Кирил Илиев Пенушлиски (15 ноември 1912 - 23 мај 2004) — македонски фолклорист, основоположник на оваа наука во Македонија.

Роден е во Солун на 15 ноември 1912 година. Татко му Илија бил трговец а мајката Катерина домаќинка. Завршил основно образование во родниот град, потоа гимназија во Скопје во 1931 година. Во 1938 година завршил Филозофски факултет, група Југословенска книжевност и докторирал на тема: „Стефан Верковиќ - собирач на македонски народни умотворби“ (1956 г.). За време на окупацијата активно бил вклучен во НОБ, (бил претседател на илегалниот НОО одбор на Скопје), а по војната работел на повеќе важни функции, во Министерството за трговија, генерален секретар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, професор на Филозофскиот, по 1974 година, во новиот Филолошки факултет, Декан на Филолошкиот факултет, Ректор на Скопскиот универзитет, член на Советот на републиката и др. Доктор по филолошки науки и основоположник на македонската фолклористика. Тој бил почесен член на ДПМ.

Пенушлиски е татко на ликовниот уметник Илија Пенушлиски.

Творештво

Пословици со Харалампие Поленаковиќ (1954), Марко К. Цепенков, Македонски народни приказни, три книги, (1958-9), Стефан И. Верковиќ, Македонски народни песни (1961), Миладиновци, Зборник, заедно со Димитар Митрев и Александар Спасов (1962), Книга за Миладиновци, заедно со Димитар Митрев и Александар Спасов(1962), Народна поезија (1964), Народни приказни (1964), Црвен се бајрак развева (1965), Македонско народно творештво, во десет книги, (1968-1973), Волшебни приказни (1968), Јуначки песни (1968), Обредни и митолошки песни (1968), Ајдутски и револуционерни песни , соработник Јован Бошковски, (1969), Пословици и гатанки (1969), Преданија и легенди (1969), уредник на Љубовни народни песни, избор и редакција Душко Наневски (1971), Приказни за животни (1973), Битови приказни и анегдоти (1973), Трудови, семејни и хумористични песни (1973), Марко К. Цепенков, Македонски народни умотворби во десет книги (1972), главен уредник, Блаже Ристовски, одговорен уредник и Томе Саздов, член на редакцијата, Малешевски фолклор (1980), Македонски еротски приказни (1981), Македонски фолклор(1981), Светот на приказните на Марко К. Цепенков (1982), Гоце Делчев во фолклорот, заедно со Танас Вражиновски (1983), Марко Крале, легенда и стварност (1983), Македонски народни балади (1983), Стефан И. Верковиќ, Македонски народни умотворби во пет книги (1985), Болен Дојчин (1986), Богови и попови, заедно со Танас Вражиновски (1987),

Одбрани фолклористички трудови, четири книги, (1988),

Васил Икономов, Старонародни песни и обичаи од Западна Македонија, со Блаже Ристовски и Блаже Петровски, (1988), Марко К. Цепенков, Македонски народни приказни во пет книги (1989), Народната култура на Егејска Македонија (1992), Фолклорни поетски мотиви (1992), Зборникот на Панајот Гиновски од Галичник (1995), Митот и фолклорот (1996), Ѓорѓи Милошев, Галички свадбарски народни песни (1996), Приказни за лисицата (1997), Македонски фолклор, историски преглед, (1999)

Книги за деца:

Јуначки мегдан (1964)

Итри, будалести и секакви (1964).

Надворешни врски Статија во Утрински весник . Статија во Дневник . Кратка биографија на страницата на Друштвото на писателите на Македонија.

Извори Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје 2009, стр. 1132

Категорија:Луѓе од Солун Категорија:Починати во 2004 година Категорија:Македонски фолклористи Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски ректори Категорија:Македонски декани Категорија:Југословенски фолклористи Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски ректори Категорија:Југословенски декани Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Ректори на УКИМ Категорија:Декани на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје