мини|десно|190п
Гугл Земја (Google Earth) e програм кој овозможува 3D виртуелен приказ на Земјината површина исто така и на вселената, a од верзијата 5.0 и на морето. Приказот е создаден од многу различни сателитски слики,кои се накнадно споени во една содржина. Скоро секој дел од Земјината топка може да се зумира и да се откријат и најмалите детали.
Со Google Earth можат да се прегледуваат градови како и природни знаменитости (некои со поголема видливост при зумирање, а други со замагленост).
Освен „патување“ на определени места на Земјината топка, постојат и други додатни информации. Се цитираат одбрани информации за одделни поими како текстови од Википедија, слики од Панорамио, истражувања од National Geographic, исто така и приказ на патиштата и државните граници, а од најновата верзија достапно е и улично гледање на градовите во некои држави (street view), како и 3D приказ на згради. (само некои згради во светот ја имаат таа опција.)
Надворешни врски
Official Google Earth Website - Симнете го софтверот тука.
Earth Категорија:Географски информациски системи