Half-Life (англ. период на полураспаѓање) — серијал од научнофантастични пукачки видеоигри од прво лице кој се состои од две целосни игри, две епизодични игри и три раширувања од трети лица, како и бројни демоа со посебна содржина. Серијалот започна во 1998 година. Повеќето игри и раширувања во серијалот се изработени од Valve Corporation и издадени од Sierra Studios, со некои раширувања од Gearbox Software. Electronic Arts ја презема дистрибуцијата на серијалот од Sierra од 2005 година натаму. Серијалот е првично издаден за ЛС, но повеќето игри се издадени и за конзоли.

Главниот херој во серијалот Half-Life е Гордон Фримен, теоретски физичар и вработен во Истражувачкиот центар „Блек Меса“. Сите раширувања за првата игра имаат други играчки ликови покрај Фримен.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Игри на Valve Corporation Категорија:Научнофантастични видеоигри