Бијонсе Жизел Ноулс (англиски: Beyoncé Giselle Knowles), родена на 4 септември 1981 година, најдобро позната само како Бијонсе, е американска Р&Б пејачка, текстописец, продуцент, глумица и моден творец. Родена и израсната во Хјустон, Тексас, таа била зачленета во различни школи за сценски уметности и уште од мала била изложена на натпревари по пеење и танцување. Ноулс станува славна во доцните ‘90-ти како главен вокал на женската група Дестинис Чајлд.

За време на паузата на Дестинис Чајлд, Ноулс го издаде својот прв соло албум, Dangerously in Love, во јуни 2003 година. Dangerously in Love ги создаде број-еден хитовите: „Crazy in Love“ и „Baby Boy“. Албумот стана еден од најуспешните албуми таа година. Тој ѝ донесе на Ноулс пет Греми награди во 2004 година и неговиот прием ја докажа нејзината изводливост како соло артист. Растурањето на Дестинис Чајлд во 2005 година го олеснија нејзиниот постојан успех: таа го издаде својот втор соло албум, B'Day, во 2006. Албумот се искачил на првото место на табелата Билборд 200 и од него произлегле сингловите „Irreplaceable“ и „Beautiful Liar“. Нејзиниот трет соло албум, I am… Sasha Fierce, беше издаден во ноември 2008 година и ги вклучува хитовите: „If I Were a Boy”, „Single Ladies (Put a Ring on It)“ и „Halo”. Албумот ѝ донел шест награди на 52. Греми награди, со што го срушила рекордот на најмногу освоени Греми Награди од женски артист за една ноќ.Ла Горс, Тами (31 јануари 2010)."Beyoncé's Golden Record". Grammy.com. Retrieved 1 февруари 2010.Сизаријо, Бен (1 февруари 2010). "At Hot Contest, Cool Beyoncé Is a Dynamo but Never a Diva". The New York Times. Retrieved 2010-02-01.

Успехот на нејзините соло албуми ја оформи Ноулс како еден од најпродаваните артисти во музичката индустрија. Таа ја започна својата глумечка кариера во 2001 година, појавувајќи се во мјузиклот Кармен: Хип Хупера. Во 2006 година, ја играше главната улога во филмската адаптација на мјузиклот од Бродвеј, Dreamgirls, за кој заработила две номинации за Златен Глобус. Во 2004 година, Ноулс ја лансираше својата семејна модна линија, House of Deréon, и беше ангажирана да потпише брендови како Песпси, Томи Хилфигер, Армани и Лореал. Во јуни 2010, Ноулс била рангирана на второто место на списокот на 100 Најмоќни и Највлијателни познати луѓе во светот од Форбс, и на првото место на нивниот спусок на Намочни и Највлијателни музичари во светот.

Ноулс има добиено многу награди и пофалби. Таа е една од најпочестените артисти на Греми Наградите и трета меѓу женските артисти,Shriver, Jerry (February 1, 2010). "One fierce night for Beyonce, Swift and Gaga at the Grammys". USA Today. Retrieved August 13, 2010 со 16 Греми Награди— "Beyonce-- Grammy History". Grammy.com. Retrieved March 8, 2011 – 13 како соло артист и 3 како член на Дестинис Чајлд.Trust, Gary (May 28, 2010). "Ask Billboard: Beyonce Vs. Gaga Vs. Rihanna". Billboard. Retrieved August 13, 2010 Ноулс била рангирана на четвртото место на декадата од 2000-тите од Билборд и била вклучена како една од најуспешните женски артисти на декадата, како и топ радио артист на декадата. Американската Снимачка Индустриска Асоцијација (RIAA), исто така ја ранкирала Ноулс меѓу првите сертифицирани артисти на декадата.Pedersen, Erik (February 17, 2010). "Beyoncé Tops Decade's RIAA Sales ". The Hollywood Reporter. Lori Burgess. Retrieved 2010-02-18.Lamy, Johnathan, Cara Duckworth and Liz Kennedy. (February 17, 2010). "RIAA Tallies the Decade's Top Gold and Platinum award Winners". Recording Industry Association of America. Retrieved 2010-02-18. Ноулс има продадено повеќе од 118 милиони плочи низ целиот свет, од кои 11.2 милиони албуми и 25 милиони синглови има продадено само во САД од мај 2010. Од септември 2009, таа продала 75 милиони албуми ширум светот, со што станала еден од најдобро продаваните музички артисти на сите времиња.

Живот и кариера 1981–1996: Ран живот и почетоците на кариерата Ноулс е родена во Хјустон, Тексас, ќерка на Метју Ноулс, успешен менаџер, и Тина Бијонсе, костимограф и стилист за коса. Таткото на Ноулс е Афроамериканец а мајката од креолско (афроамериканско, американско и француско) потекло. Бијонсе е крстена по моминското име на мајка ѝ како почит кон неа и за да не застари името, бидејќи само малку машки во семејството го носат тоа име. Нејзините баба и дедо од мајчина страна, Лумиз Алберт Бијонсе и Агнез Дереон, се од Луизијана Креоле, каде францускиот е службен јазик. Таа е постарата сестра на Соланж Ноулс, пејачка-текстописец и глумица.

Бијонсе се образувала во основното школо St.Mary во Тексас, каде била посетувала часови по танц, вклучувајќи балет и џез. Нејзиниот пејачки талент бил откриен кога нејзиниот инструктор по танцување почнал да мрмори некоја песна, и таа ја довршила, достигнувајќи ги високите тонови. Иако срамежлива девојка, за каква што ја сметала нејзината мајка, интересот на Ноулс за музика и изведување почнал неочекувано по учествувањето во едно училишно шоу за таленти. Откако доживеала момент на сцената, таа го надминала својот срам и сакала да стане пејач и изведувач. На седумгодишна возраст, таа учествувала на своето прво шоу за таленти, пеејќи ја „Imagine” од Џон Ленон. Таа победила на натпреварот и била почестена со овации. Уште на таа возраст, Ноулс почнала да добива внимание од медиумите и била спомената во локалниот весник Houston Chronicle како номирана за локалната награда за сценски уметности- The Sammy.

Есента, 1990 година, Ноулс се запишува во училиштето Parker, привлечно музичко школо во Хјустон, каде што би изведувала на сцена со школскиот хор. Таа исто така ја посетувала и Високата Школа за Сценски и Визуелни Уметности во Хјустон, а подоцна во средното школо Alief Elsik. Ноулс била солист во хорот на нејзината црква, во St. John’s United Methodist Church. Но, во хорот издржала само две години, бидејќи била преокупирана со нејзината новооткриена кариера.

На осумгодишна возраст, Ноулс се запознала со ЛаТавија Роберсон на аудиција за женска група. Тие, заедно со другарката на Ноулс, Кели Роуланд, биле сместени во група којашто изведувала рап и танцување. Првично именувани каоо Girl’s Tyme, со текот на времето се намалиле на шест членки. Со Ноулс и Роуланд, Girl’s Tyme привлекувале публика на државно ниво. Ритам и блуз продуцентот од западниот брег, Arne Frager, долетал до Хјустон, да ги види. Потоа ги однел во неговото студио- The Plant Recording Studios – во Северна Каролина, ставајќи го во преден план вокалот на Бијонсе, бидејќи мислел дека таа има личност и моќ за пеење. Како дел од напорите за Girl’s Tyme да потпишат договор за голема продуцентска куќа, стратегијата на Фрагер вклучувала нивно дебитирање во Star Search, најголемото шоу за таленти на националната ТВ во тоа време. Girl’s Tyme учествувале во натпреварот, но изгубиле, бидејќи, како што самата Ноулс признава, песната што ја пееле не била добра. По овој пораз, Ноулс го доживува првиот „професионален неуспех”, но потоа повторно ја вратила самодовербата откако дознала дека и поп ѕвездите Бритни Спирс и Џастин Тимберлејк го имале истото искуство.

За да управува со групата, таткото на Ноулс (кој во тоа време бил продавач на медицинска опрема), во 1995 година, дава отказ од својата работа. Тој го посветил своето време и воспоставил „логор” за нивно обучување. Овој потег ги намалил приходите на семејството Ноулс на половина и поради големиот притисок нејзините родители се разделиле. Кратко по вклучувањето на Роуланд, Метју го намалил првичниот состав на четири, со доаѓањето на ЛеТоја Лукет во 1993 година. Вежбајќи во салонот на мајката на Ноулс -Tina’s Headliners Salon, групата продолжила да настапува како предгрупа на многу веќе докажани ритам и блуз групи во тоа време; Тина придонела во процесот со дизајнирање на нивните костими, што продолжила да го прави низ целиот Дестинис Чајлд период. Со постојаната поддршка на Метју, тие оделе на аудиции во продуцентски куќи, пред конечно да потпишат за Elektra Records, за на крај да бидат отфрлени само неколку месеци пред да можат да издадат албум. Ова ја разделило нејзината фамилија и нејзините родители биле накратко разделени кога таа имала 14 гофини. Во 1996 нејзината фамилија повторно се вратила заедно и девојките потпишале договор со Columbia Records.

1997–2001: Периодот на Дестинис Чајлд и депресијата

200px|right|thumb|Ѕвезда на Destiny's Child на Hollywood Walk of Fame. Земајќи инспирација од извадок од Книгата пророк Исаија, во 1993 г., групата го менува името во Дестинис Чајлд (Destiny’s Child). Заедно тие настапуваат на локални случувања, и по четири години на пат, во 1997 г. потпишуваат за Columbie Records. Истата година, Дестинис Чајлд го снимија својот поголем деби сингл “Killing Time” за саундтракот на филмот Men in Black.

Наредната година, групата го издаде својот истоименуван деби албум, кој им го донесе нивниот прв поголем хит “No, No, No”. Со овој албум групата се докажа како способен изведувач во музичката индустрија, кој остварува умерени продажби и има освоено три награди Soul Train Lady of Soul за најдобар р&б/соул сингл за “No, No, No”, најдобар албум на годината, и најдобар нов р&б/соул или рап изведувач. Сепак, групата постигна вистинска слава откако во 1999 г. го издаде мултиплатинестиот албум “The Writing’s on the Wall”. Албумот влучува неколку од најпознатите песни на групата како “Bills, Bills, Bills”, првиот број еден сингл на групата, “Jumpin’, Jumpin’” и “Say My Name”, која стана нивната најуспешна песна во тоа време, и остана една од нивните клучни песни. Со “Say My Name” ја освоија наградата за Најдобра Р&Б Изведба од Дуо или Група со Вокали, и Најдобра Р&Б Песна на Греми Наградите во 2001 г. Албумот The Writing’s on the Wall се продаде во повеќе од седум милиони копии, албум со кој направија најголем пробив.

Заедно со нивните комерцијални успеси, групата стана заплеткана и во многу публицистички превирања вклучувајќи ги судските парници на Luckett и Roberson за прекршување на договорот. Проблемот се зголеми откако Michelle Williams и Farrah Franklin се појавија на спотот за Say My Name навестувајќи дека Luckett и Roberson се веќе заменети. Најпосле, Luckett и Roberson ја напуштија групата. По пет месеци, Franklin постепено почна да се губи од групата, како што беше очигледно по нејзините отсуства на промотивни појавувања и концерти. Нејзиното заминување таа го препиша на негативните вибрации во групата кои биле резултат на неслогата.

Откако се одлучи за конечниот состав, триото ја сними “Independent Woman Part 1”, која се појави на саундтракот на филмот од 2000 г., Charlie’s Angels. Овој сингл стана најдобар на листите, задржувајќи го врвот на официјалната американска листа- official U.S. singles chart, непрекинато цели единаесет недели. Успехот го зацврсти овој состав и го лансираше директно кон славата. Подоцна истата година, Luckett и Roberson го повлекоа случајот против новоформираниот бенд, но го остави оној против Mathew, чиј епилог беше двете страни да престанат јавно да се омаловажуваат. Третиот албум на Дестинис Чајлд, Survivor, го канализираше превирањето низ коешто поминаа, создавајќи го истоимениот главен сингл, кој беше одговор на искуството. Темите од “Survivor”, сепак, беа причина за Luckett и Roberson повторно да поднесат тужба, верувајќи дека песните биле насочени кон нив. Како и да е, судските постапки беа подмирени во јуни 2002 г. Во меѓувреме, албумот беше издаден во мај 2001 г., дебитирајќи на првото место на U.S. Billboard 200, со продадени 663,000 примероци. До денес, Survivor e продаден во преку десет милиони примероци низ целиот свет, од кои преку 40% беа продадени само во USA. Албумот создаде и други број еден хитови, како “Bootylicious”, и насловната песна “Survivor” која на групата и донесе Греми Награда за најдобра р&б изведба од дуо или група со вокали. По издавањето на нивниот празничен албум, 8 Days of Christmas, групата објави пауза за да продолжат со соло проекти.

2002–04: Развивање на кариерата и филмови