Република Индонезија е поделена на покраини (provinsi). Покраините се сочинети од намесништва (kabupaten) и градови (kota). Покраините, намесништвата и градовите имаат свои локални управи и собраниски тела.

Покраини

Покраините (provinsi или propinsi) се највисоката локална административна поделба на Индонезија. Секока покраина има своја локална управа, предводена од управник и има сопствено правно тело. Управникот и членовите на локалните управи се избираат на секои четири години.

Индонезија е составена од 38 покраини, 9 имаат специјален статус.

Покраините официјално се групирани во 7 географски единици.ISO 3166-2:ID мини|центар|600п|Карта на покраините во Индонезија.

Намесништва

Градови

Окрузи

Окрузите (kecamatan) се единици на намесништвата (kabupaten) или градовите (kota). Окрузите се поделени на административни села и градски населби (kelurahan).

Села

Селото (desa) е најниското управувачко ниво на државната администрација на Индонезија. Тоа би можело да биде едно село или келурахан (kelurahan). Селото е предводено од месен челник (kepala desa), кој се избира со народно гласање. Келураханот е предводен од лурах (lurah). Селото е неадминистративно поделено во месните заедници кои управуваат со одреден број на домаќинства. Во Ачех, административниот поим село се нарекува гампонг (gampong).

Поврзано Географија на Индонезија Демографија на Индонезија Градови во Индонезија

Наводи