Стево Симски (, ) – поет, раскажувач, писател за деца.

Животопис Роден на 07. 09. 1953 година во село Јабука, во Војводина, Србија, чие население е претежно македонско. Од 1961 година живее во Скопје. Завршил Педагошка академија, група македонски јазик. Петнаесет години работел како наставник по македонски јазик, а од 1997 до 2017 година работел како дипломат во Министерството за надворешни работи на Република Македонија. Добитник е на над десетина награди на конкурсите за краток расказ. Автор е на над 80 ТВ-сценарија снимени од МРТВ, ТВ Алфа и ТВ Сител.Добитник на престижната награда „Григор Прличев“ е Стево Симски на семрежното место на Центарот за култура - Охрид

Творештво Автор е на книгите: Бродот нуркач (поема за деца, 1991), Лаѓа од картон граѓа (брзозборки, 1992), Ѕвездена порта (роман, 1993), Источен ѕид (поезија, 1999), Раѓање на ангелот (поема, 2001), Зимска шапка (раскази, 2002), Виолетов дожд (раскази, 2004), Недеремено око (поезија, 2008) Таинство на Богомилите, 2019)

Автор е на 5 сценарија од серијата „Македонски народни приказни 2“ (1994-1995)Филмографија на Стево Симски на IMDB Магарешки инает, 1994 Чиракот – мајстор, 1994 Спогодба си е спогодба, 1994 Секој со својата мака, 1994 Жив арамија, 1995

Награди Наградени книги: Прва награда на Подкозјачките поетски средби, 1999, за збирката песни „Источниот ѕид“ Прличева награда за поемата „Раѓање на ангелот“, 2000Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 231. Прличева награда за поемата „Таинство на богомилите“, 2019

Наводи

Категорија:Македонски поети Категорија:Добитници на наградата „Григор Прличев“ за поема