Финансискиот пазар претставува пазар на понуда и побарувачка на слободни финансиски средства. Поточно, финансискиот пазар, како сегмент на вкупниот пазар се јавува во улога на механизам којшто треба да влијае врз оптимална алокација на финансиските средства и урамнотежување на реалните инвестиции и паричната акумулација.
Вовед Финансискиот пазар служи и за финансирање на инвестициите и тоа: директно, индиректно и интерно финансирање. Финансискиот пазар е специфичен пазар, бидејќи на него се тргува со специфична стока (пари, капитал, хартии од вредност - краткорочни и долгорочни, валути и девизи), на специфичен начин и според специфични услови. Финансискиот пазар се состои од три сегмента (секој од нив со определени функции): Пазар на пари: краткорочни хартии од вредност и краткорочни банкарски кредити. Пазар на капитал: долгорочни хартии од вредност (акции и обврзници) и долгорочно кредитирање на инвестициите (зајмовен капитал). Пазар на девизи: краткорочни побарувања во странски валути.
Во секоја пазарна економија, финансискиот пазар ги остварува следните функции: алокативна функција, одржување на одреден степен на ликвидност на економските субјекти и на националната економија, обезбедување на финансиски средства за зголемување на обемот и динамиката на економските активности и одржување на одреден степен на стабилност на домашната валута и стопанството во целина.
Финансискиот пазар овозможува усогласување на потрошувачката и доходот во текот на животниот век. Имено, во определени периоди, куѓето трошат повеќе отколку што заработуваат, а во други периоди тие трошат помалку отколку што изнесува нивниот доход. Ако не постои финансиски пазар, секој човек би морал да троши само толку колку што заработува. Наспроти тоа, со помош на финансикиот пазар, човекот може да потроши помалку од неговата заработка, а непотрошениот дел да го вложи во финансиски инструменти, кои ќе му овозможат да троши во иднина. На тој начин, финансискиот пазар озовможува пренесување на потрошувачката од денешнината во иднината. Обратно, финансискиот пазар им овозможува на луѓето да позајмат пари и така да трошат повеќе отколку што изнесува нивната тековна заработка, а долгот да го исплатат во иднина. На овој начин, финансискиот пазар овозможува пренесување на потрошувачката од иднината во денешнината. Друга важна функција на финансискито пазар е алокацијата на ризикот. Имено, луѓето се разликуваат според степенот на ризик што сакаат да го прифатат. Оние кои не сакаат голем ризик, можат да ги вложат парите во нискоризични финансиски инструменти (на пример, депозити), додека оние што се подготвени да прифатат повисок ризик ќе вложат во поризични финансиски инструменти (на пример, акции). Третата важна функција на финансискиот пазар е тоа што овозможува раздвојување на сопственоста од раководењето со претпријатијата. Така, со купувањето акции, луѓето стануваат сопственици на некое претпријатие, но без обврска да учествуваат во неговото раководење, кое го препуштаат на платени лица (менаџери).Zvi Bodie, Alex Kane, and Allan J. Marcus, Investments (fifth edition). Boston etc.: McGraw-Hill Irwin, 2002, стр. 5-7.
Современиот облик на финансискиот пазар постои од крајот на XIX век наваму, кога централните банки во пазарните земји основаа и организираа во почетокот национални, а подоцна и меѓународни финансиски пазари. Први почетоци на организирани пазарни трансакции егзистирале пред повеќе од 2.000 г. во Римското Царство. По распаѓањето на Римското Царство скоро десетина века не постоел организиран финансиски пазар.
Дури кон крајот на XII и почетокот на XIV век, со развитокот на италијанските градови Венеција, Џенова и Фиренца повторно почнуваат да се основаат и работат финансиските пазари. Кон крајот на XV и почетокот на XVI век биле основани националните финансиски пазари во Лондон и Париз. Кон крајот на XVI век во Амстердам основаниот финансиски пазар добива одлики на меѓународен финансиски пазар. Денес најзначајните финансиски пазари се наоѓаат во Лондон, Њујорк, Франкфурт, Токио и др.
Пазар на пари Поим и суштина на пазарот на пари
Пазарот на пари претставува сретнување на понудата и побарувачката на слободни краткорочни финансиски средства (краткорочни парични средства - краткорочни банкарски кредити; краткорочни хартии од вредност). Пазарот на пари може да се разгледува до два аскекти, и тоа во потесна или во поширока смисла на зборот.
Пазарот на пари во потесна смисла: претставува организиран механизам во институционална смисла на зборот со точно утврдени учесници, со нивни права и обврски, со дефиниран простор и време на функционирање и со регулирани услови за финансиските трансакции кои се вршат на овој пазар; опфаќа промет на меѓубанкарски жирални пари и краткорочни хартии од вредност; и учесници на пазарот се единствено за тоа овластени банки, специјализирана за тоа посредничка финансиска институција и централна банка.
Пазарот на пари во поширока смисла: ги опфаќа вкупните парични трансакции кои се вршат во една национална економија; го опфаќа прометот, освен со вишоци на парични средства и краткорочни хартии од вредност, и со готови пари, со валути и со девизи, земање и давање на сите краткорочни кредити, есконтирање реесконтирање, ломбардирање и реломбардирање; и учесници се сите субјекти на финансискиот систем на една национална економија.
Инструменти на пазарот на пари се: слободни парични средства: дневни пари (call money, tages geld) и термински пари (time deposits, termin geld) краткорочни хартии од вредност: државни обврзници, државни благајнички записи, благајнички записи на централната банка, депозитниот сертификат, банкарски акцепт и др. Како резултат на дејството на понудата и побарувачката на овие средства се формира и нивната цена (камата). Висината на каматата може да се формира на различни начини, а сепак тие се разликуваат и по тоа дали се работи за национални или меѓународни трансакции.
Значајноста на пазарот на пари се согледува во тоа што овозможува: одржување на оптимална ликвидност на субјектите, непречена циркулација на финансиски инструменти, остварување на целите на монетарно-кредитна и девизна политика, успешно функционирање на деловното банкарство и остварување на адекватна стапка на растеж и стабилност на стопанството во целина.
Пазарот на пари во развиена пазарна економија не е статична категорија, туку динамична - изложена на перманентни движења и промени т.н. пазарни осцилации, кои можат да бидат позитивни или негативн. Исто така разликуваме состојба на скапи пари (високи каматни стапки) и состојба на евтини пари (ниски каматни стапки).
На пазарот на пари важат определени принципи, и тоа: еднообразност на инструментите на пазарот на пари, пазарно однесување на субјектите и стабилност и доследност во пазарот на пари.
Функции на пазарот на пари
Со успешното функционирање на пазарот на пари (оптимална реализација на банкарските операции на тој пазар) се остварува непречено снабдување со пари на сите стопански субјекти и на општествената репредукција во целост.
Основните функции на пазарот на пари се: задоволување на побарувачката за парични средства на субјектите што учествуваат во пазарот на пари, одржување на оптимална ликвидност на монетарниот и кредитниот систем во земјата, остварување на дополнителни приходи на банките и другите учесници во пазарот на пари и урамнотежување на понуда и побарувачка на пари и краткорочни хартии од вредност.
Учесници на пазарот на пари
На пазарот на пари во извршувањето на трансакциите учествуваат определен број на субјекти, и тоа: централна банка, деловни банки и специјализирани финансиски посреднички институции, додека ако се сфати пазарот на пари во поширока смисла на зборот учествуваат сите субјекти на финансискиот систем на една национална економија. Останатите правни и физички лица своите права на пазарот на пари ги остваруваат преку деловните банки или преку посебно овластените посреднички финансиски организации. Централната банка во суштина е основач, организатор, регулатор и контролор на вкупните деловни процеси што се одвиваат на пазарот на пари. Таа автономно ги донесува одлуките според кои се одвиваат работите на пазарот на пари, кои се врзани за: цената на парите, изразена во поголема или помала есконтна и дисконтна стапка; обемот на понудата изразен во зголемувањето или намалувањето назадолжителните резерви; и обемот на јавниот долг изразен во продажба или купување на државни хартии од вредност. Централната банка може да стапува во пазарот на пари и за сметка на државата, кога државата треба да го финансира својот буџет. Деловните банки исто како и централната банка имаат својство на легитимен учесник во пазарот на пари. Деловните банки при работата во пазарот на пари дејствуваат во свое име, за своја сметка, на своја одговорност и на свој ризик дури и кога вршат работа за некој друг субјект (правно лице или физичко лице) кој не е учесник во пазарот на пари. Специјализираните посреднички финансиски институции, кои се учесници на пазарот на пари, треба да бидат посебно овластени (дозвола, лиценца) од централната банка. Разликуваме две групи на вакви организации: Дисконтни и есконтни финансиски организации, кои работат во свое име и за своја сметка; и Брокерски фирми, кои работат во свое име и за туѓа сметка (ги доведуваат во контакт купувачите и продавачите на паричните средства и краткорочните хартии од вредност - за тоа наплатуваат провизија).
Организација на пазарот на пари
Пазарот на пари, од аспект на институционалното организирање, може да се јави во три вида:
Институцинализиран пазар на пари, кој претставува посебна посредничка финансиска организација која што е специјализирана за вршење на работи на пазарот на пари. Таа посредничка финансиска организација работи во име и за сметка на своите членови и ги врши сите можни трансакции на пазарот на пари. Предноста е во тоа што овозможува концентрирање на понудата и побарувачката во едно место и во исто време - со тоа се добива пореална каматна стапка. Тука недостатоци постојат од аспект на тоа што ефикасноста на пазарот е помала, бидејќи брзината на операциите е помала поради постоење на посредници за секоја пазарна операција. Неинституционализиран пазар на пари, со кој се отстранија некои недостатоци на институционализираниот облик на пазар на пари, но со тоа се отстраниле и некои негови предности. Поради тоа овој облик на пазар на пари има третман на преоден облик од институционализиран во мешан вид на пазар на пари. Мешан вид на институционализиран и неинституционализиран пазар на пари, во кој централната банка - која има најголемо учество, ја регулира вкупната понуда и побарувачка на краткорочни парични средства и краткорочни хартии од вредност, со тоа и вкупните трансакции на пазарот на пари. Во развиените земји, пазарот на пари не е институционализиран, што не е случај со пазарот на капитал и пазарот на девизи кои се институционализирани. Во земјите во развој и неразвиените земји покрај официјалниот пазар на пари функционира и неофицијалниот (црн) пазар на пари, како резултат на институционалната неуреденост во монетарната сфера на тие земји - постоење на повисоки каматни стапки во однос на официјалниот пазар.
На пазарот на пари, посебно на пазарот на краткорочни хартии од вредност сретнуваме два вида на пазари: примарен пазар и секундарен пазар.
Примарен пазар на краткорочни хартии од вредност
На примарниот пазар на краткорочни хартии од вредност учествуваат централната банка, деловните банки и други финансиски и специјализирани институци за тргување со краткорочни хартии од вредност. На овој пазар се врши емитување и прва продажба на краткорочни хартии од вредност и тоа од јавноправен и приватен карактер: емитувањето и првата проджба на краткорочни хартии од вредност од јавен карактер (државни обврзници и благајнички записи на централната банка) го остварува централната банка. Продажбата и купувањето на овие хартии од вредност се врши по пат на: