Езерска пастрмка или езерска поточна пастрмка () — брза, слатководна риба која живее во бистри, чисти езера и припаѓа на семејството пастрмки.
Опис и градба Езерската пастрмка има многу мали лушпи, кои лежат цврсто прилепени до телото и затоа се тешко видливи. Првите зраци на прните, карличните и аналните перки се бели. Грбот и е зеленикаво-црн, страните на телото се сребрени, а стомакот е бел.
За време на периодот на мрестење, малку ја менува бојата на телото. Има големи, розови дамки во облик на буквата X, кои се ретко распоредени по телото.
Може да порасне во должина до 1 метар, но обично е пократка од половина метар. Може да тежи до 10 килограми и да живее до 15 години.
Навики, живеалиште, распространетост Живее во морето, а за време на мрестењето мигрира во слатка вода. Сепак, постојат и немиграциски слатководни форми, како што се оние што ги населуваат Бохињско Езеро и Пливското Езеро.
Тој е типичен жител на ладни и богати со кислород води. Иако главно живее во езера, може да се најде и во реки. Престојува во близина на брегот, особено на устието на реките. Патувајќи спротиводно, скока преку пречки на својот пат.
Репродукција Езерската пастрмка достигнува сексуална зрелост на возраст од 3 до 5 години, со должина од 50 до 60 сантиметри. Се мрести на песочното и чакалесто дно на езерото, од октомври до јануари. Положува од 3.000 до 6.000 јајца по должината на брегот. Развојот на ембрионите во лушпите од јајца трае од 65 до 72 дена.
Наводи
Надворешни врски
Информации за риболов на морска пастрмка Езерска пастрмка Категорија:Риби Категорија:Пастрмка Категорија:Слатководни риби Категорија:Риби во Охридско Езеро