Хлорамфениколот претставува антибиотик со широк спектар на дејство кој делува на голем број грам позитивни и грам негативни бактерии.

Од Светската здравствена организација се смета како едно од основните лекарства за најголемиот дел од популацијата.

Механизам на дејство Хлорамфениколот е бактериостатик кој ја инхибира синтезата на белковини во бактериската клетка врзувајќи се за 50S рибозомската подединица.

Несакани ефекти Најсериозен несакан ефект од употребата на хлорамфеникол е апластична анемија.

Инравенска примена на хлорамфениколот кај новороденчиња е поврзана со појава на т.н. синдром на сиво бебе. Овој феномен се случува бидејќи новороденчињата сè уште немаат целосно функционални хепатални ензими (т.e. UDP-гликуронил трансфераза), па така хлорамфениколот останува неметаболизиран во организмот.

Историја Хлорамфеникол првично потекнува од бактеријата Streptomyces venezuelae, изолиран од Дејвид Готлиб. Воведен е во клиничка пракса во 1949 година, под заштитното име Chloromycetin. Бил првиот антибиотик кој се произведувал синтетички во големи размери.

Надворешни врски University of Pennsylvania

Категорија:Антибиотици Категорија:Неопходни лекови според Светската здравствена организација Категорија:Амфениколи Категорија:Отологици