Грузија (грузиски: საქართველო), позната до 1995 како Република Грузија (грузиски: საქართველოს რესპუბლიკა) — е држава во Источна Европа.International Geographic Encyclopaedia and Atlas. Springer: 1979, p. 273Европски парламент, Resolution 2014/2717(RSP):"...pursuant to Article 49 of the Treaty on European Union, Georgia, Moldova and Ukraine – like any other European state – have a European perspective and may apply to become members of the Union..."" На запад, Грузија излегува на Црното Море, на север граничи со Русија, на југ со Турција и на исток со Азербејџан. Грузија опфаќа територија од 69.700 квадратни километри, а нејзиното население во 2017 година изнесувало околу 3.718 милиони. Главен град на државата е Тбилиси, додека службен јазик е грузискиот јазик. Грузија е унитарна парламентарна република, при што владата се избира преку посредна демократија.

За време на класичната ера, неколку независни кралства се формирале на територијата на денешна Грузија, како што се Колхида и Иберија. Грузијците официјално го прифатиле христијанството во раниот 4 век. Општото верување имало огромна важност за духовно и политичко обединување на раните грузиски држави. Обединетото Кралство Грузија ја постигнало својата златна доба за време на владеењето на кралот Давид и кралицата Тамар во 12 и почетокот на 13 век. Потоа, кралството било соочено со пат и на крајот се распаднало, паѓајќи под хегемонија на разни регионални сили, вклучувајќи ги и Монголците, Османлиите и последователните династии на Иран. Во доцниот XVIII век, источното грузиско царство Картли-Кахети направило сојуз со Руското Царство, што директно го анектирало царството во 1801 година. Руското владеење над Грузија на крајот било признато во разни мировни договори со Иран и Османлиите и останатите грузиски територии биле апсорбирани од страна на Руското Царство на поединечен начин во текот на XIX век. За време на Граѓанската војна по Руската револуција во 1917 година, Грузија накратко станала дел од Тракскавкаската Демократска Федеративна Република, а потоа стекнала и краткотрајна независност пред инвазијата на руската армија во 1921 година, со која била формирана влада на работничките и селански совети. Советска Грузија била вклучена во Транскавказската федерација која во 1922 година била една од основачките на Советскиот Сојуз. Во 1936 година, Транскавказската федерација била распуштена и Грузија станала формално дел од Советскиот Сојуз под името Грузиска Советска Социјалистичка Република. За време на Втората светска војна, речиси 700.000 Грузијци се бореле во Црвената армија против Германците. По смртта на советскиот водач Јосиф Сталин, роден во Грузија, започнал да се шири протест против Никита Хрушчов и неговите реформи за десталинизација, што довело до смрт на речиси стотина студенти во 1956 година.

До 1980-тите, Грузијците биле подготвени целосно да го напуштат постојниот систем. Движењето за независност довело до отцепување од Советскиот Сојуз во април 1991 година. Во поголемиот дел од следната деценија, постсоветската Грузија страдала од граѓански конфликти, војни во Абхазија и Јужна Осетија и економска криза. По Револуцијата на розите во 2003 година, Грузија продолжила со прозападната надворешна политика, насочувајќи се кон НАТО и европската интеграција, вовела низа демократски и економски реформи. Ова довело зацврстување на државните институции. Западна ориентација на земјата наскоро довела до влошување на односите со Русија, кулминирајќи во кратката Руско-грузиска војна во август 2008 година и поради територијален спор на Грузија со Русија.

Грузија е член на ООН, Советот на Европа и Организацијата на ГУМ за демократија и економски развој. Во неа се наоѓаат два де факто два независни региони, Абхазија и Јужна Осетија, кои добиле многу ограничено меѓународно признание по Руско-грузиската војна во 2008 година. Грузија и повеќето земји во светот ги сметаат регионите за грузиска територија под руска окупација.

Потекло на поимот thumb|left|120px|Свети Ѓорѓи - патрон на Грузија и по кого некои држави ја нарекуваат земјата Џорџија.

Самите Грузијци се нарекуваат „Картвелеби“ (ქართველები), нивната земја ја нарекуваат „Сакартвело“ (საქართველო и значи „место на Картвелите“) и нивниот јазик го нарекуваат „картули“ (ქართული). Според старите грузиски хроничари, предок на грузискиот народ е Картлос, правнук на библискиот Јефет.

Името „Сакартвело“ се состои од два дела. Коренот на зборот е kartvel-i (ქართველ-ი) што означува жител на источниот грузиски регион Картли.

Старите грчки и римски писатели ги именувале источните Грузијците како „Ибери“, додека западните Грузијци како „колхиди“.Braund, David. Georgia in Antiquity: A History of Colchis and Transcaucasian Iberia, 550 BC-AD 562, pp. 17-18

Македонскиот назив за државата најверојатно се презел од рускиот јазик (Грузия), кој пак потекнува од персиско-арапско потекло. Имено, сирискиот назив од 11 и 12 век за регионот бил gurz-ān или gurz-iyān. Исто така во записите на патописецот Ингатиј Солњанин од 1389 се споменува називот гурзи, додека пак кај Афанасиј Никитин се споменува терминот грузиска земја.

Во јуни 2011 година, владата на оваа земја ги повикала сите држави во светот кои го користат нејзиното име (Грузија) кое потекнува од руското говорно подрачје, да се откажат од него и да почнат да го употребуваат името од англиското говорно подачје - Џорџија. Според властите во Тбилиси, до сега тоа го прифатила само Јужна Кореја.Тбилиси го менува името на државата , www.netpress.com.mk

Историја

мини|лево|200п|Карта на Кралство Грузија.

Праисторија

Територијата на денешна Грузија била населена со Хомо еректус од палеолитската ера. Протогрузиските племиња за првпат се појавуваат во пишана историја во 12 век п.н.еPhoenix: The Peoples of the Hills: Ancient Ararat and Caucasus by Charles Burney, David Marshall Lang, Phoenix Press; New Ed edition (31 December 2001). Најраните докази за производство на вино до денес се пронајдени во Грузија, каде што биле откриени 8000 години стари винарии. Археолошките откритија и наводи во древните извори, исто така, откриваат елементи на рани политички и државни формации кои се одликуваат со напредни металургиски и златни техники кои датираат од 7 век п.н.е. Всушност, раната металургија во Грузија започнала во текот на 6 милениум п.н.е., поврзана со културата Шулавери-ШомуThomas Stöllner, Irina Gambaschidze (2014) The Gold Mine of Sakdrisi and Earliest Mining and Metallurgy in the Transcausus and the Kura-Valley System .

Антика

Во класичниот период бил забележан пораст на моќта на голем број грузиски држави, особено во регионот Колхида на запад и Иберија на исток. Во старогрчката митологија, Колхида претставувало место каде биле родени Ет и Медеја, и крајна цел во патувањето на Аргонавтите. Според грчката епска песна Агронаутика, напишана од Аполониј Родоски во 3 век п.н.е., Јасон патувал со Аргонаутите кон Колхида во потрага на Златното Руно"Christianity and the Georgian Empire" (early history) Library of Congress, March 1994, webpage:LCweb2-ge0015 .. Во 4 век п.н.е., основано е Кралство Иберија - прв пример за напредна државна организација под еден крал и аристократска хиерархија.

Откако Римската Република завршила со своето кратко освојување на територијата на денешна Грузија во 66 п.н.е., областа станала примарна цел во следните 700 години на Персија и Рим, во нивното геополитичко соперништво и војниRonald Grigor Suny. Armenia, Azerbaijan, and Georgia – "Christianity and the Georgian Empire". DIANE Publishing, 1 Apr 1996, p. 158. Од првите векови на новата ера, култот на Митра, паганските верувања и зороастризмот вообичаено се практикувале во Грузија. Во 337 година, кралот Миријан III го прогласил христијанството како државна религијаSketches of Georgian Church History by Theodore Edward Dowling The acceptance led to the slow but sure decline of Zoroastrianism,Dr Stephen H Rapp Jr. The Sasanian World through Georgian Eyes: Caucasia and the Iranian Commonwealth in Late Antique Georgian Literature Ashgate Publishing, Ltd., 28 Sep. 2014. p 160, давајќи голем стимул за развојот на литературата, уметноста и на крај одиграл клучна улога во формирањето на обединета грузиска нација. Прифаќањето довело до спорови, како и до сигурно опаѓање на зороастризмот, кое до 5 век од н.е., се чини дека станало нешто како втора религиозна религија во Иберија (источна Грузија), и таму било нашироко практикуваноRonald Grigor Suny. The Making of the Georgian Nation Indiana University Press, 1994 p 22.

Среден век Тао-Клардџети

Исчезнувањето на различните кралски династии од Иберија, како Гурамидите и Хосроидите, и преокупираноста на Абасидите во нивните сопствени граѓански војни и конфликти со Византија, довеле до раст на важноста на семејството Багратиони. Водачот на династијата Багратиони, Ашот I (р.813-826), кој се преселил во поранешните југозападни територии на Иберија, започнал да владее со Тао-Клардџети и го обновил кралството Иберија во 813 година. Синовите и внуците на Ашот основиле три одделни гранки, често се бориле меѓусебно и со соседните владетели. Преовладувала линијата Картли; во 888 Адарнасе IV (р.888-923) го обновил автохтониот кралски авторитет од 580 година. И покрај ревитализацијата на Ибериската монархија, останатите грузиски земји биле поделени меѓу соперничките власти, додека Тбилиси останал во рацете на Арапите.

Кралство Абхазија

Еден арапски упад во западна Грузија, предводен од Марван II, бил отфрлен од Лав I (р.720-740) заедно со неговите сонародници Лазич и ибериски сојузници во 736 година. Лав потоа се оженил со ќерката на Миријан, а неговиот наследник, Лав II, го експлоатирал овој династички сојуз за да се здобие со Лазика во 770-тите години. Успешната одбрана против Арапите и новите територијални придобивки им дале на властите на Абхазија доволно моќ да бараат поголема автономија од Византија. Кон околу 778 година, Лав II (р.780-828) ја прогласил својата целосна независност со помош на Хазарите и бил крунисан како крал на Абхазија. По добивањето на државната независност, проблемот со независноста на црквата станал главен проблем. Во раниот 9 век, Абхазиската црква се отцепила од Цариград и ја признала власта на католичката. Грузискиот јазик го заменил грчкиот јазик како јазик на писменост и култураAlexei Zverev, Ethnic Conflicts in the Caucasus; Graham Smith, Edward A Allworth, Vivien A Law et al., pages 56–58; Abkhaz by W. Barthold [V. Minorsky] in the Encyclopaedia of Islam; The Georgian-Abkhaz State (summary), by George Anchabadze, in: Paul Garb, Arda Inal-Ipa, Paata Zakareishvili, editors, Aspects of the Georgian-Abkhaz Conflict: Cultural Continuity in the Context of Statebuilding, Volume 5, 26–28 August 2000.. Најпросперитетниот период на царството бил помеѓу 850 и 950 година. Една жестока граѓанска војна и феудални револти што започнале во времето на Деметриј III (р. 967-975) го довеле царството во целосна анархија. Следувал период на немири, кој завршил кога Абхазија и источните грузиски држави биле обединети под една грузиска монархија, под раководство на кралот Баграт III (р.975-1014), во голема мера поради дипломатијата и освојувањата на неговиот претходник Давид III (р. 966-1001).

Обединета монархија

Развојот на феудализмот и борбата против заедничките освојувачи имало огромна важност за духовното и политичко обединување на феудалната монархија на Грузија под династијата Багратиони во 11 век.