Историјата на Бугарија може да биде разделена на четири периоди: антика, среден век, заземање на територијата од страна на Османлиите и создавањето на модерна Бугарија.
Потекло на бугарската државност
Средновековна Бугарија
лево|thumb|200px|Бугарија за време на Симеон I Велики (893-927)
Бугарско Царство (бугарски јазик: Българско царство) е термин кој се користи за опишување на два периода од средновековната историја на Бугарија, во текот на кои таа била клучна регионална сила општо во Европа а посебно во Југоисточна Европа, којашто често се борела прoтив Византија. Двете бугарски царства не се сметаат како различни ентитети, туку како една држава која се обновила после периодот на византиското владеење на нејзината територија.
Прво Бугарско Царство
Првото Бугарско Царство или Дунавска Бугарија е држава ханство, а од крунисувањето на Симеон I Велики за цар - империја, на Прабугарите и Словените, која постоела на Балканскиот Полуостров и граничните на него делови од Југоисточна Европа од 680 до 971 година. Нејзин основач е кан Аспарух, кој по распаѓањето на Велика Бугарија доведува дел од прабугарските племиња во денешна Бесарабија и Добруџа, ги подчинува месните словенски племиња и ја принудува Византија да му плаќа данок во 681 година. Во прво време, главниот град е во Онг'ла, а понатака се востановува во Плиска, кон крајот на 9 век во Велики Преслав.John V. Fine - "The Early Medieval Balkan", University of Michigan Press, 1991, стр. 191„The Balkan Wars, 1912-1913“ by Jacob Gould Schurman (2005) published by Cosimo Classics, 2005, стр. 10„Europe“ by Norman Davies (1996) published by Oxford University Press стр. 320 & 1360Milan Loos - „Dualist heresy in the Middle Ages“, Springer, 1974, стр. 78
Најголемото територијално проширување Првата бугарска држава го достигнува во 9 век, кога кон првоначалните територии по Долен Дунав се присоединети области во Тракија и Македонија, делови од денешните Албанија, Србија и Романија, а исто така и дел од северните крајбрежја на Црно Море (до река Днепар). Во текот на истиот период настапува централизација на државното управување, таа е придружена со процес на асимилација и консолидирање на разнородните етнички групи од населението во средновековната бугарска народност, чијшто јазик се развива врз основата на словенскиот.Л. Иванов. История на България в седем страници. София, 2007. Во текот на 864-866 година за време на Борис I христијанството станува државна религија, што води до значителни промени во културниот живот на државата и таканаречениот Златен век на цар Симеон. Кај истиот владетел Бугарите праваат продолжителни, но безуспешни обиди да завладеат со главниот град на Византија Цариград.
Второ Бугарско Царство
Второто Бугарско Царство е средновековна бугарска држава која постоела во периодот помеѓу 1185 и 1396 година (или 1422). Таа претставувала директен наследник на Првото Бугарско Царство. Својот врв од нејзиното постоење државата го доживеала во времето на царот Калојан и Иван Асен II, пред истата да биде заземена од страна на Османлиското Царство кон доцниот 14 век и почетокот на 15 век.
Калојан, познат и како Ромеоубиец,„Kalojan, der Griechentöter", цар на Бугарија станал во 1197 година. Византискиот цар Алексеј III Ангел, склучил договор со Калојан. Според договорот, под власта на Калојан се нашла цела Северна Бугарија, Браничевската област и Белградската област, како и делови од Северна Тракија и Македонија. Во исто време, Браничевската област и Белградската област биле окупирани од страна на Унгарија. На 13 април 1204 година, крстоносците во текот на Четвртата крстоносна војна го зазеле Цариград. Веќе на 8 ноември бил склучен сојуз според кој папата ја дал титулата крал на Калојан (пониска титула од цар) и титулата примас на бугарски духовен татко, кој според папата одговарале на цар и патријарх. Царот Калојан во исто време потпишал заклетва според која тој се задолжил да ја признае Римокатоличката црква и нејзината надмоќ врз овие простори, со кои тој требало да се потчини на секое решение земено од страна на папата. Но со заземањето на Цариград од страна на крстоносците, на повеќепати биле нападнати бугарските територии. Така, царот Калојан испратил писмо до Балдуин Фландриски со предлог да се склучи договор за мир. Но царот ова не го прифатил, и борбите продолжиле. Така кон почетокот на 1205 година, Калојан склучил договор со византиската аристократија за заеднички воени походи против Латинското Царство.
thumb|right|230px|Бугарија во времето на Иван Асен II.
По смртта на Калојан, на негово место застанал Борил во 1207 година. Тој загубил голем дел од териториите на Бугарија, пред сè Пловдив, Белград, Браничево и Ниш. Во текот на 1217 година, во Бугарија се вратиле синовите на царот Иван Асен I, кои биле пречекани со големо воодушевување кај месното население. Царот Борил се засолнил во Трново, но во исто време ја изгубил поддршката од страна на своите сојузници и бил заробен. По ова, на бугарскиот престол се качил Иван Асен II. Иван Асен II ги добил и долгогодишните спорни територии на Белградската област и Бранчевската област. Таа негова политика на склучување на бракови чија цел била придобивање на територии, на Бугарија и осигурила сојузник и можеби привремено зачувување на мирот и стабилноста на земјата. Во негово време, бугарската држава се протегала на три мориња и била една од најсилните земји во Европа во тоа време.http://www.macedoniainfo.com/docs/BULGARIA-ASSEN-II.jpg Карта на Бугарија во времето на Иван Асен II Во текот на 1230 година, евентуалната офанзива од страна на Епир се оправдала по нападот на Теодор Комнин врз територијата на Бугарија. Двете армии се сретнале на 9 март 1230 година во Битката кај Клокотница. Бугарската војска успеала да и нанесе тежок пораз на Епирското Деспотство, чија војска била многу побројна. Во времето кога Жан де Бриен станал нов цар на Латинското Царство, Иван Асен II бил принуден да го поништи договорот со Римокатоличката црква, протерувајќи го трновскиот епископ Василиј којшто бил проримски настроен. Како одговор на тоа, Папа Григориј IX му наредил на унгарскиот крал Андраш II да ја нападне Бугарија. Унгарците го окупирале Белград и Браничево, но многу бргу претрпиле пораз. Царот Иван Асен II починал во 1241 година, по кое дошло крајот на напредокот на Второто Бугарско Царство.
Монголската инвазија за Балканските земји била катастрофална. Бугарија била принудена да плаќа даноци на Златната Орда. Во времето на Михаил II Асен (1246-1256), синот на Иван Асен ги загубил градовите Сер, Велбужд, Мелник, Скопје, Прилеп итн. на сметка на византијците. Бугарската држава загубила една третина од својата територија. Белград и Браничево биле заземени од страна на Кралство Унгарија. Јован Александар (1331-1371) успеал да ја прошири земјата на југ. Тој ја водел последната битка со империјата на Византија. Во времето на неговото владеење започнала инвазијата на Османлиите. Најпрвин, Османлиите на полуостровот навлегле во помали дружини на кој им било плаќано за да се борат. Во 1352 година, Османлиите ја зазеле првата тврдина на полуостровот, Цимпе. Следувале војните со Византија. По крајот на неговото владеење Второто Бугарско Царство се разделило на Видинско царство управувано од Иван Страцимир, Трновско царство управувано од Иван Шишман и Добруџанско деспотство управувано од страна на Добротица.
Во текот на 1362-1364 година, денешниот град Пловдив бил заземен од страна на Османлиите. По ова, Османлиите се насочиле главно кон западниот дел на Балканскиот Полуостров, каде по Битката на Косово поле во 1389 година ја зазеле Србија. Во 1393 година Османлиите го окупирале и зазеле по три месеци опсада Трново. Во следната година Османлиите го освоиле Добруџанското деспотство и градот Никопол, кое означува дека последниот град или територија од Трновското царство паднало во 1395 година. Во 1396 година паднало и Видинското царство. По паѓањето на Видинското царство бил ставен крај на Второто Бугарско Царство.
И покрај големото византиско влијание, сепак бугарските уметници и архитекти успеале да создадат посебен стил на уметност. Уметноста и литературата цветела во текот на 14 век, а голем дел од бугарското население било писмено.
Османлиска власт
Историјата на Отоманска Бугарија опфаќа период од речиси 500 години односно од османлиското освојување на малите бугарски царства произлезени од Второто Бугарско Царство во 14 век до ослободувањето на Бугарија во 1878 година по крајот на Руско-турската војна (1877-1878). Бугарските територии во рамките на османлиската административна поделба се наоѓале во Румелија во чиј состав се наоѓале неколку вилаети, секој управуван од еден санџакбег.
Во текот на османлиското владеење, народот на неколкупати кревал востание и бунтови но без голем успех. Во 1408 година избувнало востание на Константин и Фружин и истото било задушено дури во 1413 година. Во 16 и 17 век најголеми востанија биле Прво трновско востание (1598), Второ трновско востание (1686), Чипровско востание (1688) итн. Крајот на XVIII век и почетокот на XIX век во империјата започнала балканска побуна. Јаничарите од друга страна се спротивставувале на амбициите на султанот да воведе реформи во армијата. По распуштањето на јаничарскиот корпус бил воведен задолжителниот воен рок поради кое голем дел на бугарски трговци се збогатиле, биле изградени училишта, започнал да се изучува бугарскиот јазик а била прогласена и независност на бугарската црква во времето на Абдул Азис.
Во текот на 18 век период биле основани неколку револуционерни организации како Добродетелна дружина, Таен централен бугарски комитет, Бугарски револуционерен централен комитет, Бугарско општествоНиколова, В., Куманов, М., Кратък исторически справочник на България, Издателство „Народна просвета“, С., 1983, с. 120-121, Млада Бугарија и Ѓурѓевски револуционерен комитет. Овие организации го организирале Старозагорското востание и Априлското востание кои завршиле без успех.
Кнежевство Бугарија thumb|right|230px|Бугарија по Берлинскиот конгрес.
Почетоците на современата бугарска држава се тесно поврзани со Бугарската егзархија, Априлското востание од 1876, Цариградската дипломатска конференција од истата година и Руско-турската војна од 1877 - 1878 година. Војната ја започнала Русија со оправдување за „ослободување на христијаните на Балканот од турското ропство“ по Априлското востание, кое било крваво задушено. Големите сили веќе не верувале дека е можно без реформи да се зачуват мирот и добрите односи меѓу Турци и Бугари, али обидот тие да се помират со посебна конференција претрпел неуспех, бидејќи планот да се создадат два автономни реона со границите на Бугарската егзархија бил отфрлен од Османлиското Царство. По многуте жестоки битки и бројни жртви во луѓе и материјални средства, руската армија успева да ја истисне турската војска од поголемиот дел од нејзините територии на Балканскиот Полуостров, а во опасност била и престолнината Истанбул. Немајќи друг излез, Османска Турција ги прифатила најтешките можни услови за постигнување на мировен договор. Русија не ја завладеaла целата територија на Турција, зашто британската флота била пратена во Босфорот. Турција се согласила да ги отстапи Мизија, северна Тракија и поголемиот дел од Македонија. Овие територии требало да се вклучат во идната Бугарска држава, која требело да биде под силно политичко влијание на Русија.
На 3 март 1878 во местото Сан Стефано, во близината на Истанбул, бил потпишан познатиот Санстефански Договор, кој ги поставил темелите на идната бугарска држава скоро следејќи ја територијата на Бугарската егзархија. Овој договор не бил прифатен од Големите Сили поради стравот дека ваква голема словенска држава на Балканот би била слуга на руските интереси.