Лера е планински врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.197 метри. Се наоѓа на крајниот јужен дел на главното планинското било на Шар Планина, при што претставува претпоследен врв на главниот срт на протегање на Шара. Претставува, четврта - КТ4 контролна точка на Првата - западна македонска планинарска трансверзала, последна на Шар Планина. Веднаш под неговата стрмна источна падина постојат неколку извори на вода заради што тука често се поставува и последниот камп со шатори на Шар Планина во рамки на Првата - западна македонска планинарска трансверзала. Западната падина е блага тревната косина која се спушта како висорамнина се до долината на Аџина Река и Торбешки Мост на спојот со масивот на Кораб од каде е еден од можните пристапи до врвот. До врвот Лера исто така може да се пристапи по подолго пешачење од шумовитите предели на Бунец и Кожа Планина над селото Дуф преку врвот Морава на југозапад, а на југоисток од Горно Јеловце преку тревнатите пасишта на Зендел-бег планина. Постои истомено битолско село Лера, чие што именување можеби се поврзува со влашкото номадско сточарството.

Категорија:Врвови во Македонија Категорија:Врвови на Шар Планина