thumb|Херкулес, позлатена бронза од 2 век п.н.е. (Капитолски музеи)

Херакле, Херкул (, ) — старобалкански полубог, син на Зевс и на смртната жена Алкамена.Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, стр. 384. Најстарите римски извори укажуваат дека легендата за овој јунак во Стариот Рим била преземена од Грција и таа се надоврзува на митскиот италијански овчар Рекаран или Гаран, познат по својата физичка сила. Покрај наследените митски и иконографски особини, римскиот Херкул се одликувал и со низа особини кои биле типично римски. Така, името Херкулес не е директно позајмено од грчкото име Херакле, туку претставува модификација на етрурското име Херкелер. Инаку, зборот Херакле буквачно значи „во слава на Хера“.

Опис Херкул најчесто е прикажан со наметка од лавовска кожа и топуз, а на мозаиците е со темен, исончан тен. Иако бил победник и голем воин, според митовите, Херакле бил способен и за измами и нечесни измами за да постигне победа. Бил познат по тоа што го направил светот побезбеден за човештвото, бидејќи уништил многу опасни чудовишта. Неговото жртвување за луѓето му обезбедило одобрување и заштита од боговите.

Животопис Според шестото пеење на епот „Енеида“, Херкул го ослободил Тезеј кој бил заробен во подземниот свет. Притоа, при влезот во подземниот свет, Херкул го совладал троглавото куче Кербер, врзувајќи го со синџир.Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 54.

Кога Херкул се оженил со Дејанира, кентаурот Несо ѝ се понудил да ја пренесе на својот грб преку една река, но притоа се вљубил во неа и се обидел да избега со неа. Сепак, Херкул го забележал и го ранил со отровна стрела. Тогаш Несо ја излажал Дејанира, убедувајќи ја дека Херкул ќе ѝ остане засекогаш верен ако му ја облече кошулата натопена со неговата крв. Кога Херкул ја облекол кошулата, се отрул затруената крв и умрел.Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 72.

Дванаесетте подвизи на Херакле мини|600x600пкс|Римски релјеф (3 век н.е.) што претставува низа од трудовите на Херакле. Од лево надесно: Немејскиот лав, Лернејската хидра, Еримантиската свиња, Керинејскиот елен, Стимфалиските птици, појасот од Хиполита, шталите на Ауги, Критскиот бик и кобилите на Диомед. Дванаесетте подвизи на Херакле се серија епизоди во врска со покајанието извршено од Херакле. Тие биле постигнати во служба на кралот Евристеј.

Немејскиот лав Лернејската хидра Еримантски вепар Керинејскиот елен Стимфалиските птици Шталите на Ауги Критскиот бик Кобилите на Диомед Појасот на Хиполита Говедата на Герион Златните јаболки на Хесперидите Троглавиот Кербер

Херкул во уметноста и популарната култура Херкул како тема во книжевноста „Херкул и топката“ — басна на старогрчкиот баснописец Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 92. „Полудениот Херкул“ (латински: Hercules Furens) — трагедија од Сенека. „Херакле и Антај“ — песна на ирскиот поет Шејмас Хини.Шејмас Хини, Песме. Београд: Цицеро, Земун: Писмо, Нови Сад: Матица српска, 1993, стр. 66-67.

Херкул како тема во филмот „Херкул: Легендарните патувања“ (Hercules: The Legendary Journeys) - американска телевизиска серија од 1995-1999 година.IMDb, Hercules: The Legendary Journeys (пристапено на 1.3.2016) „Херкул во Њујорк“ (Hercules in New York) - американски филм од 1970 година.IMDb, Hercules in New York (1970) (пристапено на 1.3.2016) „Херкул“ (Hercules) - американски филм од 1983 година.IMDb, Hercules (1983) (пристапено на 1.3.2016) „Херкул“ (Hercules) - американски анимиран филм од 1997 година.IMDb, Hercules (1997) (пристапено на 1.3.2016) „Херкул“ (Hercules) - американски филм од 2014 година.IMDb, Hercules (2014) (пристапено на 1.3.2016) „Легендата за Херкул“ (The Legend of Hercules) - американски филм од 2014 година.IMDb, The Legend of Hercules (2014) (пристапено на 4.3.2018)

Херкул како тема во музиката „Херкуловите столбови (враќање дома)“ (The pillars of Hercules (Homeocming)) - песна на Никола Коџабашија и групата „Фолтин“ од 2011 година.Kodjabashia & Foltin feat. Goce Stevkovski, Penelope X, LTM 001, 2011.

Поврзано Херакле (принц) — син на Александар Македонски Хераклеја

Наводи

Категорија:Старомакедонски богови Категорија:Старогрчки богови Категорија:Римски богови