Вредностите во финансиските извештаи сами по себе не можат да бидат основа за донесување на квалификувани оценки за тековната состојба и успехот на компанијата. Токму заради тоа е потребно да се пресметаат финансиски показатели, преку кои ќе се оцени финансиската состојба на една компанија. Финансиските показатели се релативни показатели и ги претставуваат односите меѓу одделни билансни позиции. Тие се добиваат врз основа на хоризонтални, вертикални и временски споредби на позициите од финансиските извештаи на претпријатието и помеѓу претпријатијата, врз основа на споредба на податоците од финансиските извештаи и утврдените стандарди, како и врз основа на пресметаните проценти за индустриската гранка, за стопанската гранка на ниво на земјата.
Класификација на финансиски показатели Показатели на ликвидност Показатели на солвентност Показатели на деловна активност Показатели на профитабилност Профит (добивка) по вработен
Анализа на финансиски показатели Податоците од финансиските извештаи за 2004, 2005 и 2006 година за акционерското друштво А (во натамошниот текст: АД А) се дадени во Преглед 1 и Преглед 2.
Преглед 1: Биланс на успех за период од 01.01. до 31.12.2004, 2005, 2006 Ред. број Позиција 2004 2005 2006 1 Приходи од основна дејност од тоа на странски пазар 36.676.199 10.636.150 48.488.333 12.883.401 44.317.566 11.269.910 2 Расходи од основна дејност (37.263.139) (47.338.688) (43.422.195) 3 Приходи од други активности 1.658.629 1.960.338 2.315.827 4 Расходи од други активности (756.759) (1.362.866) (1.943.310) 5 Вкупно приходи 38.334.828 50.448.671 46.633.393 6 Вкупно расходи (38.019.898) (48.701554) (45.365.505) 7 Добивка пред оданочување 314.930 1.747.117 1.267.888 8 Данок на добивка (52.908) (293.515) (200.183) 9 Добивка за финансиската година 262.022 1.453.602 1.067.705„Репрезент“ – стручно списание на Рафајловски консалтинг број 3 март 2005 година
Преглед 2: Биланс на состојба на АД “А” на ден 31.12.2004, 2005 и 2006 година Позиција 2004 2005 2006 Актива А. Побарувања за запишан а неуплатен капитал - - - Б. Постојани средства - - - 1.Нематеријални средства 292.866 430.915 833.448 2.Материјални средства 43.967.725 40.792.032 37.700.740 3.Финансиски вложувања - долгорочни 142.801 211.836 3.944.527 В. Тековни средства 25.587.845 32.815.831 35.469.834 1.Залихи 11.489.595 9.815.941 9.942.333 2.Побарувања а)Побарувања од купувачите б)Останати побарувања 3.513.940 68.652 5.015.371 102.355 9.054.031 184.776 3.Финансиски вложувања - краткорочни 9.152.005 15.713.502 14.696.688 4.Парични средства и хартии од вредност 1.363.653 2.168.662 1.592.006 Г. Платени трошоци за идните периоди и недостасана наплата на приходи 206.318 175.208 157.235 Д. ВКУПНА АКТИВА 70.197.555 74.425.822 78.105.784 ПАСИВА А. Капитал и резерви 57.658.308 59.405.425 59.421.506 1.Запишан капитал 50.257.560 50.257.560 50.257.560 2.Премии на емитирани акции - - - 3.Ревалоризациона резерва 6.702.780 6.702.780 6.703.403 4.Резерви 435.946 729.461 767.838 5.Акумулирана добивка - 262.022 625.000 6.Пренесена загуба - - - 7.Добивка за финансиската година 262.022 1.453.602 1.067.705 8.Загуба за финансиската година - - - Б. Долгорочни резервирања за ризици и трошоци 256.279 515.748 520.883 В. Долгорочни обврски 5.360.155 4.493.537 3.786.437 Г. Краткорочни обврски 6.922.813 10.011.112 14.376.958 Д. Одложено плаќање на трошоците и приходите во идни периоди - - - Ѓ. ВКУПНА ПАСИВА 70.197.555 74.425.822 78.105.784„Репрезент“ – стручно списание на Рафајловски консалтинг број 4 април 2006 година „Репрезент“ – стручно списание на Рафајловски консалтинг број 5 мај 2007 година
Показатели на ликвидност Ликвидноста најчесто се дефинира како способност на тековно плаќање. Моменталната способност за плаќање може значително да варира. Поради тоа ликвидноста се проценува само во просек. Врз основа на податоците предочени во финансиските извештаи тешко е да се стекне потполна слика за ликвидноста на тековниот период, бидејќи почетните позиции на Билансот на состојбата постојано се менуваат.
За што попрегледен приказ на односите на позициите на Билансот на состојбата врз основа на кои се пресметуваат показателите на ликвидноста и солвентноста добро е да се утврдат процентните односи на главните позиции во Билансот на состојбата.
Коефициент на општа ликвидност Коефициентот на општа ликвидност се нарекува тековен однос ratio Current Ratio. Тоа е однос меѓу тековната актива и тековната пасива. Коефициентот на општа ликвидност покажува можност дека од тековната актива (која ја сочинуваат парите, побарувањата, финансиските средства, други слични средства и залихи) може да се намират тековните обврски меѓу кои најголем дел отпаѓа на обврските спрема добавувачите и краткорочните кредити.
Врз основа на искуствата се смета дека коефициентот на општа ликвидност е 2,00 според некои 1,5 за кои се верува дека сите тековни обврски ќе бидат намирени на време.
За АД “А” коефициентот на општа ликвидност за 2006 година изнесува 2,48.
Коефициент на општа ликвидност = Тековна актива / Тековна пасива = 35.627.069 / 14.376.958 = 2,48
Коефициент на забрзана ликвидност Коефициентот на забрзана ликвидност се пресметува на следниов начин:
Коефициент на забрзана ликвидност = (Тековна актива - Залихи) / Тековна пасива
За АД “А” коефициентот на забрзана ликвидност за 2006 година е следниов:
Коефициент на забрзана ликвидност = (35.627.069 - 9.942.333) / 14.376.958 = 1,786
Коефициентот на забрзана ликвидност покажува способност за намирување на тековните обврски под претпоставка дека залихите не може да се продадат. Врз основа на искуствата се верува дека коефициентот на забрзана ликвидност е 1,00 или повеќе и се смета дека сите тековни обврски ќе бидат намирени на време.
Според тоа, АД “А” има добра позиција на ликвидност дури и ако се појават тешкотии во продажба на залихите. За жал, овој показател е индиферентен спрема неможноста да се наплатат побарувањата.
Работен капитал Работно расположливиот капитал Capital Working Capital или работен капитал претставува разлика меѓу тековната актива и тековната пасива. Тој дава информација за висината на капиталот кој стои на располагање за задоволување на тековните обврски и несаканите парични издатоци. Ако работниот капитал е негативен, ликвидноста е загрозена бидејќи тоа значи дека долготрајната актива се финансира од тековните обврски.“ Идеалната” висина на работниот капитал би требала да биде еднаква на половина од тековната актива. За АД “А” во 2006 година тој изнесува 17.813.534 денари. Бидејќи работниот капитал е позитивен и ја пречекорува контролната мерка, тоа дополнително ја потврдува добрата позиција на ликвидноста.
Време за наплата на побарувањата од купувачите Времето за наплата на побарувањата се пресметува на следниов начин:
Времето на наплата на побарувањата(во денови) = 360(денови) / Коефициент на обрт на побарувањата
Коефициент на обрт на побарувањата = Ненаплатени побарувања / Просечна состојба на побарувањата
Времето на наплата на побарувањата(во денови) = 360(денови) / Просечна состојба на побарувањата
Пресметката може да се изврши и на следниов начин:
Времето на наплата на побарувањата(во денови) = Просечна состојба на побарувањата / Просечна дневна наплата на побарувањата
Просечна дневна наплата на побарувањата = Наплатени побарувања / 360
Времето на наплата на побарувањата(во денови) = Просечна состојба на побарувањата / (Наплатени побарувања / 360)
односно:
Времето на наплата на побарувањата(во денови) = (Просечна состојба на побарувањата * 360) / Наплатени побарувања
Прецизен податок за просечната состојба на побарувањата може да се утврди единствено ако се пресмета просекот на дневни салда на сметките од побарувањата од купувачите. Бидејќи тоа често е невозможно, просечната состојба на побарувањата од купувачите се пресметува така што се собира состојбата од Билансот на состојбата за тековната година и состојбата за претходната година па се дели со два. Најчесто за да се поедностави пресметката, место вистински просек на побарувањата од купувачите, се зема состојбата на побарувањата од купувачите од Билансот на состојбата за тековната година.
Прецизен податок за наплатените побарувања може да се утврди единствено ако се соберат наплатените побарувања на сите сметки од побарувањата од купувачите. Ако дел од продажбата се однесува на продажба во готово, тогаш според оригиналниот модел за пресметување на времето на наплата на побарувањата во денови не се добива вистинска слика за ликвидноста.
Поради тоа место стварно наплатените побарувања се запишува податок за наплатен приход од продажба. Меѓутоа, во наши услови наплатениот приход од продажба на домашен пазар треба да се зголеми за ДДВ со што би бил изедначен и споредлив со побарувањата во кои е вклучен ДДВ.
Показатели на солвентност Анализата на солвентноста треба да даде одговор на прашањето дали може да се очекува дека компанијата ќе може на време да ги задоволи своите обврски на подолг рок. Станува збор, значи, за оценка на долгорочната финансиска стабилност.
Коефициент на финансиска стабилност Коефициентот на финансиска стабилност покажува во која мерка постојаните средства зголемени за залихите се покриени од долгорочните извори на финансирање, т.е. сопствен и туѓ капитал. Коефициентот на финансиска стабилност се пресметува на следниов начин:
Коефициент на финансиска стабилност = (Сопствен капитал + Долгорочни резервирања + Долгорочни обврски) / (Постојани средства + Залихи)
Врз основа на искуствата се смета дека друштвото има финансиска стабилност ако залихите се покриени од долгорочните извори на финансирање. Поради тоа контролната мерка за овој показател е 1,00. Коефициентот на финансиска стабилност на АД “А” за 2006 година е следниов:
Коефициент на финансиска стабилност = (59.421.506 + 520.883 + 3.786.437) / (42.478.715 + 9.942.333) = 1,22
Коефициентот на финансиска стабилност на АД “А” за 2005 година изнесува 1,26. Бидејќи коефициентот на финансиска стабилност е поголем од 1, може да се каже дека финансиската стабилност на АД “А” е многу добра.
Степен на самофинансирање Степенот на самофинансирање покажува во кој процент се покриени средствата од сопствени извори. Што е поголем процентот на сопствени извори (капитал и резерви) на финансирање се смета дека друштвото е финансиски постабилно. Меѓутоа, врз основа на анализа на односите на Билансот на состојбата во праксата се смета дека е оптимално кога средствата се покриени од сопствените извори во 50% износ.
Степенот на самофинансирање се пресметува на следниов начин:
Степен на самофинансирање(во %) = (Сопствен капитал * 100) / Вкупни средства (вкупна актива)
Степен на самофинансирање(во %) = (59.421.506 * 100) / 78.105.784 = 76,08 %
За 2005 година степенот на самофинансирање на АД “А” изнесува 79,82 %. Според тоа, АД “А” има многу висок степен на самофинансирање, што говори за висока солвентност и изразена финансиска стабилност.
Фактор на задолженост, број на години Факторот на задолженост, број на години, покажува колку години би биле потребни, со остварување на тековната добивка и амортизација да се подмират вкупните обврски. Факторот на задолженост се пресметува на следниов начин:
Фактор на задолженост, број на години = Вкупни обврски / (Добивка + Амортизација)
Врз основа на анализата на “идеалните” односи на Билансот на состојбата со вклучување на фактички статистички податоци може да се претпостави дека контролната мерка за овој показател е 5 години. Со други зборови, ако за покривање на вкупните обврски од добивката и амортизацијата потребно е помалку од 5 години, тогаш солвентноста е добра, а ако е потребно повеќе од 5 години задолженоста е превисока.
За АД “А” факторот на задолженост за 2006 година изнесува:
Фактор на задолженост, број на години = 18.684.278 / (1.067.705 + 5.381.320) = 2,90 години