Јездимир Богдански ( во Куманово — во Скопје,) — македонски политичар и општественик и претседател на претседателството на СР Македонија.

Потекнува од кумановско револуционерно семејство со богата традиција. На своите 11 години се приклучил во НОВ како партизански курир. Богдански бил во ресорот за внатрешни работи и полиција, каде што беше министер во две влади, бил и министер за здравство, член на Собранието на РМ и на Собранието на поранешна Југославија. Носител е на Партизанска споменица од 1941 година.

Починал 2007 година и закопан е на гробиштата во Куманово.

Поврзано

Анка Богданска

Наводи

Категорија:Политичари од Куманово Категорија:Македонски партизани Категорија:Починати во Скопје Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941