Третиот вселенски собор (грчки: Η Γ΄ Οικουμενική Σύνοδος; Σύνοδος της Εφέσου — Собор во Ефес) бил одржан во Ефес, Мала Азија, од 22 јуни до 30 јули 431 година, во црквата посветена на Пресвета Богородица. Во истата црква подоцна се одржал и уште еден собор (449 година) кој го добива називот Расколнички собор, соодветно на неговиот карактер.
Третиот вселенски собор бил свикан од царот Теодосиј II (408 — 450) со цел да се даде одговор на несторијанската ерес, која неколку години предизвикувала немири во црквата, бидејќи Несториј Цариградски сметал дека и божествената и човечката природа на Христос треба да имаат по една личност. Отците на Третиот Собор го отфрлиле неговото учење со кое би се внесувала поделба во едната Личност на Господ Христос. На овој собор било потврдено дека Исус Христос е една Личност со две природи: со божествена природа — од вечноста, од Отецот, и со човечка природа — која ја примил во времето, од Пресвета Богородица. Несториј уште говорел дека Дева Марија не го родила Исус, туку го родила човекот Исус и затоа не го прифаќал името Богородица, а ја нарекувал човекородица или Христородица.
Во работата на Соборот присуствувале 153 епископи.
Наводи
Категорија:431 Категорија:Црковни собори прифатени од Асирската источна црква Категорија:Христологија Категорија:Црковни собори прифатени од Англиканската црква Категорија:Црковни собори прифатени од Протестантската црква Категорија:Црковни собори прифатени од Православната црква Категорија:Црковни собори прифатени од Древноисточните цркви Категорија:Црковни собори прифатени од Римокатоличката црква Категорија:Теодосиева династија Категорија:Христијанството во 5 век Категорија:Расколи во христијанството Категорија:Седум вселенски собори Категорија:Црковни собори прифатени од Калвинистичката црква Категорија:Христијанска есхатологија