thumb|250px|right|Како да се најде Спика на ноќното небо. Спика (Spica) позната и како Ариста (α Vir / α Virginis) — најсјајна ѕвезда во соѕвездието Девица, и 15-та најсјајна ѕвезда на ноќното небо. Се наоѓа на 260 светлосни години од Земјата. Оваа ѕвезда е син џин, променлива ѕвезда од типот Beta Cephei.

Историја на набљудувањата

За Спика се верува дека е ѕвезда која Хипарх ја искористил за да ја открие појавата прецесијата на рамноденицата. Храмот на Менат (порано Хатор) во Теба бил изграден во 3200 година п.н.е., и свртен кон Спика, но со време, поради прецесијата, забележливо е изместувањето на линијата што ја имале ѕвездата и храмот. Никола Коперник направил многу забелешки во врска со оваа ѕвезда, при неговото проучување на прецесијата.

Особености Спика е сјајна ѕвезда, чија привидна величина се движи меѓу +0,92 и +1,04, со вртежен период од 4,0142 дена. Таа е променлива ѕвезда од типот Бета Кефеј. Сјајноста ѝ е 2.300 пати поголема од онаа на нашето Сонце. Спика е двојна ѕвезда, а растојанието меѓу двете ѕвезди е толку мало што речиси и не се забележуваат како две, туку како една.

Видливост Бидејќи е сместена блиску до еклиптиката, Спика може да биде затемнета од Месечината и понекогаш од некои од планетите. Последното затемнување на Спика се случило кога Венера поминала пред ѕвездата (гледано од Земјата) на 10 ноември 1783 година. Наредното затемнување ќе се случи на 2 септември 2197 година, кога Венера повторно ќе помине пред Спика. Сонцето поминува на околу 2º северно од Спика секоја година околу 16 октомври.

Најлесниот начин да се најде Спика на ноќното небо е да се следи линијата на седумте ѕвезди од соѕвездието Голема Мечка до Арктур, а потоа да се додаде истата должина и ќе се дојде до Спика.

Етимологија и значење Името „Спика“ доаѓа од латинското spīca virginis „Клас жито на Девицата“ (обично се мисли на пченица). Во кинеската астрономија, оваа ѕвезда е позната како Jiao Xiu 1 (角宿一). Во хиндуистичкиот календар, Спика се нарекува „Накшатра Читра“.

Во астрологијата, Спика е една од неподвижните ѕвезди, со значење смарагд која носи неограничена добра среќа. Корнелиус Агрипа кабалистичкиот симбол за Спика Податотека:Agrippa1531 Spica.png го посветил на Хермес Трисмегист.

Наводи

https://web.archive.org/web/20040615093110/http://www.space.com/spacewatch/spica_virgo_040611.html

Надворешни врски Каталог на сјајни ѕвезди

Категорија:Девица (соѕвездие) Категорија:Двојни ѕвезди Категорија:Ѕвезди Категорија:Именувани ѕвезди Категорија:HD-објекти Категорија:HR-објекти Категорија:HIP-објекти Категорија:Вртечки елипсоидни променливи ѕвезди Категорија:Бајерови објекти Категорија:Флемстидови објекти Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:Бело-сини џинови Категорија:Бело-сини подџинови Категорија:Ѕвезди од главната низа од типот B Категорија:Бета-кефеиди