Футурама — американска анимирана научнофантастична комедија создадена од Мет Гренинг и развиена од Гренинг и Дејвид Х. Коен за телевизија Fox. Епизодите биле со авантурите на поранешен доставувач на пица од Њујорк, Филип Џеј Фрај, кој неколку секунди пред почетокот на Нова година 2000 бил замрзнат и одмрзнат за време на Нова година 2999.
Во Америка, серијата почнала да се емитува на 28.03.1999, а прекинала во 10.08.2003 на Fox. Потоа футурама повторно се емитувала на Cartoon Network од јануари 2003 до декември 2007, кога истекол договорот. Сега се емитува на Comedy Central. Серијата повторно оживеала во 2007 со четири долгометражни филмови, кои исто така биле покажувани на Comedy Central. Последниот бил објавен во почетокот на 2009. Подоцна Comedy Central ја оживува Футурама со 26 епизоди кој треба да се емитуваат во средината на 2020 година.^ Taylor, Timothy Dean. Strange Sounds: Music, Technology & Culture. pp. 104–105. ISBN 0-415-93684-5.
Comedy Central склучил договор со 20th Century Fox Television за да ги организира постоечките епизоди и да ги емитува филмовите како нови епизоди.^ a b c d e f g Cook, Lucius (2004-04-26). "Hey Sexy Mama, Wanna Kill All Humans?: Looking Backwards at Futurama, The Greatest SF Show You've Never Seen". Locus Online. Посетено на 2008-07-29.Gates, Anita (1999-01-24). "Groening's New World, 1,000 Years From Springfield". The New York Times. Посетено на 2008-06-13. Comedy Central почнал да ја емитува Футурама на 2 јануари 2008 година, и нови епизоди на 23 март 2008 година.^ a b "Leela's Homeworld". Futurama. Fox Network. 2002-02-17. No. 12, season 4.
Ликови
Други информации: Список на ликови во Футурама
Всушност, Футурама е комедија чиј заплет се случува околу Планет експрес - [компанија] за доставување и вработените во неа,^ "A Clone of My Own". Futurama. Fox Network. 2000-04-09. No. 10, season 2. 3 minutes in. мала група кој не се прилагодува кон општеството од иднина. Епизодите скоро секогаш ги истакнуваат дејствијата на тројцата главни ликови, Фрај, Лила и Бендер.
Филип Џеј Фрај (Били Вест)
Фрај е прост, недораснат, неуреден доставувач на пица кој е замрзнат само малку по полноќ на 01.01. 2000 година и се буди на Нова година 2999. Добил работа како доставувач на пратки во Планет Експрес, компанија на единствениот жив роднина, Професор Хјуберт Џеј Фарнсворт. Неговата љубов кон Лила е навестена уште од првата епизода, па сè до денес. За време на епизодата "Roswell That Ends Well", Фрај не сакајќи станал свој дедо. Ова предизвикало недостаток на делта мозочни бранови, поради кои бил имун на силите на Браинспон.
Туранга Лила (Кејти Сагал)
Лила е компетентна и едноока, капетан на бродот на Планет експрес.^ a b "Mother's Day". Futurama. Fox Network. 2000-05-14. No. 14, season 2. Напуштена како бебе, пораснала во сиропиталиште за деца и верувала дека е вонземјанин од друга [планета], но подоцна разбира дека е [мутант] од канализацијата.^ Verrone, Patric M (2003), DVD commentary for "The Sting", Futurama. Original airdate 1 јуни, 2003. No. 12, Season 4. 20th Century Fox. Пред да стане капетан на брод, Лила работела како службеник за доделување на работа во лабораторијата, каде што за првпат го видела Фрај. Таа е првата љубов на Фрај.
Бендер Бендинг Родригес (Џон Димаџо)
Бендер е пијаница, пуши пури, клептоман, мизантроп, егоцентричен, раздразлив робот. Иако првобитно бил програмиран да искривува греди за кабини за самоубиство, подоцна бил назначен за готвач на бродот и за време на филмот Bender's Big Score тој бил назначен за комерцијален директор на Планет експрес. Тој е најдобриот пријател на Фрај и негов цимер. Исто така, познато е дека сакал да биде пејач на народна музика и готвач. Тој бил направен во Мексико.
Професор Хјуберт Џеј Фарнсворт (Били Вест)
Професорот Хјуберт Франсворт е стар над 160 години, далечен внук на Фрај и е најблизок жив роднина.^ "When Aliens Attack". Futurama. Fox Network. 1999-11-07. No. 12, season 1. Фарнсворт ја основал Планет експрес за да се снабди со финансии за неговите луди научни експерименти и иновации. Тој се клонирал самиот себе за да создаде наследник, Кјуберт Франсворт, кој го третира како сопствен син.
Доктор Џон А. Зојдберг (Били Вест)
Зојдберг е јастог-вонземјанец од планетата Decapod 10 и е невротичен [лекар] на Планет експрес. Иако тврди дека е експерт за луѓе, неговото знаење за анатомија и физиологија на човекот е очајно недоволно. Зојдберг е бездомен, сиромашен и покрај што е долгорочен другар на Фарнсворт, сите го омаложуваат освен Фрај.
Ејми Вонг (Лорин Том)
Ејми е многу богата, отворена, разгалена и склона на незгоди, долгорочен практикант во Планет експрес. Таа е студентка по инжинеринг на Универзитетот на Марс и наследничка на западната полутопка од Марс. Иако е родена на Марс, таа е кинеска и склона на колнење на кинески јазик и користи жаргони од 31ви век. Нејзините родители се богати фармери, Лио и Инез Вонг. Иако најпрво игра улога на промискуитетна личност, најпосле открива трајна моногамска врска со Киф Крокер.
Хермес Конрад (Фил Ламар)
Хермес е од Јамајка и е сметководител во Планет експрес. Тој е бирократ на 37мо ниво (кој бил унапреден до ниво 34 за време на серијата), кој е горд на тоа, ситничар за паравила и целосно вљубен во монотонијата на канцеларсиката работа и бирократијата. Хермес исто така е поранешен шампион на Олимпиското лимбо, спорт добиен од популарната живост на журките, опишана како компетитивна во традицијата на попречувањето. Се откажал од лимбото кога млад навивач го што имитирал завршил со скршен пршлен за време на Олимписките игри во 2980 година. Жената на Хермес се вика Лабарбара, а синот Двајт кој има 12 години.
Зап Брениген (Били Вест)
Зап Брениген не вработен во Планет експрес, но често се појавува во Футурама. Тој е егоцентричен, неморален и неспособен капетан на бродот на Нимбус, демократски ред на планети. Тој е смешна имитација на Капетан Кирк од Вилијам Шетнер. Постојано ја брка Лила.
Киф Крокер (Морис Ламарш)
Четврт подофицер и личен асистент на Зап Брениген, Киф е член на видот водоземци, кој живее на соодвотно именуваната планета Амфибија 9. Иако е многу срамежлив, најпосле успеал да има врска со Ејми.
Ниблер (Френк Велкер)
Ниблер е милениче на Лила Ниблонијан, најдено во дивината и посвоено на почеток од серијата. Во големина е колку мачка, но може да изеде многу поголеми животни, и дава црна течност (гориво за вселенски брод). И покрај неговиот лажен сладок изглед, Ниблер, всушност е високо интелегентно суштество кој е одговорен за одржување на мирот во универзумот. Тој е откриен во "The Why of Fry" дека е одоворен за замрзнувањето на Фрај.
Футурама има повторливи мали ликови, многу од нивните гласови се позајмени од Били Вест, Џон Димаџо, Трес Мекнил, Дејвид Херман и Морис Ламарш.
Локација
Футурама е сместена во [Њујорк] во почетокот на 31ви век, во време каде што има многу технолошки чуда. Градот Нов Њујорк е изграден врз урнатините на денешен Њујорк, односно "Стар Њујорк”. Различни направи и [архитектура] се слични со Популукс дезајн.
Бројни технолошки подобрувања биле направени во периодот од денешниот ден до 31ви век. Можноста за да се чуваат глави во тегли била откриена од Рон Полил (кој бил гостин во епизодата "A Big Piece of Garbage") како последица на што биле многу историски ликови и денешни познати ѕвезди; ова станало изговор на авторот за да им се исмејува на познатите личности. Необично, неколку од зачуваните глави се од луѓе којшто веќе биле мртви пред појавувањето на оваа технологија. Еден од истакнатите примери од оваа аномалија е Ричард Никсон, кој умрел во 1994 година. Некои од нив се издадени за да вкллучи воспитен материјал наводно за млади. Телевизијата е сè уште главна форма за забава. Самосвесни роботи се вообичаена глетка и се главната причина за глобално затоплување, благодарејќи на нивните системи кои работат на алкохол. Колата е вон употреба (никој освен Фрај не се сеќава на дизајнот)^ a b Pinsky, Mark. The Gospel According to the Simpsons. Bigger and possibly even Better! edition. pp. 229–235. ISBN 978-0-664-23265-8. и била заборавена и заменета со летачки коли и мрежа од големи воздушни туби за транспорт.
Еколшки, обични животни сè уште постојат, заедно со мутирани, вкрстени (понекогаш со [човек]), мешани и вонземни животни. Бувовите биле заменети за стаорци како најчест штетник во домаќинството, иако стаорците уште постојат. Земјата сè уште страда од [јаглерод диоксид], но донекаде се намелени поради течењето на големата коцка мраз во океанот (кој се направила од Хелиевата комета).
Околината на Футурама е сценска позадина и [автор|авторите] не се обврзуваат да направат непрекинати грешки ако сакаат да продолжат со смешките. На пример, на почеток е кажано дека претходниот екипаж на Планет експрес бил убиен од вселенски оси, а во друга епизода "The Sting е кажано дека екипажот умрел од вселенски пчели.^ "Love's Labours Lost in Space". Futurama. Fox Network. 1999-04-13. No. 4, season 1. Околината од “Светот на иднината” е употребена за да истакнат и да исмејуваат проблеми од сегашноста и да исмејуваат теми од [научната фантастикa].<^ "Omniglot". Посетено на 2008-06-03.</ref>
Општенствен живот и кутура
Земјата е опишана како мултикултурна до степен каде што има многу луѓе, [робот|роботи] и вонземни суштества прикажани во серијата кои се дружат со главните личности. На некој начин иднината е опишана како повеќе општествена отколку сегашноста. Иднината е прикажана со истите видови на проблеми, предизвици, грешки и предрасуди на денешницата. Во серијата роботите се најголемото “малцинство”. Некои пак се опишани како богати членови на аристократијата, но често се сметани како граѓани од втора класа. Повеќето роботи се самосвесни и имаат дозвола за слобода и сопствена волја. Сепак, за време на криза, може да им се отстрани слободната волја кога нивниот “патроитски систем” е активиран, терајќи ги да им служат на луѓето или да служат во војската за време на војна.^ "The Day the Earth Stood Stupid". Futurama. Audio Commentary 11 minutes in. Мутантите од канализацијата се мутирани луѓе кои мораат да живеат во каналицациите според закон. Тие имаат статус како урбани легенди и се сметаат за фиктивни од страна на некои луѓе.
Религијата е сè уште важен дел во општеството, иако главните религии се развиле. Здружување помеѓу главните религиозни групи од 20 век произлегле во Првата амалгамирана [црква], додека пак Вуду е мејнстрим. Во нови религии спаѓаат Орфанизам, Роботологија и отфрлената религија од Стар трек фантом. Темата [религија] се појавува во епизодите Father Changstein-El-Gamal, Robot Devil, Reverend Preacherbot и праќаат пораки до Папата на вселената. Додека пак неколку епизоди се фокусираат на религиозниот аспект кои покриваат низа на теми како што се предестинација, молитва, спасение и религиозни разговори.^ "Space Pilot 3000". Futurama. Fox Network. 1999-03-28. No. 01, season 1. Audio commentary 20 minutes in.
Земјата има обединета влада на чело со Претседателот на Земјата – главата на Ричард Никсон (која се појавува од 2 сезона па сè до денес). Главниот град на Земјата е Вашингтон, а знамето е слично со дезенот на знамето од Америка со западната полутопка (опишано како “најдобрата полутопка” од професор Фарнсворт) од Земјата наместо местото на педесетте ѕвезди. Иако е обидинета со едиствена влада, приврзаници на патроитизмот сѐ уште постојат во некои поранешни земји као што е Јамајка. Сцените на Футурама се фокусирани на Американска земја, а други места во светот се ретко покажани. Англиски јазик е основен јазик во универзумот.
Демократскиот ред на планетите (ДРП) е фиктивна организација во универзумот на Футурама која е слична на Обединетите нации и Обединетите федерации на планетите од универзимот на Стар Трек. Други галаксии биле колонизирани или склучиле договор до 3000 година. Планетата Марс била претворена да личи на земја и таму се наоѓа Универзитетот Марс, како и племиња слични на Индијанците.
Јазик