Лошница (, Гермас; до 1928 г. Λόσνιτσα, Лосница) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот Округ на Западна Македонија, Грција.

Географија 250px|мини|ляво|Вештачкото езеро до селото Селото се наоѓа на 25 км југоисточно од Костур. Лежи во котлина на Лошничка Река (Порос), која се образува од потоците Јазовино (извира во подножјето на Јаза, над Куманичево и тече на југ) и Муричка Река (Муриксио, извира западно под врвот Мурик). Лошница е сместена меѓу планините Саракина на запад и Мурик на исток. Атарот зафаќа површина од . Од нив се обратоблива земја, а се шуми.

Историја Праисторија и антика Лошница за првпат е населена во неолитот. За ова сведочат три утврдени места во јужниот дел на селото — две во месноста Мелиси и една во месноста Кастри. Во древномакедонскиот период во местноста Керасово имало важна населба. Таму има многу урнатини од древномакедонско, римско и рановизантиско време. По традиција, таа населба е првото седиште на Шишанската митрополија, уништено околу 500 г. од Готите на Аларих I.

Во Отоманското Царство мини|десно|250п|Икона на Пресвета Богородица Патеводителка од Лошница, дело на Хаѕитанасис Панајоту, 1916 г. Селото првично било македонско, а потоа е погрчено. Во првите векови на османлиското владеење на планината имало неколку малки сточарски села — Пираса, Свети Илија, Керасово, Билија, Лошница, Јазија, Саракина, Турија и Гостун. Околу 1750 г. жителите на Пираса, Свети Илија, Керасово и Билија биле подложени на напади от турски разбојници и за поголема сигурност се населиле во Лошница. Жителите на Саракина се преселиле во Горенци, на Турија во Костараџа, а на Гостун во Богатско. Жителите на Јазија се населиле во Горенци, Куманичево и Чурилово, но еден дел и во Лошница — семејството Дјафис, оставајќи ја својата земја во завештение на Чуриловскиот манастир — подоцниот чифлик Кукуфика. Жителите на Свети Илија се преселиле во куќите на семејството на Ахмед-бег, убиено во април 1800 г. од капетан Муцо (Муцогрекос). Бидејќи му припаѓале на родот Санација, маалото го добило името Санациско.

Потоа во Лошница се изградени две цркви — парохиската „Св. Ѓорѓи“ во селото и гробишната „Св. Атанасиј“ на истоимениот рид. Во периодот од 1763 до 1777 г. Козма Етолски ја посетил Лошница на два наврата, а при првата посета го основал училиштето во селото. Во 1761 г. населението ја обновило поголемата парохиска црква „Св. Ѓорѓи“, а во 1775 г. ја украсиле со раскошен дрвен иконостас и убави преносни икони.

Три лица од Лошница зеле учество во Грчкото востание во 1821 г. — Мисиос, убиен во Негуш за време на Негушкото востание, Довас и Кациапис, загинати при пробивот кај Месолонги.

Во 1878 г. свештеникот Апостолос Зундикос се потпишал во името на жителите на Лошница и заедно со други жители на Шишанскат епархија испратил протестна нота до Големите сили против планираното присоединување на македонските територии кон новосоздадената бугарска држава.

Во 1889 г. Стефан Верковиќ ја опишал Лошница како село со 130 куќи. Данокот им бил 11.650 пјастри, а инание-аскерие било 6.600. Во селото имало едно училиште.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Лошница било село во Клисурската нахија на Костурска Каза со 600 жители Грци христијани.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лошница се води како чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 80 куќи.

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Лошница имало 400 жители Грци.

За врмее на Грчката вооружена пропаганда во Македонија од 1904 до 1908 г. Лошница била база и прибежиште за многу андартски чети кои војувале во Костурско, Леринско и Кожанско. На 16 јули 1907 г. четите на Николаос Цотакос - Гермас и Григорис Фалиреас - Закас се обиколени од турска војска во месноста Калогерико кај Лошница и во борбата загинале Цотакос и Василиос Цимбидарос заедно со 21 четник.

Грчка статистика од 1905 г. го претставува селото како двапати поголемо со 1500 жители гркојазични Грци.Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Germas .

Во Грција За време на Балканските војни селото било окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година броело 903 жители, а во 1920 г. во истото се попишани 900 лица.

Няколку лица од Лошница учествувале во Грчко-турската војна (1919-1922). Георгиос Пројос загинал во Битката кај реката Сангариос. Во 1926 г. селото е преименувано во Гермас, по псевдонимот на андартскиот капетан Николаос Цотакос. На пописот од 1928 г. селото покажало пораст на 1.024 жители.

За време на Втората светска војна се одиграла битка помеѓу германски единици и грчка паравоена чета, и тогаш селото е опожарено.Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.) Селото настрадало и од напади на Германци, Италијанци и Бугари, со 10 загинати жители. Во Граѓанската војна загинале уште 48 лица. По војната започнало иселување во прекуокеанските земји.

Селото традиционално е познато по гравот и житото.

+ Месности во Лошница преименувани со службен указ на 5 мај 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Гамза Γκαμζιὰ Гидовуно Γιδόβουνο местност ЈИ од Лошница Јаза Γιάζας Воскорема Βοσκόρεμα река на Саракина, почеток на Лошничка Река Карагацјо Καραγκάτσιο Фтелиес Φτελιές

Население

Во селото има осум цркви: парохиската „Св. Ѓорѓи“, гробишната „Св. Атанасиј“, пештерната „Св. Троица“ и „Св. Константин“, „Воскресение Христово“, „Св. Кузман“, „Св. Ирина“ и „Успение на пресв. Богородица“ во поранешното село Керасово.

Културни и природни знаменитости Цркви Св. Атанасиј од 1650 г. Св. Ѓорѓи од 1761/1882 г.

Литература Γεωργίου Χρ. Γ., Το Γλωσσικό Ιδίωμα Γέρμα Καστοριάς, Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών, Θεσσαλονίκη 1962. Филипова-Байрова, М. Български думи в говора на с. Гермас (Лошница), Костурско - Известия на Института за български език, 16, 1968, с. 163 - 169.

Наводи

Надворешни врски

Типични зборови и изрази во Лошница

Категорија:Рупишта