Дора Бакојани (), родено име Теодора Мицотаки () (родена на ) е грчка политичарка, поранешен министер за надворешни работи на Грција и претседавач на ОБСЕ. Таа е и поранешен градоначалник на Атина. Таа е првата жена градоначалник на Атина во историјата на градот, единствената жена избрана за градоначалник на грчки главен град, и исто така прва жена која работела како министер за надворешни работи на Грција, највисоката позиција на која се нашла грчка политичарка досега.

Бакојани е ќерка на поранашниот премиер на Грција, Константин Мицотакис.

Градоначалник на Атина На 29 март 2002, Костас Караманлис, барајќи начин да ја прикаже растечката моќ на неговата партија во однос на ПАСОК на локалните избори, ја избрал Бакојани за кандидат за градоначалник на Атина. Таа водела пред големиот број на кандидати, но не успеала да победи во првиот круг, па била избрана за прва жена градоначалник на Атина во 3,5-милениумската историја на градот, поразувајќи го нејзиниот социјалистички противник Христос Папуцис во вториот круг, освојуваjќи 60,6% од гласовите.

Како градоначалник, Бакојани била во многу голема мера вклучена во организирањето на Летните олимписки игри во 2004. Таа го предала олимпиското знаме на градоначалникот на Пекинг, а воедно била и првата жена градоначалник на град-домаќин на Олимписките игри.

Формирање на нова партија

По поразот на Нова демократија на Парламентарните избори и заземањето на власта од страна на ПАСОК, дошло до промена на раководството во партијата. Во текот на мај 2010 година, Бакојани била исклучена од партијата, наводно поради својата поддршка на спасувачкиот финансиски пакет кој и бил понуден на Грција во времето на финансиската кризаА1 Телевизија: Дора Бакојани исклучена од Нова демократија. Поради ова, таа на 21 ноември 2010 година, ја основала новата политичка партија наречена Демократска алијанса. По формирањето на партијата, таа изјавила дека нејзината нова партија Демократска алијанса е со центристичко-либерална ориентација и ја определила како „независно демократско движењеhttp://www.time.mk/read/d8d464d4de/0d70772626/index.html“.

Наводи

Надворешни врски

site or Dora Bakoyannis's political party Официјално мрежно место на Дора Бакојани Страница на Facebook на Бакојани Страница на Twitter на Бакојани Страница на Бакојани на friendfeed Албум на flickr на Бакојани Dora Bakoyannis WebTV на YouTube Биографија на Дора Бакојани на мрежно местото на грчкото МНР Дора Бакојани претседавач на ОБСЕ Дора Бакојани, градоначалник на Атина, ја освои наградата World Mayor Award во 2005 МВР на Грција, официјални резултат на општинските избори во Атина од 2002.

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1954 година Категорија:Апсолвенти на Универзитетот во Атина Категорија:Градоначалници на Атина Категорија:Политичари од Демократска алијанса (Грција) Категорија:Грчки политичари Категорија:Министри за надворешни работи на Грција Категорија:Членови на Грчкиот парламент (1989-1990) Категорија:Членови на Грчкиот парламент (1990-1993) Категорија:Членови на Грчкиот парламент (1993-1996) Категорија:Членови на Грчкиот парламент (1996-2000) Категорија:Членови на Грчкиот парламент (2000-2004) Категорија:Членови на Грчкиот парламент (2004-2007) Категорија:Членови на Грчкиот парламент (2007-2009) Категорија:Политичари од Нова демократија (Грција)