Во геометријата, ромбоид е четириаголник кој има два пара паралелни страни (т.е. е паралелограм), но соседните страни не се исти (т.е. не е ромб) и нема внатрешен агол од 90° (т.е. не е правоаголник).  Од друга страна, поимот паралелограм вклучува и ромбоиди, ромбови, правоаголници и квадрати.

400п

Ромбоид е паралелограм кој не е ромб, ниту правоаголник, ниту квадрат.

Формули и особини на ромбоид Види и паралелограм.

Ромбоид е паралелограм Спротивните страни се складни (со иста должина). Спротивните (внатрешните) агли се складни (со иста големина). Соседните агли се суплементни (збирот им е 180°). Ромбоид не е ромб. Соседните страни на ромбоид не се складни. Дијагоналите на ромбоид не ги преполовуваат внатрешните агли. Ромбоид не е правоаголник. Соседните агли на ромбоид не се складни. (Бидејќи ромбоидот е паралелограм, збирот на соседните агли е 180°. Доколку беа складни би биле по 90° и фигурата би била правоаголник.) Дијагоналите на ромбоид не се складни.

Симетрија Ромбоидот нема осна симетрија. Ромбоидот како паралелограм има вртежна симетрија од 2-ри ред.

Впишана и опишана кружница Ромбоидот нема ниту впишана, ниту опишана кружница, т.е. не е ниту тангентен четириаголник ниту тетивен четириаголник..

Поврзани теми Паралелограм Ромб Четириаголник, Многуаголник

Наводи

Категорија:Четириаголници Категорија:Многуаголници Категорија:Геометриски фигури Категорија:Елементарна геометрија Категорија:Геометрија Категорија:Математичко образование