Лазар Дамовски - Ошенски ( - ) — македонски деец од Егејска Македонија.„Егејска Македонија во антифашистичката војна 1941-1943 година“, Том VII, Книга 1, Скопје, 1985.

Роден е во селото Ошени, Костурско. Уште како дете е принуден заедно со татко си да печалбарува во Грција. Во градот Лариса се вклучува во синдикалното движење, а подоцна влегува во редовите на КПГ. Поради неговата активност е избран во раководството на партијата. Бил апсен повеќепати од грчката полиција, а Втората светска војна ја затекнал како заточеник на островот Акронавплија. По ослободувањето од затворот во јуни 1941 година, активно работи во организацијата ЕАМ, секретар е на Окружниот комитет на КПГ во Лариса, потоа во Епир, а кон крајот на 1943 година доаѓа за секретар на СНОФ за Костурско. Не се согласува со ставот на КПГ по македонското прашање, поради што е уапсен и деградиран од истата партија. По спогодбата на Варкиза пребегнува во НР Македонија, каде ја продолжува својата политичка активност сè до неговата смрт во 1970 година.

Поврзано

Славјаномакедонски народноослободителен фронт

Наводи

Надворешни врски

Писмо од Лазо Дамовски - Ошенски до политбирото на ЦК на КПГ: (12 март 1945 година)

Литература

Ташко Мамуровски, Светли ликови од Егејска Македонија (1945–1949), Скопје, 1978.

Категорија:Луѓе од Ошени Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски борци Категорија:Учесници во НОБ