Музеј на Министерството за финансии и јавниот долг () — ликовен музеј во градот Мексико, Мексико. Сместен е во Архиепископскиот дворец, изграден во 1530 г. од калуѓерот Хуан де Сумарага врз темелите на разурната пирамида посветена на ацтечкиот бог Тескатлипока. Во 1867 г. во зградата се вселило Сметководственото одделение на Министерството за финансии на Мексико. Подоцна објектот е отстапен на музејот кој има голема уметничка збирка и артефакти посветени на богот.

Наводи

Надворешни врски Страница на музејот

Категорија:Музеи во Мексико (град) Категорија:Археолошки наоѓалишта во Мексико Категорија:Ацтечки градови