Круша (науч. Pyrus) — род на дрвја кои раѓаат плод со исто име, средноевропско овошје, кое најмногу се одгледува во Европа, Северна Америка и Азија. Најпознати производители на круши се Италија, САД и Кина. Постојат околу 3000 варијанти на круши, со различна форма и вкус во светот.
Веројатно најстарото сè уште родно дрво на круша во Македонија е од сортата „боздонка“ и се наоѓа во Ресен, во дворот на една семејна куќа во близина на Сарајот. Се претпоставува дека дрвото било засадено во времето на Нијази-бег пред околу 150 години. Крушата е висока над 10 метри и таа е една од ретките круши во Ресен што не ја уништила болеста ервенија.„Постара е од Нијази-бег и 150 години раѓа плодови“, Дневник, година XVIII, број 5596, понеделник, 20 октомври 2014, стр. 27.
Крушата како лек Најновото научно истражување покажало дека крушите не само што го намалуваат нивото на холестерол во крвта, ја олеснуваат констипацијата (запек) и имаат противвоспалително дејство, туку помагаат и во лекувањето на мамурлакот.
Така, пиењето сок од круша пред консумирањето алкохол би можело драстично да го намали ризикот од мамурлак и да го намали нивото на алкохол во крвта. Најдобрата превенција би била 200 мл сок од корејска круша, но и консумирањето на самото овошје е доволно за позитивно дејство. Од друга страна, консумирање на сокот откако веќе сте консумирале алкохол, нема никакво дејство.
Крушата е едно од најздравите видови овошје кое може да се јаде свежо, а со него може да се прават и салати и свежи сокови кои изобилуваат со здравје. Крушата има витамин Ц, има фруктоза и гликоза, како и пектин кој служи за добра функција на дебелото црево.
Крушата е извор за енергија, штити од настинки и грипови, го нормализира притисокот и помага да се намали ризикот од појава на рак.
Галерија
Сорти на круши
Производство + Производство на круши во 2014 г.ЗемјаПроизводство<small>милиони тони<center> <center>18,0<center> <center>0,77<center> <center>0,75<center> <center>0,70<center> <center>0,46<center>Свет <center>25.8<small><center>UN Food & Agriculture Organization, Statistics Division
Крушата како тема во уметноста „Круша“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1979 година.Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 69. „Круша дивјачка“ — поетизирана проза на Блаже Конески од 1961 година.Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 166. „Шатовската круша“ — расказ на македонскиот писател Глигор Поповски.Глигор Поповски, Маслинови гранчиња. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 60-64. „Круша“ — расказ на македонскиот писател Бошко Смаќоски.Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 32-34. „Негации Круша“ — расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2010 година.Оливера Ќорвезироска, Две перници. Скопје: Три, 2010, стр. 119-122.
Наводи
Категорија:Овошје Категорија:Јаболкови Категорија:Овошни дрва Категорија:Флора на Европа