Суштество - (грч. τὸ ὄν; лат. ens), она што е (id quod est): ствар, предмет, актуалност, поединечно и конкретно суштество кое ја конституира стварностаОксфордски англиски речник (онлајн ед.). Прес на Универзитетот Оксфорд.. Основното значење на поимот е "да се биде нешто", односно суштество е сè она на што на кој било начин може да му се припише дека е, она што го има битието како својственост. Суштеството е најуниверзалниот поим и темелниот објект на метафизиката, не е можно да се дефинира по родот и специфичната разлика. Поимот суштество како такво (ens ut sic) е еден и аналоген, изрекува крајна апстракција и кажува само дека нешто е, значи му се противи на ништото (нулата), и ги опфаќа реалните и умствените суштества (ens rationis). Реалните суштества можат да бидат стварни и можни; стварните можат да бидат самостојни (супстанциите) и несамостојни (акциденциите); самостојните (супстанциите) можат да бидат независни (Бог) и зависни (створенијата). Мисленото суштество (ens rationis) пак, може да биде со темел во стварноста (на пр. просторот) или без темел во стварноста (на пр. ништожеството). Апсолутниот темел на суштествувањето е реалното, стварното, самостојното и независното, и како такво оригиналното битие, темелот на сите останати видови суштества. Прашањата за суштеството ги проучува метафизиката (онтологијата).

Поврзано Атман Cogito ergo sum Ентитет Есенција Егзистенционализам Живо суштество Онтологија Господ Феномен Време Наводи

Категорија:Онтологија Категорија:Концепти во епистемологијата Категорија:Концепти во логиката Категорија:Метафизички поими