Жупаништа или Жупаница (дијалектно: Жупанишча; , Левки или Άνω Λεύκη, Ано Левкидо, 1927 Ζουπάνιτσα, Зупаница)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Λεύκη — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур од истоимениот округ на Западна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 5 километри западно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Корешта во Костурската Котлина. Селото се наоѓа на надморска височина од 795 метри.
Историја
Османлиски период
Во XV век во селото биле евидентирани 60 глави на домаќинстваГандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и изкуство, II изд., София, 1989.. Во османлиските даночни регистри од средината на XV век Жупаништа е спомената со 18 глави на семејства и двајца невенчани: Бале, Којо, Јорго, Алекса, Којос, Гон, Јорго , Крано, Ѓурко, Дуко, Стамат, Стане, Манко, Петру, Димо, Јано, Јорги и Николас. Вкупниот приход за државата од селото е 1.520 акчињаОпширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 80. . Селото се споменува во отомански дефтер од 1530 под името Жупаниште со 36 христијански семејства, 21 неженети и 3 вдовици. Освен христијанското, било евидентирано и едно муслиманско семејствоHarun Yeni, Demography and settlement in Paşa sancaği sol-kol region according to muhasebe-i vilayet-i rumeli defteri dated 1530 [1530 tarihli Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli defteri'ne göre Paşa Sancağı sol-kol bölgesinde demografi ve yerleşim], Ankara, 2006, стр. 113..
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Жупаништа се состоело од 95 семејства со 207 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 106-107. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Жупаништа имало 630 МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.. Според грчкиот весник Емброс, во јануари 1903 година турскиот аркер го опожарил селото заедно со Тиквени и ГоренциEMBROS, 31.1.1903, стр. 3.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Жупаништа се води како чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 123 куќи.
Селото било под влијание на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 520 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 224 македонски патријаршисти и работеле две училишта, грчко и бугарскоBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 100 македонски семејстваБистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7..
Илинденски и постилинденски период мини|Ученици во патријаршиското училиште во Жупаништа во почетокот на XX век
Во август 1895 година Никола Суков од Жупаништа бил привлечен кон ВМОРО во Солун од Дамјан Груев, по препорака на Иван Чупов од Лабаница, проследуван веднаш од Кољо Зисов и Тољо Теохаров. По враќањето во Жупаништа тројцата млади жупанци го формирале револуционерниот комитет. По убиствата на Абедин бег од Костур и Касим ага од Капештица во пролетта 1900 година, револуционерното дело во Жупаништа се зацврстило и започнало да расте. На 8 спрема 9 декември во селото влегла подрачната чета на Атанас Петров и го мобилизирало речиси целото село во верност на ВМОРО и селото се претворило во еден од најпознатите револуционерни пунктови во Костурско, служејќи за излезна точка на комуникациите со Ресенско и Преспанско. Оваа улога се засилила особено по Илинденското востание во 1903 година, кога селото претставувало главен пункт на нестрамколската реонска чета. Во четите на ВМОРО учествувале седум селани - Пандо Сидов, селски војвода во востанието, а подоцна реонски и околиски, Никола Пантел, Насе Лисичов, Георги Гогов, Христо Кљашев, Трпко Шалапутов (од Орман) и Христо Ѓамов (од Орман) - а во востанието - 80 востаници, добро вооружени со сопствени средства. Жупанската чета на чело со Пандо Сидов, потпомогната од неколку чети ги прекинала телеграфските пораки на Костур-Билишта-Корча и Костур-Хрупишта, по кое учествувала во многу од борбите во областаМарков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 166 - 168..
За време на востанието жителите на селото го напуштиле и побегнале во внатрешноста на Корешта. Во овој период селото било ограбено и опожарено од османлискиот башибозук. Жртвите на селото се 17 мирни жители и востанициМарков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 175.. Според писмото на водачите на востанието во Костурско, Васил Чекаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол Розов и Михаил Розов, кое било испратено до сите странски конзулати во Битола на 30 август 1903 година, биле изгорени сите 120 куќи и биле убиени поп Костандин (70 г.), Трпо Мелов (60), Кирнако Атанасов (15), Дине Наков (50 ), Наум Киријазов (22), Васил Шопов (45), Кољо Ноловски (75), Сидер Андреев (55), Панает Јанев (45), Насо Деловен (60) и Нико Апостолов (62)Чекаларов, Васил. Дневник 1901-1903 година, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001, стр. 293.. Во овој период биле опожарени и трите цркви во селото: Света Петка, Света Троица и Свети ИлијаИлюстрация Илинден, бр.140, стр. 13.
По востанието на чело на револуционерниот комитет застанал Кољо Суков кој не ја дозволил во селото помошта на владиката Каравангелис и грчката митрополијат. Уште во пролетта 1904 година во селото влегла четата на Нумо Желински која го зацврстила револуционерниот комитетМарков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 175 - 176.. Грчка статистика од 1905 година го претставува селото како мешано грчко-мскедондко со 300 жители Грци и 400 Македонци. По востанието селото настрадало од грчки андартски нападиСилянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 211.. Во мај 1905 година една грчка чета заробила 43 печалбари, меѓу кои 8 од селото кои патувале кон Грција во грчкото село Скумско и ги убило, додека преживеале само Зисо Потев и Томо Чачов од Жупаништа и Станко од Габреш. Во 1906 година четата на гркоманот Лазар Апостолов убила 5 жени и едно девојче од Жупаништа, во 1907 година грчката чета го убила поранешниот четник на околинската чета на ВМОРО, Насо Лисичов, а во мај 1907 година градоначалникот Насо Гиров бил убиен од терористи на чаршијата во КостурМарков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 176 - 177..
На 22 февруари 1907 година војводата Митре Влаот со тројца четници - Вангел Поп Христов, Андон Брештенски и Иљо Вмбелски пристигнал во селото од Апоскеп. Четата била предадена на турските власти преку мито дадено од костурскиот грчки владика Германос Каравангелис на Христо од село Шестеово (денес Сидирохори). По тешката битка сите четници биле тешко повредени. Митре Влаот по наредба ги убил своите другари, по кое и тој самиот се самоубилНиколов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 106.. На 13 март 1907 година, подрачната чета на ВМОРО влегла во селото и ги казнила со смрт на предавниците Кољо Гечов, Ставро Шишов и Димитар Апостолов, како и Христо Попов поради издавање на тајни. Според костурскиот раководител на ВМОРО Георги Христов ова убиство била грешка, бидејќи предавството не се должело на нивМарков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 169 - 174..
Грчки период
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 557 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 483 жители.
Во текот на Првата светска војна, според официјалните бугарски документи, 14 жители се засолниле во Бугарија. Во селото имало 18 политички убиства.. Во 1927 година, селото било преименувано во Ано Левки.. Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на германските окупаториМичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.), по кое било предадено на бугарските сили.
Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 71 деца од селото биле протерани како деца бегалци
Демографија
Во 1928 година селото броело 471 жител., додека во 1940 година селото броело 507 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 155 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 393 жители, во 1971 година имало 313 жители, во 1981 година имало 376 жители, додека во 1991 година имало 400 жители. Денеска, населението на селото е 434 жители според пописот од 2001 година.
Културни и природни знаменитости Цркви „Св. Христофор“ од XIX век
Личности десно|мини|Лазар Апостолов десно|мини|Пандо Сидов. Родени во Жупаништа Алеко Шишковски (1925-1948) Андон Наумов (1891 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 483. Аргир Апостолов Вангел Мангов (1912 - 1947) Васил Василев (1892 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 109. Васил Зисов (1891 - ?Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 269. Васил Изидов (1890 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 306. Васил Христов (1889 - 1913)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 762. Владко АргировМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 51. Георги Сидов (1887 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 610. Димитар АпстоловΜάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 70. Доно Стамков (1875 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 638-639. Зисо Нолев Димитар Кљашев Аргир НиколовМарков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 168, 182 - 183. Јордан Наков (1890 - 1913)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 479. Кољо Зисов Тољо Теофаров Васил Станков (? - 1920)Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 182 - 183. Коста Атанасов (1890 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 66. Лазар АпостоловСпомени на Пандо Сидов во: Борбите в Македония и Одринско (1878 - 191). Спомени, Български писател, София, 1981, стр. 647. Мито Николов (1891 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 508. Наум Апостолов Наум ПанајотовМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 531. Никола Пантел Насе Лисичов Георги Гогов Христо КљашевМарков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 168, 184, 185. Никола Суков (1872 - 1927) Пандо Сидов (1878 - 1933) Спас ТомовМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 718. Ставро АпостоловΜάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 71.