Јован Станојков (иќ) - Довезенски (8 април 1871 - ) — србомански деец и еден од првите војводи на Српскиот комитет на четничката акција во Македонија.
Животопис лево|мини|300п|Просрпските војводи Јован Довезенски и Мицко Крстевски и двајца четници. Тој бил роден во селото Довезенце, Кумановско. Основно училиште учел во манастир на старословенски. Потоа заминал за Србија и учел во гимназија, меѓутоа поради немање на пари морал да ја напушти, по што завршил богословско-учителска школа.
Бил учител во родниот крај. Во 1904 година, тој се приклучил на Српскиот комитет на четничката акција.
Довезенски бил меѓу првите српски војводи во Македонија и од тука имал силен авторитет меѓу четниците и војводите. Тој ја создал српската тајна организација од левата страна на реката Вардар.
Учествувал во Балканските војни и Првата светска војна.
Починал во 1935 година. Погребан бил во Куманово. Во Белград, во честа на Јован Довезенски, била именувана една улица. дясно|мини|Улица „Војвода Довезенски“ во Белград.
Извори
Категорија:Родени во 1873 година Категорија:Луѓе од Довезенце Категорија:Починати во Куманово Категорија:Македонски борци Категорија:Отомански Македонци Категорија:Македонци во Србија Категорија:Југословенски Македонци Категорија:Војводи на Српскиот комитет на четничката акција Категорија:Србомани