Сетома (, Кефалари, до 1928 Σέτομα, СетомаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Σιδηροχώρι) — село во Општина Костур во Костурскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 6 километри северно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Корешта во јужните делови на Нередска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 626 метри.
Историја
Првото споменување на селото е во документи од 1445 година под името Сатома. Во документи од 1530 година се споменува како Сатом, а во 1545 година како Стоми. Името најверојатно потекнува од лично име, според Љубица Станковска, СетомСтанковска, Љубица. Топонимски варијации во Костурско-Леринската област, во: Македонските дијалекти во Егејска Македонија, Скопје, 1994, стр. 243.. Во османлиските даночни регистри од средината на XV век биле евидентирани 25 глави на домаќинства и двајца невенчани: Јорг, Андроник, Нико, Јано, Стам, Филип, Дабижив, Никола, Тутук, Бежан, Велихна, Јорг, Пројо, Ѓуро, Мано, Рајко, Тодор, Конде, Добро, Тодор, Димитри, Филип, Димо, Михос, Јано, Алекса и Никола, и три вдовици Стана, Мара и Христана. Вкупниот приход за државата од селото е 1.447 акчињаОпширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 119..
Во околу 1834 година е изградена селската црква „Св. Наум“. Според локални преданија таа била посветена на Свети Наум по иницијатива на седум семејства од Струга, кои се населиле во тоа време во СетомаГилевски, Паскал. Внатрешни гласови (9). Посмртната венчавка на моите родители, Македонско дело, година VII, бр. 349, 7 јули 200, стр. 17..
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сетома се состоело од 65 семејства со 220 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Сетома имало 150 муслимани и 190 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265..
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сетома се води како мешано македонско-турско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 70 куќи.
Селото било под влијание на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 320 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181., како и 496 македонски патријаршистиMapping Migration in Kastoria, Macedonia. Sidiroxori.. Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 200 Грци и 250 Турци. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 50 македонски семејства со 20 турски семејстваБистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7..
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 408 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 408 жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Кефалари. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото.
Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 50 деца од селото биле протерани како деца бегалци
По крајот на војната започнала масовна емиграција од селото кон Австралија, САД и Канада. Поради ова, бројот на населението започнал да се намалува.
Демографија
Во 1928 година селото броело 371 жител., додека во 1940 година селото броело 563 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 311 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 376 жители, во 1971 година имало 341 жител, во 1981 година имало 331 жител, додека во 1991 година имало 413 жители. Денеска, населението на селото е 451 жител според пописот од 2001 година.
Културни и природни знаменитости Црква „Св. Наум Охридски“ од 1834 г.
Личности десно|мини|250п|Мртвото тело на Василиос Малиганос, убиен од четниците на ВМОРО Родени во Сетома Аргир Динов (1889 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 241. Аргир Кузов Кољо Костов (1891 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 373. Паскал Гилевски (р. 1939) Сотир Николов (1891 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 512. Ставро Костадинов (1877 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 367. Тома Сетомски (? - 1944) Починати во Сетома Василиос Малеганос
Наводи
Категорија:Сетома