Македонски Брод (изворно и историски познат едноставно како Брод, од поимот брод — прегазлив дел од река) — гратче во западниот дел на Македонија. Се наоѓа во горниот тек на реката Треска и претставува воедно средиште на областа Поречје и истоимената општина. Од Кичево е оддалечен 27 километри во источен правец, а од Прилеп 37 километри во северозападен правец. Главен проблем претставува патното поврзување со Скопје, бидејќи регионалниот пат 1106 преку резерватот Јасен се одвива строго според временски термини во зависност од периодот од годината, бидејќи патот е тесен и со ограничен режим, па сега за да се стигне до Скопје треба да се поминат околу 150 км преку Кичево, Гостивар и Тетово.
Македонски Брод е еден од помалите градови во Македонија. Тој се наоѓа во Поречката област и претставува нејзин административен и општински центар. Градот лежи на бреговите на горното сливно подрачје на реката Треска. Оттаму произлегло и неговото име Брод.
На местото на денешниот град, над водите на Треска постоел еден мост што ги поврзувал градовите Прилеп и Кичево. Мостот меѓу народот бил познат под името Брод.
Географија Гратчето се наоѓа во средишниот дел на Западна Македонија, во областа Порече, во горното течение на реката Треска. Се наоѓа на надморска височина од 545 метри.
Историја
Според еден надгробен споменик пронајден во селото Крапа, утврдено е дека просторот бил населен со Римјани.
Подоцна, со доаѓањето на Словените, во овој крај се доселило словенското племе Берзити, односно Брсјаци.
Македонски Брод е стара населба. Првпат се споменува во една повелба на кралот Стефан Урош II Милутин од 1300 година. Стариот дел на населбата се наоѓал на левиот брег на реката Треска.
Во околината на Брод, во близина на селото Девич, видливи се остатоци од градби што ја потврдуваат претпоставката дека на тој простор, во средниот век, постоела населба која функционирала како центар на целата област. Таму се издигаат Девините Кули кои се изградени во близина на пештерата Пешна, каде пак се наоѓаат остатоци од ѕидините на градот, кој, според преданието, го изградила младата девојка Пешна, сестра на јунакот Крале Марко.
Вкупно 7 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.
Стопанство мини|лево|Споменик на паднатите борци од НОБ во Македонски Брод
Од стопанските дејности населението главно се занимава со земјоделство и сточарство. Во градот има неколку индустриски погони меѓу кои најзначано е тутунското претпријатие. Со затворањето на фабриката за изработка на железни монети и огнено оружје „Сувенир“ во селото Самоков (поранешен општински центар) прекина работниот однос на голем дел од граѓаните на Македонски Брод кои беа вработени таму.
Општина
Македонски Брод е центар на истоимената Општина Македонски Брод, општина во западниот дел на Република Македонија. Општината зафаќа површина од 888,97 км2 и според територијата е трета општина по големина во Македонија, веднаш по Прилеп (1.194,94 км2) и Кавадарци (992,44 км2).
Клима Територијата на општината се наоѓа под влијаније на умерено-континентална клима, кој се одликува со ладни и врнежливи зими, суви и топли лета. На високите планини е изразена планинска клима со кратки и ладни лета и долги и снежни зими. Најтопол месец со средна просечна месечна температура е јули со 25˚C. Најстуден месец со средна просечна месечна температура е декември со -15 до 3˚C. Екстремни температура се движат од 41˚C во август до -27˚C во јануари.
Личности Личности родени во Македонски Брод:
Мише Здравески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна, стр.257 Никола Здравески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна Наќе Здравески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна Тихомир Михаилоски (1922-1944) — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија, стр.248 Велика Димоска (1896-1941) — жртва на фашистичкиот терор Јулијана Георгиева Блажеска (1927-) — учесник во НОВ на Македонија Алтана Крстевска (1903-) — учесник во НОД, активистка во АФЖ.
Културни и природни знаменитости
мини|лево|Црквата Св. Богородица
Цркви Црква „Св. Богородица“ - изградена во 1872 година и претставува главна парохиска црква на Бродската парохија; Црква „Св. Архангел Михаил“ - изградена во 1998 година; Црква „Св. Никола“ - изградена во 1933 година. Потекнува од 14 век, а обновена била и во 18 век. Црква „Св. Петка“ - најновата градска црква. Се наоѓа спроти старата болница. Почнала да се гради во 2015 година;
Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Грамада — некропола од доцноантичко време; Кале — градиште од доцноантичко време; Кула — населба и кастел од средниот век; Рајчица — базилика и некропола од старо христијанско време и ран среден век;
Администрација и политика
Избирачко место
Во градот постојат избирачките места бр. 247, 247/1, 248, 248/1 и 249 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште и дом на пензионери.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 3.122 гласачи.
Население На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Брод се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот Санџак со 30 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, тогашното село Брод имало 350 Македонци.
Според пописот од 2002 година во градот Македонски Брод живееле 3.740 жители. Македонски Брод бележи благ, но постојан пораст на своето население, кое покрај раѓањето, највеќе се должи на доселувањето на луѓе од селата во Поречието.
Етнички групи
Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 3.740 жители и спаѓал во групата на мали градови. Етнички гледано, населението е составено од:
Народ ВкупноУдел (%) Македонци 3.725 99,60 Роми 3 0,08 Срби 9 0,24 Бошњаци 1 0,03други 2 0,05
Јазик
Во градот се зборуваат следниве јазици:
Јазик ВкупноУдел (%) македонски 3.730 99,73ромски 2 0,05српски 4 0,11други 4 0,11
Вероисповед
Во Македонски Брод се застапени следните религиски групи:
Вероисповед ВкупноУдел (%) православни 3.731 99,76 муслимани 1 0,03 католици 2 0,05 други 6 0,16
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Македонски Брод:
Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Вкупно 1948 — — — — — — — — — 567 1953 613 1 5 0 0 3 — 6 — 628 1961 931 4 0 — — 4 — 8 — 947 1971 1.155 1 0 0 — 18 — 45 — 1.219 1981 1.926 0 0 10 0 9 — 16 — 1.961 1991 3.256 0 0 0 0 8 — 13 — 3.277 1994 3.343 0 0 0 0 6 — 9 — 3.358 2002 3.725 0 0 3 0 9 1 2 — 3.740 2021 3.511 16 0 9 0 7 1 6 93 3.643
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Наводи
Надворешни врски
Портал на Општина Македонски Брод
Категорија:Градови во Македонија Категорија:Општина Македонски Брод