мини|десно|250п|Ристиќевата палата мини|Поплава од 1962 во Скопје, место: хотел „Македонија“ и Ристиќева палата
Ристиќевата палата е изградена во 1926 г. по проект на архитектот Драгутин Маслаќ. Таа се наоѓа на Плоштадот Македонија, во Скопје, Македонија. Една е од ретките згради што во земјотресот во 1963 година не била оштетена.
Историја Изградена е во 1926 година од страна на фармацевтот Владислав Ристиќ, неговото семејство било по потекло од Тетово. Во приземјето биле сместени деловните простории, а семејството Ристиќ живееле на погорните спратови.
Архитектонскиот дизајн на зградата е на Драгутин Маслаќ, а Драгутин Станковиќ го изработил вајарскиот аспект на зградата.
Оваа палата е една од ретките повисоки згради кои го преживеале земјотресот во Скопје од 26 јули 1963, кога речиси 70% од зградите во градот се уништени. Кога е градена оваа зграда, дизајнерите и архитектот биле свесни за сеизмичките услови, така што презеле соодветни мерки при градењето.
Галерија
Наводи
Категорија:Згради и градби во Скопје Категорија:Палати во Република Македонија Категорија:Плоштад Македонија