Тикал (мајански: Tik’al) — едно од најголемите археолошки наоѓалишта на мајанската цивилизација, воедно и еден од најголеми поранешни мајански градови. Наоѓалиштето лежи во басенот Петен, во департманот Ел Петен во северна Гватемала. Тикал е дел од поголемиот „Национален парк Тикал“ и во 1979 година наоѓалиштето станало дел од Светското културно наследство на УНЕСКО.UNESCO World Heritage Centre.
Тикал бил главен град и најголем центар на едно од најмоќните мајански кралства.Sharer & Traxler 2006, стр јануари Hammond 2000, стр. 233. Иако архитектурата на наоѓалиштето датира од IV век п.н.е., својот подем Тикал го забележал во класичниот мајански период од 200 до 900 година. За време на овој период, Тикал бил доминантен во поголемиот мајански политички, економски и воен живот и имал контакти со останати средноамерикански кралства како на пример Теотивакан. Постои доказ дека Тикал во еден период бил освоен од Теотивакан во IV век.Martin & Grube 2008, стр. 29–32. Со истекот на доцниот класичен мајански период нови градби и монументи биле изградени во Тикал и постојат докази дека дел од палатите биле изгорени. Овие настани резултирале со намалување на населението за да во X век градот бил целосно напуштен. Тикал е еден од најдобро запознаените, проучени и разбрани мајански наоѓалишта со долг список на владетели, споменици и палати.Adams 2000, стр. 34.
Потекло на поимот thumb|лево|150п|Глифот за Тикал, „Мутул“.
Името „Тикал“ најверојатно потекнува од мајанскиот збор „ти акал“ („ti ak'al“) и се верува дека овој назив е релативно нов што во превод значи „на водната дупка“. Ова име е тесно сврзано со еден од античките резервоари на вода кој го дале разни патници и ловци од тој регион.Martin & Grube 2000, стр. 30. Покрај ова значење, се верува дека има и останати значења на поимот како на пример „место на гласови“ и ова толкување потекнува од ица јазикот. Како и да е, името на градот, Тикал, не е стариот назив на наоѓалиштето туку назив кој бил доделен веднаш по неговото откривање во 1840 година.Drew 1999, стр. 136.
Според мајанските натписи во наоѓалиштето, Тикал се именува како „Јаш Мутал“ или „Јаш Мутул“ што значи „прв Мутал“. Целото кралство каде Тикал бил главен град е познато како „Мутул“Sharer & Traxler 2006, стр јануари Точното значење на зборот не е познато, но истиот назив значи „снопче од коса“ и се поврзува со реповите на кралевите кои владееле со Тикал.
Историја
Предкласичен период
Во наоѓалиштето лежиат траги на рано земјоделство кои датираат уште од 1000 п.н.е.Webster 2002, стр. 262. Главните конструкции во Тикал биле започнати уште во доцниот предкласичен период, односно во периодот од 400 до 300 п.н.е. Меѓу овие рани конструкции се вбројуваат и пирамидите и платформите.Coe 1999, стр. 73. Во овој период Тикал учествувал во проширување на чиканелската култура која доминирала во централните и северни мајански предели, односно регионот од Јукатан до Белиз.Coe 1999, стр. 73, 80.
Во I век, Тикал започнал да зазема поголема политичка и културна моќ, период кога силните соседски градови започнале да се распаѓаат. На крајот на доцниот пред-класичен период, Тикал бил под силно влијание од архитектонскиот и уметничкиот стил на Изапа.Coe 1999, стр. 78.
Местоположба thumb|Карта на мајанската цивилизација. Тикал скоро е во центарот на мајанската цивилизација.
Најблиски денешни населени места до Тикал се Флорес и Санта Елена и се околу 64 километри југозападно од наоѓалиштето.Kelly 1996, стр. 111–2. Од Гватемала, Тикал е оддалечен 303 километри, 19 километри јужно од денешниот мајански град Уашактун, 30 километри северозападно од ЈашхаWebster 2002, стр. 118., 100 километри југоисточно од стариот соперник Калакмул и 85 километри од Каракол, кој денес е во Белиз.Webster 2002, стр. 188, 192.
Целото наоѓалиште е забележано на карта и има вкупна површина од 16 км2 каде се наоѓаат околу 3000 градби.Coe 1999, стр. 104. Околината на градот е составена од варвонички висорамнини, каде во долината се наоѓаат мочурливи површини. Целиот град и околината се заштитени од гвателамските власти и го сочинуваат „Националниот парк Тикал“ кој има вкупна површина од 570 км2.Kelly 1996, стр. 140.
Тикал се наоѓа во тропска шума во северна Гватемала каде е и лулката на низинската мајанска цивилизација. Самиот град се наоѓа на плодна почва и поради тоа најверојатно имало развиен трговски пат кон Јукатан.Webster 2002, стр. 261. Пределот е богат со капоково дрво кое е и свето дрво за Маите, потоа има тропски кедар и хондураска махагонија. Целиот предел со векови бил зашумен, сè до повторното откривање. Просечните годишни врнежи во Тикал се 1945 милиметри.Webster 2002, стр. 239.
Иако Тикал бил еден од најголемите мајански градови, самиот град водата за пиење ја снабдувал преку врнежите и со градење на резервоари. Со модерните археолошки ископувања се откриле ваквите мајански резервоари за собрирање вода. Во околината нема природни извори на вода, поголеми реки или природни езера. Градот опстојувал од земјоделството. Врнежите биле од исклучиво значење за земјодеството и биле главен извор за наводнување. Поради непостоењето на природни водени површини, сушите во пределот биле катастрофални што најверојатно довеле до падот на класичниот мајански период.
Население
За населението на Тикал се проценува дека изнесувало од 10.000 до 90.000 жители, каде најверојатно бројот бил поблиску до поголемата бројка. Поради слабата пристнуст на природен сол во регионот, се проценува дека Тикал морал да увезува 131 тон сол секоја година што се споредува со население од 45.000.Coe 1999, стр. 30.
Населението на Тикал започнало да се зголемува уште од предкласичниот мајански период, односно од 2000 п.н.е. до 200 година, кога својот најголем демографски подем е забележан во доцниот мајански период. Населението забрзано се зголемувало од 700 година па сè до 830 година, што следел голем демографски пад. Според проценките за населението и според проценките за површината на градот, густината на население на Тикал изнесувало околу 517 жители на километар квадратен. Оваа густина се зголемува ако се земе предвид и самата околина на градот.
Владетели
Династијата на Тикал била основана уште од I век и владеела со кралството околу 800 години и била составена од најмалку 33 кралеви.Martin & Grube 2000, стр. 25.
име прекарSharer & Traxler 2006, стр. 310-2Martin & Grube 2000 стр. 26-52. период династија редослед на владеење алтернативно имеЈаш Ехб Шок околу 90 г. 1 Јаш Моч Шок, Јаш Чактел ШокDrew 1999, стр. 187. Разлитен Јагуар околу 292 г. ? – Животинска Капа ? 10 ?Кинич Ехб ? Сииах Чан Кавил I околу 307 г. 11 – Дама Уне Балам околу 317 г. 12 ? – Кинич Муван Хол I ? –359 13 Манкина Птичју Череп, Пердувест Череп Чак Ток Ичак I 360–378 14 Јагуарска Шепа, Голема Шепа, Голема Јагуарска Шепа Јаш Нун Ајин I 379 –404 ? 15 Извиткана Муцка, Извиткан Нос Сијан Чан Кавил II 411–456 16 Бурно Нео Кан Читам 458 – околу 486 17 Кан Боат, Кан Ак Чак Ток Ичак II околу 486–508 18 Јагуарска Шепа II Дамата од Тикал Каомте Балам околу 511 – 527+ 19 Свиткана Глава Птичја Канџа ? 20 ? Животински Череп I Вак Чан Кавил 537 ? – 562 21 Двојна Птица Животински Череп околу 593–628 22 – Кинич Муван Хол II околу 628 – 650 23 или 24 – Нун Ухол Чак околу 650 – 679 25 Череп-штит, Нун Бак Чак Хасав Чан К'авил 682 – 734 26 Владетел А, Ах Какао Јукин Чан К'авил 734 – околу 766 27 Владетел Б, Јашкин Кан Чак, Сончев небесен дожд Владетел 28 околу 766 – 768 28 – Јаш Нун Ајин II 768 – околу 794 29 – Нун Ухол Кинич околу 800? 30? – Темно Сонце – 810+ 31? – Хевел Кавил – 849+ ? – Хасав Чан К'авил II –869+ ? –
Наоѓалиште thumb|Карта на централното градско подрачје.
Владата на Гватемала и Универзитетот од Пенсилванија делумно го обновиле наоѓалиштето. Тој бил еден од најголемите мајански градови од класичниот мајански период и воедно едно од најголемите наоѓалишта во Америка. Архитектурата на стариот град била изградена од варовник и вклучува остатоци од храмови кои се високи и по 70 метри, големи кралски палати и помали пирамиди, палати, куќи, административни згради, платформи и камени споменици.Drew 1999, стр. 183. Исто така постои и зграда која наликува на затвор, која имала дрвени решетки на прозорите и вратите. Во наоѓалиштето може да се најдат седум игралишта за познатата мајанска игра со топка.
Варовникот кој се користел за изградба на градот бил од локално потекло и се ископувал во непосредната близина на градот. Дупките кои биле создадени при ископувањето на варовникот биле користени како резервоари за вода, покрај природните резервоари на свежа вода кои ги користеле Маите. Главниот плоштад бил покриен со штукатура.Drew 1999, стр. 186.
Површината погодна за живеење на Тикал изнесувала околу 60 км2, од кој голем дел не е исчистена, забележана на карта и ископана. Површината околу самиот град е добро забележана на карта и најверојатно имала површина од 125 км2. Како што веќе наведовме, населението на Тикал се движело од 10.000 до 90.000 во градското подрачје, а со околината дури до 425.000 жители.
Галерија
Наводи
Користена литература
Поврзано Список на стари мајански градови Мајанска цивилизација Историја на Маите Гватемала Ел Зоц
Надворешни врски
Список на владетели на Тикал Археологија и архитектура на Тикал. Флора и фауна во Националниот парк Тикал. Официјално мрежно место на Националниот парк Тикал Дигитална архива на Тикал Опис на паркот и галерија на фотографии. Историја на откривањето на градот и археолошките ископувања во Тикал Тикал на страницата на УНЕСКО Виртуелна тура низ Тикал
Категорија:Мајански археолошки наоѓалишта Категорија:Светско наследство во Гватемала Категорија:Национални паркови во Гватемала Категорија:Населени места основани во 4 век п.н.е.