Анастасија Николаевна Романова () (родена на 5 јуни 1901 во Петерхоф - починала ноќта на 16 спроти 17 јули 1917 во Екатеринбург) била најмладата ќерка на Николај II, последниот руски цар. Анастасија била помлада сестра на големата кнегиња Олга, големата кнегиња Татјана и големата кнегиња Марија. Била постара сестра на престолонаследникот на рускиот престол Алексеј Николаевич. Се претпоставува дека ја убиле болшевиците на 17 јули 1918 година заедно со целото нејзино семејство. Сепак, постојано кружеле гласини дека таа успеала да побегнe. Неколку жени тврделе дека всушност тие се Анастасија. Најпозната од нив била Ана Андерсон, чие тело е кремирано во 1984 г. Неколкумина кои ја познавале вистинската Анастасија ги поддржале тврдењата дека Ана Андерсон е Анастасија, но со ДНК тестирање на парче коса од Ана Андерсон во 1994 година, се покажало дека таа не е Анастасија, ниту во роднинска врска со Романови.Massie (1995), стр. 194–229

Животопис Детство thumb|200px|лево|Анастасија на тригодишна возраст (1904) Анастасија се родила како четврта ќерка, па нејзините родители и роднини биле разочарани, бидејќи очекувале престолонаследник. Царот Николај II пред првата посета на новородената ќерка направил долга прошетка за да се смири.Massie (1967), стр. 153 Децата на рускиот цар биле одгледувани на наједноставен начин. Спиеле на тврди кревети без перници, освен кога биле болни, наутро се капеле и миеле со ладна вода, од нив се очекувало сами да ги чистат своите соби и плетеле џемпери, кои се продавале на добротворни настани. Во дворот, вклучувајќи ги и слугите, ја викале со нејзиното име Анастасија Николаевна, а титулата „ваше кралско височество“ не ја користеле. Повремено ја викале со француската верзија на нејзиното име „Anastasie“ или пак со руските прекари „Настаськой“, „Настей“, „Маленькой“ (малечка).Kurth (1983), стр. 309 Младата Анастасија израснала во енергично дете. Опишана е како ниска, со сини очиMassie (1967), стр. 134 и црвенкастоKing and Wilson (2003), стр. 50-кафена коса. Гувернантата Маргарита Игер рекла дека Анастасија била најшармантното дете кое го познавала.Eagar, Margaret, "Six Years at the Russian Court" Често е опишувана како надарена и паметна, но нејзините тутори нагласувале дека не покажувала интерес при услови на школско ограничување. десно|280п|мини|Од лево кон десно: Големите кнегињи Олга, Татјана, Марија и Анастасија, 1906.

Анастасија повремено се осудувала да ги премине границите на дозволеното однесување. Синот на дворскиот лекар, Глеб Боткин за неа рекол: „Таа без сомнение го држи рекордот за казниви дела во нејзиното семејство, а за непослушност таа е вистински гениј“.King and Wilson (2003), стр. 250 Им подметнувала сопки на слугите, се качувала на дрво и одбивала да слезе. Во текот на една игра со снег, таа во снегот замотала камен и ја погодила својата постара сестра Татјана. Далечната роднина, Нина Георгиевна, подоцна се сеќава дека Анастасија била непријатна до граница на злоба, мамела, удирала и гребела со играчките во текот на игрите. Тоа го правела бидејќи била навредена оти помладата Нина била повисока од неа. За својот изглед била помалку заинтересирана од своите сестри. Жената на еден американски дипломат ја опишала Анастасија на десетгодишна возраст како јаде чоколадо во Петербуршката опера, без да ги извади долгите, бели, оперски ракавици.Lovell (1991), стр. 35–36 Анастасија и нејзината постара сестра Марија во семејството биле познати како „Малиот пар“. Тие делеле иста соба, често носеле варијации на исти фустани и голем дел од времето го поминувале заедно. Постарите сестри Олга и Татјана исто така делеле иста соба и биле познати како „Големиот пар“. Четирите девојки се потпишувале со почетните букви од своите имиња, „ОТМА“.Christopher, Kurth, Radzinsky (1995), стр. 88–89

Иако била енергична, Анастасија имала слабо здравје. Боледувала од буниони, кои ги напаѓале нејзините два палци.Kurth (1983), стр. 106 Имала слаби грбни мускули, па двапати неделно одела на масажа, меѓутоа, се сокривала под креветот или во ормарот за да избегне да оди таму.Maylunas, Andrei, Mironenko, et al. (1997), стр. 327 Постарата сестра, Марија, многу крварела кога во 1914 г. ѝ биле оперирани крајниците. Тетката на Анастасија од таткова страна, големата кнегиња Олга Александровна, мислела дека сите четири нејзини внуки многу крвареле и дека го носеле генот на хемофилија, како и нивната мајка.Vorres (1965), стр. 115

Поврзаноста со Григориј Распутин десно|мини|Големата кнегиња Анастасија Николаевна со нејзиниот татко, царот, Николај II Нејзината мајка, царицата Александра се држела до советите на Григориј Распутин, руски селанец, кој се претставувал како „свет човек“ и исцелител. Таа верувала дека Распутин со своите молитви го спасил младиот, болен престолонаследник Алексеј Николаевич. Големата кнегиња Олга Александровна се сеќава дека Распутин го сакале сите деца и дека се чувствувале добро со него.Massie (1967), стр. 199-200 Една од гувернантите, Софија Ивановна Тјучева, била ужасната кога во 1910 г. на Распутин му бил дозволен пристап до девојчињата додека биле во пижами. Таа барала да му се забрани пристапот, па царот побарал од Распутин тоа во иднина да го избегнува. Децата биле свесни за напнатата ситуација до која дошло и се плашеле дека нивната мајка ќе биде лута поради постапката на гувернантата. Дванаесетгодишната Татјана Николаевна ѝ пишувала на мајка си како се надева дека во иднина гувернантата ќе биде добра спрема Распутин.Maylunas, Andrei, Mironenko, et al. (1997), стр. 330 Подоцна гувернантата била отпуштена.

Тјучева својата приказна ја раскажала на останатите членови на царското семејство.Massie (1967), стр. 208 Иако распутиновите посети на децата биле потполно невини по природа, царското семејство било скандализирано. Тјучева раскажала на сестрата на царот Николај, големата кнегиња Ксенија Александровна, дека Распутин ги посетувал девојчињата и зборувал со нив додека тие се спремале за в кревет и притоа ги прегрнувал и милувал. Тјучева нагласила дека на децата им било речено да не дискутираат за Распутин со неа и вниимателно да ги прикриваат распутиновите посети од останатата послуга. Ксенија на 15 март 1910 г., запишала дека не може да го разбере однесувањето на Александра и децата спрема Распутин, кого го сметале за светец, иако тој не бил ни свештеник.

Царската гувернанта Марија Ивановна Вишњакова тврдела дека Распутин ја силувал, пролетта 1910 г. Вишњакова тврдела дека царицата не ѝ поверувала и дека говорела како Распутин прави само свети дела.Moss, Vladimir (2005). "The Mystery of Redemption ". St. Michael's Press. Посетено на 21 февруари 2007 Големата кнегиња Олга Александровна рекла дека тврдењата на Вишњакова веднаш биле испитани, но наместо Распутин, Вишњакова е фатена во кревет со еден Козак од царската гарда. Вишњакова повеќе не го видела Распутин, а во 1913 г. била отпуштена.Radzinsky (2000), стр. 129-130

мини|180п|Големата кнегиња Анастасија и нејзината сестра Марија, кои ги влече еден војник Сепак, подоцна се ширеле озборувања дека Распутин не само што ја завел царицата, туку и нејзините четири ќерки.Mager, Hugo. "Elizabeth: Grand Duchess of Russia," Carroll and Graf Publishers, Inc., 1998 Тој трач добил на тежина кога Распутин дозволил околу да кружи писмото од царицата и нејзините ќерки испратено до него. Анастасија напишала: "Мој драг, ценет, единствен пријателу. Колку долго сакам повторно да те видам. Денес ми се појави во сонот. Секогаш ја прашувам мама кога ќе дојдеш... Секогаш мислам на тебе, мој драг, бидејќи ти си толку добар кон мене."

После тоа кружеле порнографски цртежи, на кои Распутин е прикажан во сексуални односи со царицата и нејзините четири ќерки и со Ана Вирубова.Christopher, Kurth, Radzinsky (1995), стр. 115 После скандалот, царот му наредува да го напушти Санкт Петербург одредено време. Царицата била незадоволна, а Распутин заминал во Палестина.Christopher, Kurth, Radzinsky (1995), стр. 116 Без оглед на гласините, поврзаноста меѓу Распутин и царското семејство продолжила сè до неговата смрт на 17 декември 1916 г. Четирите кнегињи биле вознемирени од смртта на Распутин. Тој бил погребан со икона, која ја потпишале Анастасија, нејзините сестри и нивната мајка. Тие присуствувале на погребот, а на неговиот гроб планирале да изградат црква.Maylunas and Mironenko (1997), стр. 511

Првата светска војна и револуцијата лево|мини|180п|Големата кнегиња Марија Николаевна, лево, и Анастасија Николаевна десно, во посета на болница (1915) За време на Првата светска војна, Анастасија заедно со сестрата Марија ги посетувале ранетите војници во приватната болница во Царское Село (резиденцијата на царското семејство во близина Санкт Петербург). Тие двете биле премлади да бидат болничарки, па настојувале со ранетите војници да играат шах или билијард. Царот Николај II Романов абдицирал во февруари 1917 г., а Анастасија и нејзиното семејство за време на октомвриската револуција биле ставени во куќен притвор во Александровскиот дворец во Царское Село. Бидејќи се приближувале болшевиците, претседателот на привремената влада, Александар Керенски, ги преместил во Тобољск во Сибир. Кога болшевиците го зазеле поголемиот дел од Русија, Анастасија и царското семејство биле префрлени од страна на болшевиците во Ипатиевиот дом, куќа која се користела за посебни потреби од страна на тајната болшевичка полиција, Чека, во Екатеринбург.King and Wilson (2003), стр. 78-102

Стресот и неизвесноста за животот без слобода имале влијание врз целото семејство. Анастасија, во зимата 1917, ѝ напишала на една пријателка „Довидување. Не нè заборавај“."Kurth (1983), стр. xiv Од Тобољск, на својот тутор му напишала една меланхолична сцена за една девојка која „кога умрела имала само шеснаесет години“.

Во Тобољск, таа и нејзините сестри ги вшивале дијамантите во облеката, надевајќи се дека така ќе ги сокријат од стражарите. Таа, Олга и Татјана во мај 1918 г., биле малтретирани од стражарите кои барале дијаманти, додека се возеле со парен брод до Екатеринбург, за да им се придружат на родителите и сестрата Марија. Нивниот англиски тутор тогаш го слушнал врискањето на големите кнегињи, но не можел да им помогне.King and Wilson (2003), стр. 140-141 Во Екатеринбург, локалниот свештеник подоцна се сеќава како на 14 јули 1918 г. вршел приватна црковна литургија за царското семејство и како, спротивно од обичаите, Анастасија и семејството клекнале за време на молитвата за мртвите.King and Wilson (2003), стр. 276

Таа и во последните месеци од својот живот нашла начин како да се забавува. Заедно со другите во куќата изведувала претстави и така ги развеселувала родителите, во пролетта 1918. Нејзиниот тутор Сидни Гибс рекол дека глумата на Анастасија предизвикува громогласна смеа кај сите присутни.Christopher, Kurth, Radzinsky (1995), стр. 177 Во писмо од Тобољск со датум од 7 мај 1918 г., на својата сестра Марија ѝ ги опишала моментите на уживање и задоволство, иако била тажна и загрижена за болниот брат Алексеј.Maylunas and Mironenko (1997), стр. 619 Еден од стражарите во Ипатиевата куќа, Александар Стрекотин, во своите мемоари напишал дека Анастасија била многу пријателски расположена и многу весела. Друг стражар рекол дека Анастасија е шармантен ѓавол, секогаш е спремна за непослушност и ретко е уморна. Рекол дека е многу жива и со кучињата правела претстави, слични на оние од циркусот. Трет стражар рекол дека големата кнегиња била терорист и многу навредувала.King and Wilson (2003), стр. 251

мини|Големите кнегињи Анастасија, Марија и Татјана Николаевна за време на заробеништвото во Царское Село, пролетта 1917 г. Според повеќето тврдења Анастасија е стрелана заедно со целото царско семејство, утрото на 17 јули 1918. Смртната казна била изведена без претходна судска постапка, а ја извеле силите на тајната болшевичка полиција, Чека, под команда на Јаков Јуровски.

Заробувањето и стрелањето