Роџер Федерер (германски: Roger Federer, Базел, 8 август 1981) e професионален швајцарски тенисер, моментен светски број еден, кој успеал да остане на АТП листата рекордни 237 последователни недели, а вкупно повеќе од 310 недела, што исто така претставува рекорд. Од 3 март 2019 тој е рангиран на четврти место од страна на Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП). Многу тениски критичари и негови колеги, го сметаат за најдобар тенисер на сите времиња.

Федерер е рекордер по бројот на освоени титули на Гренд слем турнирите, 20 (6 на Отвореното тениско првенство на Австралија, 1 на Ролан Гарос, 8 на Вимблдон и 5 на Отвореното тениско првенство на САД). Тој исто така има освоено и 15 турнири од АТП Мастерс серијата, 4 турнири од Мастерс серијата и златен медал во игра на двојки, заедно со Станислас Вавринка на Летните олимписки игри - 2008, одржани во Пекинг. Федерер држи и многу други рекорди, меѓу кои најзначајни се 10 последователни учества во финалните мечеви на Гренд Слем турнирите (од Вимблдон 2005 до Отвореното првенство на САД во 2007), како и 20 последователни учества во полуфиналните мечеви на Гренд Слем турнирите (од Вимблдон 2004 до денес). Тој, исто така е и тенисерот со најголем број на победи на трева (65) и тврда подлога (56) во историјата на отворената ера во тенисот. Со победата на Ролан Гарос во 2009, Федерер стана шестиот тенисер кој победил на сите 4 Гренд Слем турнири.

Благодарение на сјајните успеси, Федерер е избран за спортист на годината според списанието Ларус, 4 години по ред (од 2005 до 2008), а за истото признание бил номиниран и во 2004, но не успеал да го добие. Во 2009 година, АТП го избрал Роџер за најдобар играч на деценијата (2000-2009).Decade Reviwe - Players Во 2011 Федерер бил рангиран на 25. место на највлијателни славни личности според магазинот Форбс.Roger Federer - Forbes, Forbes.com. Retrieved June 6, 2011.

Федерер е оженет за поранешната тенисерка Мирка Федерер (родена Мирослава Вавринец), која работи како негов менаџер за односи со јавноста. На 23 јули 2009 тие ги добија нивните први деца - близначките Мајла Роуз и Шарлин Рива. Федерер има двојно државјанство: швајцарско и јужноафриканско.

Приватен живот Детство и личен живот left|200px|thumb|Федерер на Давидоф Свис Индоор во 2007 година. Федерер е роден во Бининген, во близина на Базел, во семејство на татко со швајцарско потекло Роберт Федерер, додека пак неговата мајка Линет Федерер потекнува од Јужноафриканската Република. Тој денеска има две државјанства - швајцарско и јужноафриканско.Für wen schlägt Federers Fussball-Herz? , Blick.ch, 11 September 2009 Пораснал во Мјунчестејн, во близина на Базел, во близина на француско-германската граница и како резултат на тоа Федерер зборува швајцарско германски, германски, француски и англиски јазик, но тој го смета германскиот за негов мајчин јазик. По религија бил растен како римокатолик и го сретнал папата Бенедикт XVI додека играл на Меѓунароното првенство во Италија (2006) во Рим. Како и сите машки персони во швајцарската федерација и Федерер бил принуден да оди и да и служи на швајцарската армија, но во 2003 бил принуден да се откаже поради проблемите кои ги имал со неговиот грб.

Федерер е во брак со поранешната тенисерка Мирка Вавринец (сега Федерер). Тие се сретнале додека заедно се натпреварувале за Швајцарија на Олимписките игри во 2000 година. Вавринец се пензионирала после турнејата во 2002 како резултат на повредата на стапалото и од тогаш таа работи како негов менаџер со јавноста. Нивната венчавка се случила на 11 април 2009, во Базел, на која биле поканети само мала група на луѓе во Венкехоф вилата (општина Риехен). На 23 јули 2009, Мирка ги раѓа нивните први деца - близнаци, Мајла и Шарлин Рива..

Достигнувања и хуманитарни акции

Федерер поддржува голем број хуманитарни акции. Во 2003 година ја основал Фондацијата Роџер Федерер за да им помогне на социјално и економски обесправените луѓе и за да го промовира спортот. Во 2005 година го ставил на аукција неговиот рекет со кој играл на Отвореното тениско првенство на САД за да им помогне на жртвите од ураганот Катрина. Во 2006 година бил назначен за амбасадор на добра војла на УНИЦЕФ. Оттогаш ги има посетено Јужна Африка и Тамил Наду, една од областите во Индија кои биле најмногу погодени од цунамито предизвикано од земјотресот во Индискиот Океан, во 2004 година. Тој исто така учествувал во кампањите на УНИЦЕФ за подигање на свеста кај народот за сидата. Во 2010 година, по земјотресот во Хаити, Федерер се договорил со дел од врвните тенисери, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ, Енди Родик, Ким Клајстерс, Серена Вилијамс, Лејтон Хјуит и Сем Стосур, да се откажат од последниот ден за подготовки за Отвореното тениско првенство на Австралија и да организираат посебен добротворен настан наречен „Погодок за Хаити“ и сите собрани средства да бидат за жртвите од земјотресот во Хаити. Бил назначен за млад глобален водач за 2010 година од страна на Светскиот економски форум како признание за неговото раководство, постигања и придонеси за општеството.

Тениска кариера

До 1998 година: Јуниорски години

Најзначајните постигнувања на Федерер како јуниорски играч се на Вимблдон, каде успеал го победил Иракли Лабаѕе со 6-4, 6-4 на натпреварот во поединечна конкуренција, а во парови заедно со Оливиер Рошу го поразиле тимот на Мајкл Лодра и Енди Рам со 6-4, 6-4. Во 1998 година, Федерер го изгубил турнирот на Отвореното тениско првенство на САД во јуниорска конкуренција против Давид Налбандиан со резултат 3-6, 5-7. Освоил четири други ИТФ натпревари во поединечна јуниорска конкуренција во неговата кариера, вклучувајќи го и престижниот Оринџ Боул каде го поразил Гуљелмо Кориа со 7-5, 6-3 во финалето. 1998 година ја завршил како број еден јуниор во светот.

Од 1998 година до 2002 година: Рана кариера во АТП thumb|right|125px|alt=Темнокос човек, облечен во бело, носи црвена торба на неговото десно рамо и црна на неговото лево.|Федерер на US Open 2002.

Турнирот во Гштaад во 1998 година бил првиот турнир на Роџер Федерер како професионалец, каде изгубил со 4-6, 4-6 од Лукас Арнолд Кер и не успеал да обезбеди настап меѓу последните шеснаесет. Првото одиграно финале на Федерер било во 2000 година на турнирот во Марсеј каде изгубил со 6-2, 3-6, 6-7 од неговиот сонародник, Швајцарецот Марк Росет. Федерер заедно со Мартина Хингис, претставувајќи ја Швајцарија, го освоил Хопман купот во 2001 година. Првата победа на Федерер била во 2001 година на турнирот во Милано кој се играл на затворено, каде го поразил Жулиен Бутер со резултат од 6-4, 6-7(7), 6-4. Во 2001 година, стигнал до првото Грен Слем четвртфинале на Отвореното тениско првенство на Франција и истата година стигнал и до четвртфиналето на Вимблдон поразувајќи го Пит Сампрас, шампионот кој четири пати ја бранел титулата. Најпрестижното финале до кое стигнал во овој период е финалето на Мастерсот во Мајами во 2002 година, каде изгубил од Андре Агаси со 3-6, 3-6, 6-3, 4-3 на тврда подлога. Во 2002 година Федерер го освоил првиот турнир од Мастерс сериите, Мастерсот во Хамбург кој се играл на земја, победувајќи го Марат Сафин со 6-1, 6-3, 6-4. Благодарение на оваа победа се нашол помеѓу првите десет тенисери. Во овој период од неговата кариера, од 1998 година до 2002 година, одиграл десет финалиња од кои на шест изгубил, а на четири победил. Од 1998 година до 2002 година, Федерер одиграл шест финалиња во парови. Значајни се поразот на Федерер и неговиот партнер Макс Мирни во финалето на Мастерсот во Индиан Велс во 2002 година и нивната победа во финалето на еден од турнирите на серијата 500 во Ротердам, кој се одиграл истата година. Претходната година Федерер го освоил турнирот во Ротердам заедно со партнерот Џонас Бјоркман.

Од 2003 година до 2006 година: Пробив и доминација thumb|left|200px|Роџер Федерер на Вимблдон 2005. Во 2003 година, Федерер ја освоил првата Гренд Слем титула во поединечна конкуренција, на Вимблдон, победувајќи го Марк Филипусис со 7-6(5), 6-2, 7-6(3). Федерер го освоил својот прв и единствен турнир во парови на серијата Мастерс 1000 во Мајами заедно со Макс Мирни и стигнал до финалето во поединечна конкуренција на турнирот од серијата Мастерс 1000 во Рим, кој се играл на земја и изгубил. Федерер успеал да стигне до девет финалиња на АТП турнејата и победил на седум од нив, вклучувајќи ги и турнирите од серијата 500 во Дубаи и Виена. На крајот, Федерер го освоил првенството кој се одигрува на крајот на годината, победувајќи го Андре Агаси.

Во текот на 2004 година, Федерер освоил три Гренд Слем титули во поединечна конкуренција за првпат во неговата кариера и бил првиот кој го направил тоа по Матс Виландер во 1988 година. Неговата прва Гренд слем титула на тврда подлога била на Отвореното тениско првенство на Австралија каде го победил Марат Сафин со 7-6(3), 6-4, 6-2. Потоа ја освоил неговата втора титула на Вимблдон поразувајќи го Енди Родик со 4-6, 7-5, 7-6(3), 6-4. Во 2001 година, Федерер го поразил шампионот на Отвореното тениско првенство на САД, Лејтон Хјуит, со 6-0, 7-6(3), 6-0 и ја освоил првата титула на ова првенство. Федерер освоил три турнири од АТП серијата Мастерс 1000. Едниот се играл на земја во Хамбург, а другите два се играле на тврда подлога во Индиан Велс и Канада. Федерер го освоил и АТП турнирот од серијата 500 во Дубаи и ја завршил годината со победа по вторпат на првенството кој се игра на крајот на годината.

Во 2005 година, Федерер не успеал да стигне до финалињата на првите два Гренд Слем турнири, губејќи во полуфиналето на Отвореното тениско првенство на Австралија од шампионот Сафин и во полуфиналето на Отвореното тениско првенство на Франција од шампионот Рафаел Надал. Сепак, Федерер многу брзо ја докажал неговата доминација на трева освојувајќи го првенството Вимблдон со победа над Енди Родик од 6-2, 7-6(2), 6-4. На последното Гренд Слем финале, финалето на Отвореното тениско првенство на САД, Федерер го поразил Андре Агаси со 6-3, 2-6, 7-6(1), 6-1. Федерер освоил четири турнири од АТП серијата Мастерс 1000: Индиан Велс, Мајами и Синсинати на тврда подлога и Хамбург на земја. Покрај тоа, Федерер освоил два турнири од АТП серијата 500 во Ротердам и Дубаи. Во финалето на првенството кој се одигрува на крајот на годината, Федерер изгубил од Давид Налбандиан.

Во 2006 година, Федерер ги освоил титулите на трите Гренд Слем турнири во поединечна конкуренција, а во финалето на Отвореното тениско првенство на Франција изгубил од Надал со 1-6, 6-1, 6-4, 7-6(4). Ова била нивната прва средба на Гренд Слем финале. Федерер го победил Надал во финалето на првенството Вимблдон со 6-0, 7-6(5), 6-7(2), 6-3, што го означува почетокот на нивното соперништво. На Отвореното тениско првенство на Австралија, Федерер го победил Маркос Багдатис со 5-7, 7-5, 6-0, 6-2, а на Отвореното тениско првенство на САД, Федерер го поразил Родик, шампионот од 2003 година, со 6-2, 4-6, 7-5, 6-1. Покрај тоа, Федерер стигнал до шест финалиња на АТП серијата Мастерс 1000, од кои победил на четири кои се играле на тврда подлога, а од Надал изгубил на две кои се играле на земја. Федерер го освоил турнирот од АТП серијата 500 во Токио и по третпат во неговата кариера го освоил првенствотоо кој се игра на крајот на годината.

2007 - 2009 година Во 2007 година, Федерер стигнал до финалињата на сите четири Гренд Слем турнири и победил на три од нив. Го освоил Отвореното тениско првенство на Австралија, победувајќи го Фернандо Гонсалес со 7-6(2), 6-4, 6-4, на Вимблдон по вторпат го поразил Рафаел Надал со 7-6(7), 4-6, 7-6(3), 2-6, 6-2 и Отвореното тениско првенство на САД го освоил победувајќи го Новак Ѓоковиќ со 7-6(4), 7-6(2), 6-4. На Отвореното тениско првенство на Франција, Федерер изгубил од Надал со 6-3, 4-6, 6-3, 6-4. Федерер стигнал до пет финалиња на АТП серијата Мастерс 1000, но победил само во Хамбург и Мадрид. Федерер го освоил турнирот во Дубаи од серијата 500 и го освоил првенството кој се одигрува на крајот на годината.