anotophysi, првите три прешлени се специјализирани и поврзани со едно или повеќе цефалични ребра (примитивен Веберов апарат). Кај Otophysi, постои измена на предните четири или пет прешлени.

Целосниот Веберов апарат се состои од рибниот меур, Веберовите осикули, дел од предните прешлени, како и од неколку мускули и лигаменти. Именуван е по германскиот анатом и физиолог Ернст Хајнрих Вебер кој прв ги опишал Веберовите осикули.

Наводи

Категорија:Зракоперки