Идиот е личност со недоволен психички развој. Во повеќето случаи лицето не го владее говорот како средство за општење со луѓето, односно не употребува говор, не го разбира и се смета дека општото ниво на развој кое го постигнал не соодвествува на неговата возраст.
Идиотот како мотив во уметноста и во популарната култура „Идиот“ - роман на рускиот писател Фјодор Достоевски. „Парада на идиотите“ - песна на рускиот поет Хенрих Сапгир од 1970 година.Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 30-32. „Идиот“ (The Idiot) - музички албум на американскиот рок-музичар Иги Поп (Iggy Pop) од 1977 година.Discogs, Iggy Pop – The Idiot (пристапено на 17.12.2020) „КУД Идијоти“ (KUD Idijoti) - хрватска панк-рок група, основана во 1981 година.Discogs, Kud Idijoti (пристапено на 17.12.2020) „Идиотека“ (англиски: Idioteque) - песна на британската рок-група „Рејдиохед“ (Radiohead) од 2000 година.YouTube, Idioteque (посетена на 12.3.2021) „Идиотите владеат“ (Idiots Rule) - песна на американската рок-група „Џејнс адикшн“ (Jane's Addiction) од 1988 година.Discogs, Jane's Addiction – Nothing's Shocking (пристапено на 17.12.2020)
Наводи
Категорија:Психологија Категорија:Попреченост Категорија:Интелигенција Категорија:Умствена попреченост